Кога размислувате за маскари што може да ги пронајдете во секоја парфимерија, најверојатно ви паѓа на ум некоја од познатите брендови што сте ја пробале и оставила позитивен впечаток. Сепак, тоа не значи дека таа маскара е единствена добра опција за незаборавни трепки.
Маскари што може да ги пронајдете во секоја парфимерија!
Ефект на густи и убави трепки е најсигурен начин за врамување на вашите карактеристики. Без разлика дали сакате природни, малку закривени трепки или богат волумен и екстремна должина на трепките, маскарите што може да ги најдете во секоја парфимерија може да ги исполнат сите ваши критериуми. Сепак, можеби ќе ви биде тешко да изберете од стотиците што постојат на полиците во парфимериите. Од старите класици до нови и возбудливи формули, сите тие нудат нешто поразлично, па затоа најдобро е прво да одлучите што е најважно за вас, а потоа соодветно да го намалите вашиот избор. Во продолжение ви нудам избор на маскари што може да ги пронајдете во секоја парфимерија и кои се омилени на мојата листа.
Maybelline
The Falsies Lash Lift
Maybelline во основа е бренд кој треба да го барате ако сакате неверојатно прифатлива маскара, бидејќи повеќето ентузијасти за шминка имаат барем една омилена маскара од овој бренд. Falsies Lash Lift маскарата остава впечаток на сите што ја испробаа, а како и не кога со своите влакненца дава изглед на подигнати трепки.
Max Factor
2000 Calorie Curved Brush
Волумен и совршено закривени трепки може да постигнете само со еден производ – 2000 Calorie Curved Brush маскарата. Сестрата на иконската MaxFactor 2000 Calorie маскара создава драматични, волуменски трепки какви што отсекогаш сте ги посакувале. Со неа, не ви треба виткач за трепки! Нејзината закривена четка ги витка вашите трепки за постигнување на драматичен волумен, каков со добивате со виткачот за трепки. Оваа иновативна формула овозможува надградба за совршен изглед.
L’Oréal Paris
Bambi Eye
Дали сте слушнале за поглед како Бамби? Сметајте ја L’Oréal Bambi Eye маскарата за идеална алатка за таков Бамби поглед. Достапна е во црна и кафеава боја, ветува издолжени трепки за ефект на поголеми и одморени очи кои секого ќе го воодушеват.
Paradise Extatic
Максимална должина и вртоглав волумен, само со едно нанесување ќе постигнете со L’Oréal Paris Paradise Extatic маскарата. Вашите трепки ќе се разделат, нагласат и нема да бидат преоптоварени. Дури и по нанесувањето тие ќе бидат лесни како пердув. Специјално креираната четка во форма на песочен часовник гарантира прецизно нанесување. Оваа маскара содржи рицинусово масло за еластични и негувани трепки и обезбедува волумен со првото нанесување.
Rimmel
Wonder’Luxe Volume
Rimmel Wonder’Luxe Volume маскарата не ја сакаме само заради неверојатниот изглед што ни го дава, туку и заради чувството што го остава зад себе. Никогаш не е премногу сува или леплива, а лесно се нанесува благодарение на четирите луксузни масла за нега: арганово, масло од маракуја, камелија и плод од марула.
Essence
What The Fake
Секогаш можете да се потпрете на Essence за да ви даде изглед на вештачки трепки без да мора да ги носите. Драматичен поглед може да постигнете со помош на волуменозните најлонски влакна на оваа маскара и тоа по неверојатна цена.
Lash Princess False Lash Effect
Маскарата Lash Princess False Lash Effect од Essence е вирална сензација помеѓу маскарите што може да ги пронајдете во сите парфимерии. Откако корисниците споделија фотографии пред и по употребата на оваа маскара, обожавателките на шминка низ целиот свет полудеа за неа. Трепките се драматично продолжени до нестварни пропорции. Затоа, оваа маскара веќе долго време е меѓу омилените маскари во парфимериите.