Учењето како да се нашминкате од тинејџерски денови до денес за многумина може да се опише како метод на обиди и грешки. Кога ќе погледнете во минатото и кога ќе се потсетите на некои од вашите мејкап изданија, добро ќе се изнасмеете. Секоја грешка во шминкањето не учи нешто ново. Помага да се усовршиме во справувањето со производите и техниките за шминкање. Сега веќе знаете што одговара на вашето лице, а што не, која шминка ви се допаѓа, а која најдобро да ја избегнувате.
Мејкап навика која додава години старост на вашето лице!
Сепак, сè уште може многу да научите, да ги подобрите вештините и да ги пронајдете најдобрите совети од богатото искуство на познатите мејкап артисти. Една мала мејкап навика која сигурно ја практикувате, а која непотребно додава години старост на вашето лице, ќе ви откријам во продолжение!
Популарната baking техника омилена кај многу Инстаграм ѕвезди!
Се работи за популарната baking техника омилена кај многу Инстаграм ѕвезди. Оваа техника се применува на оние „критични“ делови од кои сакаме да го апсорбираме вишокот на маснотии и кои дополнително сакаме да ги осветлиме – пределот под очите, под контурите на образите, на брадата или на носот, но никогаш не на целото лице!
Прво се нанесува коректор, а потоа се фиксира со пудра. Оваа техника буквално делува како камуфлажа за било какви траги од замор околу очите или темни кругови, создавајќи мазно и беспрекорно платно за понатамошно нанесување на шминка.
Сепак, со baking техниката може да изгледате 10 до 15 години постаро!
Како доаѓа до овој несакан ефект? Ќе ја откријам клучната грешка! Малата мејкап навика на нанесување на компактна пудра за фиксирање над коректорот е причина за постигнување на непосакуваниот ефект.
Затоа, наместо компактна пудра ви предлагам да нанесете лесна пудра во прав. Компактната пудра е многу тешка и има тенденција да го исуши лицето и да го создаде непосакуваниот ефект на маска. Покрај тоа постои голема шанса да оксидира – да ја промени бојата и да се вовлече во фините линии, оставајќи впечаток на брчки околу очите кои вообичаено ги немате.
View this post on Instagram
Подобар избор е пудрата во прав!
Затоа, секогаш подобар избор е пудрата во прав. Проверете дали пудрата е доволно лесна, направете тест со дување во кутијата со пудра. Ако се подигнат честички пудра во воздухот, доволно се лесни и нежни за пределот околу очите. Наместо со сунѓер, пудрата во прав секогаш нанесувајте ја со четка, за да не претерате со количината.
Избор на пудри во прав што можеби ќе го привлече вашето внимание!