Црвен кармин отсекогаш е класик и така ќе остане засекогаш. Се работи за боја на кармин што никогаш нема да излезе од мода. Но, секој црвен кармин не е ист и не секој црвен кармин одговара на секого. Сепак, постојат некои универзални црвени нијанси кои изгледаат убаво на секој тен. Пронајдов една таква нијанса од брендот Maybelline која ме привлече со квалитетот, но и со прифатливата цена.
Класична, интензивна црвена нијанса со ладни подтонови!
Станува збор за кармин во нијанса „Red for me“. Тоа е класична црвена нијанса, интензивна, со ладни подтонови. Овој кармин е дел од колекцијата Color Sensational Made For All Lipstick. Има вкупно седум универзални нијанси кои можат да ги носат сите. Финишот на овие кармини е сатенски, малку сјаен. Овој кармин нема да биде толку долготраен како некои течни кармини, но сепак ќе трае на усните, а ќе биде поудобен од течните мат кармини кои ги сушат усните.
Добар избор ако во потрага по црвен кармин!
После мало тестирање, излезе дека овој кармин на Maybelline е доста добра замена за Dior Rouge Forver нијансата со број 999. Цената на карминот Dior е над 2000 денари, додека овој кармин на Maybelline чини околу 400 денари. Би рекла дека прилично е добра понуда која вреди да се искористи ако во моментов сте во потрага по црвен кармин.
Како правилно да го нанесете црвениот кармин?
Црвениот кармин, како и многу други потемни кармини, има тенденција да навлезе во ситните линии околу усните. Затоа, пред да нанесете црвен кармин, усните треба да ги исцртате со црвен молив за усни. Ова ќе спречи карминот да се размачка надвор од линиите на усните. Дополнително, за црвениот кармин да изгледа беспрекорно, на усните треба да направите пилинг пред нанесувањето. Само кога ќе го направите сето тоа, можете да бидете сигурни дека црвениот кармин ќе изгледа прекрасно и ќе трае долго.