Машкиот мирис Roma Uomo Green Swing на Laura Biagiotti е инспириран од енергијата на голфот, како посвежа верзија на познатата мирисна линија Roma Uomo.
Посветен на активниот начин на живот!
Со Roma Uomo Green Swing, брендот го прославува 44-тото издание на Ryder голф купот, а домаќин ќе биде клубот Marco Simone Golf & Country каде што е седиштето на модната куќа.
Roma Uomo Green Swing е мирисот што Laura Biagiotti го посвети на активниот начин на живот, како нова граница на машката елеганција. Класичниот Roma Uomo, историскиот парфем кој е мирисен потпис на стилот на Biagiotti за мажи уште од 1992 година, се приклучува на светот на голфот за кој модната куќа има вистинска страст. Всушност, Laura Biagiotti го основаше клубот Marco Simone Golf & Country Club, кој ќе биде официјален домаќин на 44-тото издание на Ryder купот.
View this post on Instagram
Зелената е боја на надежта! Трева е зелена, шишето е зелено, природата е зелена!
Green Swing во својот нов изглед е посветен на активниот начин на живот! Машкиот мирис од Laura Biagiotti ќе стане задолжителен за сите оние на кои им е потребен енергетски поттик од бергамот и кардамон.
Green Swing е мирис со срце на здравец, лисја од љубичица и зрно тонка, анимирани од лесна свежина на горчлива сладост на дуња и нежен зачинет допир на кардамон и бергамот. Освежителната зелена композиција се потпира на мазната дрвенеста основа од кашмир, мошус и кедар.
Шишето на Roma Uomo облечено во зелена боја за специјална пригода!
Roma Uomo Green Swing е дизајниран за мажи кои се рафинирани и елегантни по дефиниција и имаат страст за голф и спорт воопшто. Мажи кои се чуваат до иконското шише кое одекнува на столбовите на Пантеон, но овој пат во светло зелена верзија.