- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Почетокот на секоја сезона е најдобро време за нови предизвици, нови модни парчиња, производи за убавина, рутини за нега на кожа, но и најфини парфеми. Низ деновите и месеците, често низ социјалните мрежи ги забележуваме и посакуваме мирисите што ги носат нашите омилени славни дами или Инстаграм девојки. Понекогаш нашите колекции на мириси едноставно не се доволни и посакуваме да ги надополниме со некоја новина. Во секој случај, низ долгите работни денови, состаноци и дружење со пријателите или семејството сакаме да не придружува прекрасен мирис што нема да испари веќе напладне.

парфеми

Парфемите придонесуваат да се чувствуваме подобро и посигурно!

Долготрајните парфеми што не придружуваат преку ден и долго во текот на ноќта придонесуваат да се чувствуваме подобро и посигурно додека ги извршуваме сите наши секојдневни обврски. Затоа ни се потребни парфеми кои ќе бидат издржливи и ќе создадат миризлив облак околу нас и додека се забавуваме доцна во ноќта. За среќа, има многу долготрајни мириси од оние со цветни ноти до оние со мошусни и земјени ноти, а секој што е во ваша близина ќе може да ги почувствува.

Најтрајните парфеми поради кои секогаш ќе добивате комплименти!

Мирисот што ќе го одберете може да ви помогне да ја комплетирате комбинацијата на облека, да ја истакнете вашата личност и да си дадете дополнителна доза на свежина. Парфемот е како зачин со кој можеме да го одредиме расположението за претстојниот ден. Но, понекогаш тој исчезнува пред да излеземе од дома! Дали некогаш сте се запрашале зошто некои парфеми траат подолго од другите? Изработката на мирисот и состојките во формулата играат голема улога во долготрајноста на мирисот. Парфемот се создава како поетска мешавина од природни состојки и формира молекуларен систем на состојки што создава структура која се состои од горни, средни и основни ноти.

парфеми пирамида

- Реклама -

Обрнете внимание на неколку состојки кои придонесуваат за подолго траење на мирисот!

Кога ќе го купувате следниот мирис, експертите велат дека би било добро да се обрне внимание на неколку состојки кои често придонесуваат за подолго траење на мирисот. Најтрајните мириси обично се варијации на состојки како што се: дрво, мошус и смола кои создаваат основа на кожата што ќе го продолжи времетраењето на мирисот за шест или повеќе часа. Друг клучен фактор е концентрацијата на есенцијални масла во мирисот. Парфемите често содржат 20 до 25 проценти миризливи масла, за разлика од тоалетните води, кои имаат значително помала концентрација на есенцијални масла. Колку е повисока концентрацијата на миризливи масла во парфемот, толку е поинтензивен и долготраен.

Неколку од најдолготрајните парфеми!

Во продолжение ви препорачувам неколку од најдолготрајните парфеми кои ќе се чувствуваат во текот на целиот ден.

Lancôme Idôle Aura

Idole Aura

Giorgio Armani My Way Intense

My Way Intense

Yves Saint Laurent Black Opium Extreme

Black Opium Extreme

Narciso Rodriguez For Her Pure Musc

Pure Musc For Her парфеми

Tom Ford Black Orchid

Black Orchid

Thierry Mugler Angel MuseAngel Muse парфеми

Lancôme La Vie Est Belle Intensement

La Vie Est Belle Intensement

Dolce & Gabbana The Only One

The Only One парфеми