Карминот е мејкап производ без кој ретко можете да го замислите својот ден. Толку многу го сакаме што не ни пречи ритуалот на нанесување на карминот одново и одново. Дури и стравот од размачкување или формирање на грутки, што често не прогонува, не е доволен да не спречи да го нанесуваме омилениот кармин. Сепак, кога ќе заборавиме на сите грижи, мора да признаеме дека понекогаш најтешко e да ја пронајдеме вистинската нијанса за себе.
Бидејќи карминот ја има таа моќ да ни го разубави денот во секунда, добро е да знаете дека вашиот хороскопски знак може да ви го олесни изборот. Во продолжение за малку да се забавувате, споив различни нијанси на кармини со карактерните особини на секој хороскопски знак.
Овен
Вашата нијанса на кармин е црвена. Храбриот и амбициозен Овен секогаш сака да биде на прво место, поради што црвениот кармин одлично им одговара. Класикот кој никогаш нема да излезе од мода, црвениот кармин совршено ја претставува страсната личност на Овенот.
MAC Ruby Woo нијансата на кармин е идеален пример. Оваа нијанса на боја на цреша им одговара на скоро сите благодарение на синиот подтон.
Бик
Вашата нијанса на кармини е „taupe“ – темно-сиво-кафеава боја. Биковите уживаат во смирувачка, рустикална околина, па сосема е логично нивната нијанса да биде неутрална, но топла.
Нешто како карминот во нијанса Very Victoria на брендот Charlotte Tilbury, ќе направи чуда на еден Бик. Покрај тоа, овој кармин содржи состојки за заштита, омекнување и хидрирање на усните, кои се совршени за смирувачката природа на Бикот.
Близнаци
Вашата нијанса на кармин е праска. Близнаците се многу зафатен и некои велат дека им е потребен клон за да можат да стигнат да направат се што ќе помислат. Двојната природа на Близнаците најдобро ќе се рефлектира преку светлата нијанса на праска.
NARS Cosmetics сјајот за усни во нијанса Outrage е праскеста нијанса со идеална количина сјај за Близнаците.
Рак
Вашата нијанса на кармин е пудресто розова. Оние кои се родени во знакот на рак се нежни и емпатични и без напор ја препознаваат енергијата што е околу нив.
Urban Decay карминот за усни во пудресто розова нијанса Backtalk е неутрален, но со мала доза на боја. Нема да останете незабележани.
Лав
Вашата нијанса на кармин е златна. Оваа нијанса не е за плашливи. За среќа, Лавот е бестрашен огнен знак за кој се знае дека сака да биде во центарот на вниманието, а дали постои подобар начин да блесне со сјајни, златни усни?
Кармин од брендот Pat McGrath во Blitz Gold нијанса точно ќе покаже колку Лавовите сакаат да се забавуваат.
Девица
Вашата нијанса на кармин е „rosewood“ нијансата. Темно, портокалово-кафеаво-црвена, rosewood нијансата совршено одговара на овој земјен знак.
Карминот како што е Clove Matte Liquid Lipstick на брендот Kylie Cosmetics, совршено ќе се спои со Девиците.
Вага
Вашата нијанса на кармини е корална. На слатката и хармонична Вага потребен и е мек сјај на коралите.
Затоа, надополнете го вашиот изглед со нијансата Corail Intuitive на брендот Yves Saint Laurent. Таа на вистински начин ќе ласка со вашиот тен и сите околу вас ќе ја забележат разликата.
Шкорпија
Вашата нијанса на кармин е богата, темно виолетова. На Шкорпиите им е потребна темна и смела нијанса затоа што се многу страствени.
Вамп виолетова како нијансата Purple Temptation од брендот Lancôme е совршена нијанса што треба да си го најде своето место во секој козметички несесер на Шкорпиите.
Стрелец
Вашата нијанса на кармин е боја на слива. Слично на Шкорпиите, на оние во знакот на Стрелец им одговараат виолетови нијанси, но од сосема други причини.
Познати по своите интелектуални и духовни авантури, Стрелците ќе биде задоволни со кармин во нијанса Bohemian Plum на брендот Terry Terrybly.
Јарец
Вашата нијанса на кармини е мат-кафеава. Јарците се добро избалансирани индивидуи, вешти во снаоѓањето низ сите ситуации во кои се наоѓаат и го обожаваат класичниот изглед.
Земјениот тон на мат-кафеавата боја што се наоѓа во течниот кармин True Grit на брендот Smashbox добро ќе одговара на овој знак.
Водолија
Вашата нијанса на кармини е сина. Сината можеби не е за секого, но оваа неконвенционална нијанса одлично одговара на Водолијата.
Grand Illusion, сјаен течен кармин од брендот MAC во нијанса Lunar Module, совршено ќе одговара на овој знак со дух на мистичен исцелител.
Риби
Вашата нијанса на кармин е Барби розова. Рибите припаѓаат на водните знаци кои постојано се наоѓаат некаде помеѓу светот на имагинацијата и реалноста. Потребен им е кармин кој исто така е сензационален како нив, а тоа е Барби розовиот кармин.
Изберете Watermelon Pink нијанса на кармин од брендот Smashbox за смел акцент на усните.