Chloé Eau de Parfum Naturelle носи свеж мирис на органска роза во Chloé Signature линијата. Парфемот е вегански и формулиран со 100% природни состојки. Содржи есенции од етичко потекло и природно добиен алкохол.
Елегантна, автентична и свесна е жената која го носи овој парфем!
Зрачејќи со модерен мирис на органска роза, Chloé Naturelle е неодолив цветен парфем за жени, кој ги поврзува силата и спонтаноста на природата со жената со слободен дух. Елегантна – без напор, но автентична и свесна, таа живее во хармонија со природата која ја развеселува и инспирира. Овој свеж и женствен парфем е вкоренет во природата за здрава луксузност која резонира со начинот на живот на Chloé жената. Слободно прснете на зглобовите и вратот за да откриете целосна експресија на грациозната сила на природата.
View this post on Instagram
Органската роза ќе ве потсети на спокоен, природен амбиент кој смирува и го буди духот!
Вегански и формулиран со состојки од 100% природно потекло и природно добиен алкохол кој ќе ве облие со цветна свежина преку целиот ден. Секој нежен шепот на органската роза ќе ве потсети на спокоен, природен амбиент кој смирува и го буди духот.
Chloé Eau de Parfum Naturelle е создаден од парфимерот Michel Almairac. Амблемот на парфемите од Chloé Signature линијата отсекогаш била свежата роза. Рачно набрана и етички добиена, органската роза е главна состојка на овој парфем. Мирисот се отвора со воздушеста и женствена аура, надополнета со нероли од Мароко. Деликатната есенција на кедар се испреплетува со зелените акценти на црната рибизла за наметлив дух, додека нотите во основата додаваат моќен дрвенест аспект. Сензуалната мимоза го истакнува карактерот на мирисот и ги издигнува цветните ноти во срцевината.
Слободна, автентична и природна – Lucy Boynton заштитно лице на парфемот!
Рекламната кампања е отелотворена преку Lucy Boynton – 26 годишна британска актерка. Lucy ја гледаме во повеќе рекламни кампањи на брендот Chloé, но најпозната е по улогата во филмот Bohemian Rhapsody. Во црно-белиот филм Lucy игра слободна, автентична и природна жена.
Chloe Signature Naturelle со дизајн кој лесно ќе се лизне во вашата чанта!
Овој парфем доаѓа во стаклено шише и картонско пакување направено од рециклирани материјали. Елегантниот и безвременски дизајн лесно ќе се лизне во вашата чанта.
Chloe Signature Naturelle е достапен во шишенца од 30, 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.