Создавањето на совршена подлога која ќе ги покрие сите ситни несовршености е тајната на секој добар мејкап изглед. Секоја жена се стреми да создаде изедначен тен на лицето, кој ќе и даде дополнителна доза на самодоверба. Моќното мејкап дуо за создавање на беспрекорен тен се состои од коректор и течна пудра. Коректорот обезбедува прецизна покривна моќ, додека вториот член на моќното дуо – течната пудра обезбедува изедначен изглед на целото лице.
Течните пудри се класици кон кои постојано се враќаме!
Од сезона во сезона, познатите брендови за убавина лансираат нови пудри со иновативни додатоци во формулите со цел создавање на совршена пудра. Последниве години уживавме во тестирањето на крем пудри во стик, воздушести пенливи пудри и лесни ББ и ЦЦ креми, но течните пудри се проверени класици кон кои постојано се враќаме.
Пудри што ќе ги најдете во најблиската парфимерија!
Со се поголемата понуда на мејкап брендови кои нудат производи со одличен квалитет и иновативни формули, покрај прифатливата цена најголема предност е тоа што може да се пронајдат на полиците во најблиската парфимерија.
Го нудат сето она што го посакуваме од една совршена пудра!
Отсекогаш велам дека течната пудра е еден од оние мејкап производи во кои секогаш вреди да се инвестира. Но, течните пудри на брендовите со прифатливи цени, со текот на времето станаа толку добри и го нудат сето она што го посакуваме од една совршена течна пудра. Нежни за кожата, со заштитен фактор, збогатени со хранливи состојки…
Додека некои од нас бираат лесни пудри кои се фаворити во летната сезона, многумина посегнуваат по течни пудри кои се истакнуваат со голема покривна моќ.
Кои се најдобрите течни пудри со голема покривна моќ?
За вас ги издвојувам најдобрите течни пудри со голема покривна моќ кои ќе создадат изедначен тен на вашето лице, но без чувство на тежина.
Max Factor Lasting Performance
Течна пудра со висока покривност. Има ултра густа и прекривна формула која одговара на повеќето типови на кожа. Lasting Performance е најпродавана течна пудра од Max Factor.
Bourjois Always Fabulous
Течна пудра со голема покривна моќ, со витамин Е и со хијалуронска киселина, која длабоко ја хидрира кожата. Нуди 24ри часовна постојаност и е безмасна. Има заштитен фактор СПФ 20.
Rimmel Lasting Matte
Добивате целосна покривност и контрола на сјајот за кожата. Пенливата формула се трансформира во пудрест финиш која овозможува хидратација и избалансирана кожа до 12 часа. Можете да уживате во мат изглед кој ќе трае.
Rimmel Lasting Finish 25h
Инстантна перфектна покривност која трае цел ден со чувство на пријатност кога ја носите. Лесно се впива во кожата и ја прави совршена. Отпорна е на влага и топлина. Пудра која не остава трага и трае до 25 часа.
Deborah 24 Ore Extra Cover
Обезбедува одлична покривност и целосно ги камуфлира сите несовршености. Резултатот е завиден тен на лицето. Неверојатно е пријатна на кожата, лесно се нанесува и совршено ја измазнува, без да остава траги.
Bell HYPOAllergenic Long Lasting Drop
Течна пудра која овозможува висока покривност и има импресивна издржливост. Лесната формула оптички ги измазнува ситните брчки без да ги исуши. Погодна за сите типови на кожа. Богата со минерали на морска вода и екстракт од семе од тиква, кои имаат смирувачки ефект и ја прават оваа пудра идеална за секојдневно шминкање.
Aura Cover Me
Течна пудра за совршено прекривање на сите недостатоци со водоотпорна формула која трае и до 24 часа! Содржи заштитен фактор СПФ 20. Кремастатата формула овозможува лесна и рамномерна примена за постигнување на совршен тен. Одлично ги прекрива сите неправилности, вклучувајќи ги темните кругови околу очите, акни, дамки, флеки и мали лузни.
Catrice HD Liquid Coverage
Оваа пудра обезбедува висока, но природна покривност и се чувствува исклучително лесно на кожата. Обезбедува мазен и беспрекорен тен. Ултра течната текстура е исклучително квалитетна и долготрајна.
Maybelline SuperStay 30h
Кога станува збор за течна пудра со висока пигментација, но природен финиш, оваа удобна мат пудра ефективно го трансформира изгледот на вашата кожа. Се одликува со формула без масло која не ги затнува порите.
Seventeen Time Plus
Долготрајна, течна пудра за супериорно покривање и заштита од штетните ефекти на сонцето. Погодна за сите типови кожа. Ултра лесна, без мрсна текстура, за врвен мат финиш. Специјално дизајнирана формула збогатена со пчелин восок, со СПФ 15 за заштита од штетните ефекти на сонцето.
Make up Factory Ultra Coverage
Течна пудра со многу висока покривност. Благодарение на високата пигментна густина ги покрива сите несовршености на кожата, а мазната текстура дава визуелно рамномерен тен на кожата.