- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

По речиси една деценија топли сенки и неутрални нијанси кои доминираа во светот на шминката, изгледа како да се вратија металните ладни тонови. Затоа, решив да ви го претставам Chromecore трендот и 10 идеи за сребрена шминка. Мејкап изгледите што ги пронајдов за вас се идеални кога одите на забава или едноставно сакате да го зачините вашиот секојдневен изглед.

Од дијамантски маникир до блескавите очи на Maddy во серијата Euphoria, сребрената шминка е насекаде. Со други зборови, време е да ја извадите целата светкава шминка и сериозно да се зафатите со неа.

Враќањето на сребрената сенка потсетува на деновите на глам рок и диско. Денешната сребрена шминка сè уште го има истиот забавен етос, но изгледот на шминката има голем опус – од лесна и погодна за носење до целосно смела и интензивна шминка. Ако сте подготвени да го зграбете Chromecore трендот, проверете ги овие 10 идеи за сребрена шминка каде сенките за очи играат клучна улога.

Едноставна сребрена сенка!

Колку е лесно да се постигне, толку е и шик – едноставна сребрена сенка секогаш е во тренд. Нанесете ја концентрирајќи се на внатрешниот агол на окото и намачкајте ја преку очните капаци. Со помош на четка за детали, нанесете ја сенката на долната линија на трепките. Остатокот од шминката нека биде едноставна – додајте забавни трепки и кармин во нуд или нежна нијанса.

Chromecore сребрена шминка идеална за излегување

- Реклама -

Сребрено крило!

Сребреното крило на очите изгледа изненадувачки добро и прилично е едноставно за постигнување. Направете класично црно мачкино око и користете го како шаблон, ставајќи сребрена облога директно на врвот. Користете мицеларна вода за да ги исчистите рабовите и да направите многу остри крилја. Овде може да помогне водоотпорниот туш за очи во бисерно сребра боја, но исто толку лесно можете да користите и сребрена сенка за очи измешана со малку вода.

Chromecore сребрена шминка идеална за излегување

Сребрени smoky eyes!

Тешко дека ќе погрешите со класичниот smokey eye ефект. Сè што ви треба за овој изглед е светкава сребрена течна сенка, светкава црна сенка во прав и црн туш на водната линија и по линијата на трепките.

Chromecore сребрена шминка идеална за излегување

Микс од црна и сребрена!

Комбинацијата на црна и сребрена боја е многу ефикасно и моќно дуо. Овој микс е совршен за дневни и вечерни варијанти, во зависност од количината на шминка, но и мејкап изгледот што сакате да го постигнете.

Chromecore сребрена шминка идеална за излегување

Сребрени циркони!

Сигурна сум дека не можете да погрешите со сребрени циркони. Крајниот резултат е магична и смела шминка која е идеална кога одите на забава.

Chromecore сребрена шминка идеална за излегување

Сјајни сребрени очи!

За да го оживеете Chromecore трендот, пробајте сенка во сребрена нијанса. Единственото нешто подобро од блескави очни капаци е уште поблескава шминка. Изгледот дополнете го со полни усни како и темен кармин кој исто така содржи сјај. Основата на шминката – пудрата, нека биде што е можно поприродна, така што фокусот да биде на очите и усните.

Chromecore сребрена шминка идеална за излегување

Смела шминка!

Никогаш не ја одбиваме смелата шминка, но сребрените хромирани очи и веѓи со жешки розови усни се сè само не суптилни. За да постигнете ефект на шминка што личи на фолија, најдобро е да користите пигмент за усни во сребрена боја и да го премачкате преку капаците, сè до веѓите.

Chromecore

Привлечни smoky eyes

За smokey eyes кои се привлечни, можете да создадете големи крилја од црна сенка кои одат од надворешниот раб на окото кон слепоочниците. Користете коректор и мицеларна вода за да создадете многу остри рабови и не плашете се да блендирате.

Chromecore сребрена шминка идеална за излегување

Холографски ореол!

Зачинете ги работите и создадете холографски ефект на вашите очи кои содржат многу светки. Клучот овде е да користите светки заедно со светкава сенка за очи за да создадете светкав ефект.

Chromecore

Хром-манија!

Овој моќен изглед можеби не е за секого, но ве охрабрувам да го испробате, дури и во топлината на вашиот дом. Сè доаѓа во предвид, од хромирани светкави сенки до комбинација со црн туш за очи, бидејќи добивате вистински wow ефект.

Chromecore