Крема за околу очи Lancôme Advanced Génifique
Кожата околу очите е 40% потенка и повеќе подложна на надворешни влијанија отколку остатокот од лицето. Ова може да го објасни фактот зошто многумина од нас бескрајно го бараат најдобриот крем за очи што ќе хидрира, ќе обезбеди измазнетост и осветлување на кожата.
Кога станува збор за производи за нега на очи, нашите барања се повеќекратни и треба да бидат, особено кога знаеме колку е важна негата на пределот околу очите. Но, благодарение на постојаните иновации во бјути индустријата, станува сè полесно да го пронајдеме токму она што го сакаме. Така, Lancôme Advanced Génifique Yeux ќе биде хит производ за сите оние кои без напор сакаат да го осветлат просторот околу очите.
Advanced Génifique за најсвеж изглед на кожата околу очите!
Во денешниот свет кога носењето маска стана неизбежен дел од нашето секојдневие како видлив дел од лицето, нашите очи доаѓаат до посебен израз. Делот од лицето што ја изразува нашата сила и емоции исто така е нежен и чувствителен.
Кога Lancôme го претстави серумот Advanced Génifique во 2019 година, започна нова ера на ефективна нега на кожата, вклучително и науката за микробиомите. Со лансирањето на новата формула на крем за очи Advanced Génifique, што е резултат на повеќе од 60 научни студии, Lancôme повторно ги надминува границите. Тоа е крем што го обожаваат славни дами, а вашата кожа ќе го засака.