Ariana Grande е жена со многу таленти, од нејзината супер-успешна музичка кариера и работата како тренер во музичкото шоу „The Voice“, се до добивањето на главна улога во претстојната филмска адаптација на Wicked. За сите оние што ја пратат нејзината кариера не е изненадување што таа на нејзиното импресивно резиме додаде линија за убавина наречена R.E.M. Beauty.
View this post on Instagram
Колекција инспирирана од вселената, гарантирано добро ќе се продава!
Да, добро прочитавте! Ariana Grande, една од најголемите ѕвезди, ги следи стапките на познатите колешки како Rihanna, Selena Gomez, Lady Gaga со лансирање на сопствена линија за убавина. Луксузната R.E.M. Beauty колекција, инспирирана од вселената е како еден од жестоките, вселенски поп-албуми на Ariana Grande. Таа е огромна обожавателка на научно, вселенски работи, затоа создаде научно-фантастични производи за очи, усни и лице со уникатни пакувања на нејзините производи.
View this post on Instagram
Не сакав производите да изгледаат како обична шминка!
„Јас имав визија за мојата линија и на крајот испадна токму онаква каква што сонував да биде. Сакав да се осигурам дека сè ќе изгледа како реквизит од Star Trek или Black Mirror или нешто слично. Не сакав да изгледа како обична шминка“ – вели Ariana.
„За името на брендот ја избрав мојата омилена песна R.E.M. од мојот албум Sweetener од 2018 година. R.E.M. претставува брзо движење на очите: фокусирање на соништата и фокусирање на очите, бидејќи тие се нашите најефективни комуникатори. Можете повеќе да кажете преку начинот на кој некого гледате, отколку тоа да го артикулирате со зборови“ – вели Ariana.
Поглавје 1: Ултравиолетово!
Ariana откри дека R.E.M. Beauty ќе лансира нови производи во неколку етапи. Првото издание го нарече Поглавје 1: Ултравиолетово.
12 производи потребни за вашите усни и очи!
Првото поглавје на производи за шминкање содржи 12 производи кои имаат за цел да ги покријат сите неопходни мејкап алатки што некогаш ќе ви бидат потребни за вашите усни и очи. Во ова издание ќе најдете молив за очи и туш за очи во вид на фломастер – At the Borderline, маскара за волумен и маскара за издолжување на трепките – Flourishing, потоа 3 нијанси со палети на сенки за очи, 11 нијанси на течни светкави сенки за очи и 10 нијанси на течни мат сенки за очи – Midnight Shadows. Колекцијата продолжува со 2 сета на вештачки трепки – Dream Lashes, 9 нијанси на волуменски сјаеви за усни и 6 нијанси на мат кармини – On Your Collar. За крај доаѓаат проѕирниот волуменски сјај за усни – Utmost Importance, 4 нијанси на траен фломастер за усни – Practically Permanent и 10 нијанси на хајлајтер – Interstellar.
Што е следно?
Што се однесува до тоа што е следно за R.E.M. Beauty, Ariana потврди дека течните пудри и коректорите се на пат. Затоа, останете во тек за второто поглавје!
Каде може да се најдат?
R.E.M. Beauty мејкап производите инспирирани од вселената можете да ги најдете на официјалната веб страна на козметичкиот бренд на Ariana Grande.