Ако постои мејкап производ со кој никогаш не сме 100% задоволни, тоа би била течната пудра. Со различни нијанси, текстури и финиши, тешко е да се исполнат нашите критериуми за совршена течна пудра. Можеби сте ја нашле онаа со совршена текстура, но ја нема вашата нијанса и обратно. Затоа ви откривам 6 производи за убавина кои можете да ги мешате со течна пудра, со што ќе ја направите поубава, хидрантна и со здрав изглед! Некои од нив сигурно ги имате во вашиот козметички несесер.
Што се можете да додадете во течната пудра?
На почетокот, само да разберете: никогаш не додавајте некој друг производ во целото шише со пудра, бидејќи тоа ќе ја расипе течната пудра! Нанесете количина на пудра за едно нанесување на чиста дланка или на палета за шминкање и само во таа количина на пудра додадете го саканиот дополнителен производ.
#1 Серум
Користењето на серум во рутината за нега е клучен чекор во било кој режим, но дали знаевте дека можете да го додадете во вашата рутина за шминкање? Ако помешате две капки од омилениот серум во малку течна пудра што ќе ја нанесете веднаш, ќе направите огромна разлика за тенот! Хидрирана кожа со здрав изглед која изгледа убаво во текот на цел ден.
Серумот исто така може да го користите како прајмер, пред да нанесете пудра, но многу побрзо е да го искористите овој совет за мешање на серум и течна пудра!
#2 Масло за лице
Маслото за лице е омилен производ на сите со проблемот на сува кожа, или ако живеете во област со постудена клима. Маслото за лице ја навлажнува и ја потхранува кожата, додека истовремено ја репарира. Ако помешате капка или две од вашето омилено масло за лице во течна пудра, ќе добиете лизгава конзистентност која лесно се бленда во кожата и дава природен, dewy изглед.
Ова е идеално за пудри кои се потешки, мат и со поголема покривност за да ја разредите и „олабавите“ нивната текстура.
#3 Крем за лице
За да добиете полесна и dewy завршница на вашата пудра, измешајте еден дел крем за лице со два дела на течна пудра. Ова исто така е трик за добивање обоен крем, кој наутро може да ви заштеди многу време.
Совет: Имајте на ум дека маслото и водата не се мешаат, затоа проверете дали кремот и пудрата се на водена или маслена база.
#4 Пудра во прав
Постојат два начина на кои можете да измешате течна пудра и пудра во прав. Првиот начин е да нанесете малку транспарентна пудра во прав на лицето, пред да нанесете течна пудра. Овој трик е идеален за секој со мрсна кожа. Ова ќе го контролира лачењето на маснотиите и ќе го матираат тенот без „cakey“ изглед.
Друг начин е да помешате малку пудра во прав со течна пудра на рака, за да добиете кадифена завршница на пудрата. Овој трик овозможува беспрекорен тен, без дополнителен слој на пудра во прав, кој може да делува премногу видливо и тешко.
#5 Течен илуминатор
Направете ја вашата мат течна пудра светкава и „свечена“ со мешање на неколку капки од течен илуминатор со онолку пудра колку користите за едно нанесување. Ќе добиете светкава пудра која изгледа поздраво и ова е идеален трик за свечени прилики. Не грижете се – нема да заблескате како диско топка се додека користите една капка илуминатор за едно нанесување.
#6 Капки за затемнување или просветлување на течна пудра
Го знаете чувството кога се враќате од море или од планина, а вашата течна пудра веќе не одговара на вашата нијанса? Губење е пари да купите нова пудра само за еден месец употреба. Затоа, идеален производ за оваа ситуација се капките за затемнување или просветлување на пудрата. Ова е професионален вид на производ, но може да се најде и во парфимериите. Вака можете да ја прилагодите течната пудра на моменталниот тен на вашето лице без да ја менувате формулата или финишот на пудрата!