Lancôme повторно ги помести границите во светот на убавината. Брендот организираше шопинг за време на настан во живо, а во главна улога беше Chiara Ferragni. Прославувајќи ја својата втора колекција, дизајнирана во соработка со Lancôme, Chiara ја водеше презентацијата која беше отворена за новинари, инфлуенсери и обожаватели на Lancôme. Како ода на гламурозност со смел и тренди изглед, светло сината боја ја обележа колекцијата како непогрешлив стил. Колекцијата Lancôme X Chiara Ferragni ги комбинира омилените производи на најпознатата инфлуенсерка и омилениот светски бренд. Заедно ги реинтерпретираа во трендовски производи кои се погодни за создавање на било каков мејкап изглед – од наједноставен до најсофистициран.
Настан кој обедини истомисленици од целиот свет и понуди комплетно ново искуство!
Chiara ја претстави својата нова колекција, збогатена со смели бои инспирирани од нејзиниот урбан стил и гламурозните изданија за време на модната недела во Милано. Производите во колекцијата се украсени со карактеристичниот стил на Chiara.
На настанот присуствуваа многу познати личности, од креативниот директор на Lancôme, Lisa Eldridge, која претстави мејкап рутина користејќи ги производите од новата колекција до Anna Dello Russo, модна икона и креативна директорка на јапонскиот Vogue. На самиот крај, на Chiara и се придружија нејзината сестра Valentina Ferragni и најдобрата пријателка, инфлуенсерката Veronica Ferraro. Тие имаа забава во пижами и се согласија дека тоа е најдобриот начин да ги споделат малите тајни за убавината.
Успешно привлекувајќи повеќе од 46.000 гледачи и собирајќи повеќе од 200.000 лајкови и коментари, бјути настанот на Chiara Ferragni уште еднаш ја докажа посветеноста на Lancôme како на иновативен начин да допре до своите купувачи.
Новата колекција на Lancôme X Chiara Ferragni вклучува разновидни производи!
Сосема нова, Fashion Flirty палета со сенки е must-have производ со кој можете да создадете бесконечен број на мејкап изгледи. Во неа ќе пронајдете совршена комбинација од осум сенки за очи погодни за вечерна и дневна шминка, како и прајмер за сенка. Покрај тоа, во колекцијата се вклучени два хајлајтери, универзален бронзер и руменило.
Култната Monsieur Big маскара, која Chiara Ferragni ја обожава уште од нејзиното лансирање, добива нова светкава амбалажа. Исклучително црна и супер волуменска, Monsieur Big ги прави трепките 12 пати погусти со едно нанесување и гарантира постојаност до 24 часа. Absolu Rouge е омилениот кармин на Chiara Ferragni, а за новата колекција на Lancôme карминот беше претставен во неодоливо издание, во Matte и Cream формула. Таа создаде три нијанси на кармини кои го надополнуваат секој мејкап изглед. Првата е долготрајната нијанса Working Girl која е совршена нуд боја, втората се вика Fashion Darling како заводлива црвена нијанса за софистициран и шик гламурозен изглед. Третиот Absolu Rouge кармин е смела верзија на најексклузивната црвена нијанса Party-Goer. Кармините се со долготрајна текстура полна со сјај за неодоливи усни.
Легендарниот и ултра-прецизен туш за очи Lancôme Liner Plume доби нова амбалажа за да се приближи до стилот на Chiara и стана неопходен производ од оваа неверојатна колекција. Тушот за очи со својата многу висока прецизност, ви овозможува да исцртате совршена линија.