Ако водите активен живот и ако ви се нижат бројните дневни обврски кои од вас бараат да изгледате одлично во секој момент, тогаш најмногу ви требаат совети за брзо и ефикасно шминкање со што е можно помалку мејкап производи. Затоа, следете ги чекорите за да постигнете Foxy eye мејкап изглед на очите, користејќи сенки за очи и маскара.
Foxy Eye Look
Foxy eye мејкап изгледот веќе е многу популарен меѓу славните личности, како што се Bella Hadid, Megan Fox, Kendall Jenner и многу други. Изгледа софистицирано и заводливо, многу лесно и брзо се креира.
Кои производи ви се потребни за да го создадете овој мејкап изглед?
Сè што ви треба за да имате мачкасти очи, но без помош од линијата на тушот за очи (која на многумина тешко им паѓа да ја нацртаат) е палета со сенки за очи во која доминираат кафеави и беж нијанси и само едно нанесување на маскара за волумен и подигнување на трепките.
Чекор по чекор до Foxy Eye Look!
Чекор 1
Започнете со шминкање со мешање на темни и светли мат нијанси од палетата на сенки. Потоа со помош на четка извлечете линија до крајот на окото што ќе оди скоро до почетокот на веѓата за да направите поголем шпиц. Потоа од истата нијанса нанесете на остатокот од целиот очен капак за да направите мачкаст шпиц.
Чекор 2
Измешајте темно кафеава и црна сенка и нанесете ја со многу тенка четка веднаш до коренот на трепките, како кога нанесувате туш за очи.
Чекор 3
Нежно поврзете ги двете нијанси од последните два чекори, а потоа користејќи ја истата четка направите мал шпиц на внатрешната страна на окото.
Чекор 4
Нанесете кафеава сенка на долната линија од окото за да не биде премногу темна долната линија. Потоа започнете со блендирање, односно нежно спојување на сите нијанси. После тоа, сè што ви треба е да нанесете маскара.
Брзо, ефективно, заводливо и лесно, зарем не?
Напишете во коментари како се одвиваше креирањето на вашиот Foxy мејкап изглед!