Хајлајтерот е мал волшебник во секој козметички несесер и само за еден миг го трансформира лицето, давајќи му го потребниот сјај. Поради незаменливиот хајлајтер лицето навистина изгледа помладо и истовремено дава впечаток дека блеска од здравје.
Шминкерите на познатите личности неретко зборуваат за тоа дека хајлајтерот за лице е неизбежен мејкап производ кога станува збор за црвениот тепих, а за многу од нас тоа е неопходен мејкап производ за секојдневна рутина за убавина, бидејќи на лицето му дава доза на потребно освежување.
Хајлајтерот се нанесува на крајот од шминкањето, но многу е важно добро да се изблендира за лицето да изгледа изедначено со остатокот од шминката. Без оглед на тоа за кој хајлајтер ќе се одлучите овој производ ќе направи одлична „работа“ на вашето лице, само важно е да ја пронајдете идеалната нијанса.
Ако сеуште ја немате вашата нијанса, време е да ја пронајдете и да блеснете! Хајлајтерите кои може да ги пронајдете во вашата најблиска парфимерија се одличен избор и доказ дека не мора да одвоите многу пари за да блеснете.
View this post on Instagram
Издвоив неколку хајлајтери кои ќе изгледаат прекрасно на секого!
Aura Glorious Cheeks Highlighter
Финиширајте го вашиот изглед со овој хајлајтер кој содржи голем процент на ефективни пигменти и дава седефаст сјај. Нанесете го со четка на врвот на јаболчниците, по должина на носот, над усните, под веѓите, на врвот на брадата и челото.
Bell HYPOAllergenic Fresh Glow Highlighter
Бисерните пигменти на овој хајлајтер прекрасно ја истакнуваат кожата, давајќи ѝ уникатен изглед, правејќи ја апсолутно блескава. Кожата ќе изгледа свежа и опуштена.
Wet n Wild MegaGlo Liquid Highlighter Halo Gorgeous
Овој течен хајлајтер дава блескав сјај благодарение на блескавите бисерни пигменти. Хидратантната формула помага во измазнување на текстурата на кожата. Ќе изгледате блескаво – дури и по непроспиена ноќ.
Max Factor Miracle Sculpting Wands Highlighter
Овој хајлајтер го прави склуптурирањето и хајлајтирањето лесно за нанесување. Мекиот и нежен апликатор овозможува едноставно нанесување со ефективен резултат. Се препорачува да почнете од челото, потоа јаболчниците и на вилицата.
Bourjois Delice De Poudre Highlighter Palette
Благодарение на комбинацијата од четири чоколадни нијанси на оваа палета хајлајтер, вашата кожа ќе изгледа совршено. Текстурата лесно се прилагодува на кожата, а изгледот е перфектен.
Bourjois Le Petit Strober Highlighter
Универзален хајлајтер за истакнување и контурирање на лицето. Нежната и мека текстура постигнува ефект на блескав изглед на лицето.
Kiko Milano Ultimate Glow Highlighter
Текстурата на овој хајлајтер веднаш се прилагодува со кожата, обвивајќи ја во свилен превез со ефект на росна боја. Хајлајтерот е лесен за нанесување и вистински сојузник кој ќе ви даде блескав изглед на шминката.
MAC Soft & Gentle Mineralize Skinfinish Highlight
Овој хајлајтер го води мејкап изгледот на повисоко ниво. Нанесете го со сува четка за природен изглед, но можете да го аплицирајте со четка испрскана со FIX+ за интензивен металик изглед.
Lancôme Teint Idole Ultra Wear Highlighter
Овој хајлајтер во форма на стик совршено одговара за секоја пригода. Можете да го нагласете својот изглед со само едно нанесување. Формулата е кремаста и со исклучителна пигментација, која му дава постојаност на вашиот изглед. Нанесете го во пределот на јаболчниците и надоградете го интензитетот за софистициран и храбар изглед.
Yves Saint Laurent Couture Highlighter
Поради иновативната технологија овој хајлајтер има ултра лесна, кадифена, но богато пигментирана текстура која нуди висок сјај. Нанесете го на места кои сакате да ги истакнете.