Со доаѓањето на потоплите пролетни денови, ги менуваме темните бои во посветли. Тоа е логично ако се има предвид дека деновите се помалку мрачни, има се повеќе сонце, а се околу нас некако се буди и цвета. Како што ја менуваме гардеробата, ја менуваме и шминката што ја носиме, како и маникирот. Сите посакуваме пролетен маникир на нашите нокти!
Цветните детали на ноктите, некако е логичен избор! Но, ако сакате да се дистанцирате од сите тие веќе видени цветови на ноктите, избрав пролетни маникири кои не се типични и очекувани. Се задржав само на едно нешто, а тоа е маникир за кратки нокти, бидејќи тие природни должини се „in“ оваа година.
„Lipgloss“ маникир!
За пролет избираме нуд, па дури и проѕирни маникири, наречен „lipgloss“ маникир. Toa е најприродната варијанта на пролетен маникир што може да ја изберете, а се носи во сите ситуации и сите аутфити. Ако овој маникир ви е премногу обичен или досаден, секогаш можете да изберете пастелни нијанси или да изберете забавен дезен кој нема да ви здодее до следниот маникир.
Кој е најголемиот пролетен хит?
За сите оние кои сакаат светки, „naked disco nails“ е најголемиот пролетен хит. Станува збор за нокти кои имаат проѕирна или нуд основа, а потоа на нив се додаваат светки. Ваше е да изберете колку густи и големи сакате да бидат светките на ноктите и дали овој ефект го сакате на секој нокт или само на одредени. Апстрактните форми сè уште се во тренд, како и минималистичкиот маникир кои не е досаден, но сепак не е пренатрупан.
Вашите нокти сигурно некому ќе послужат како инспирација!
Дури и да ги сакате познатите цветни принтови што се карактеристични за пролетта, пронајдов неколку маникири кои не се вообичаени. Што и да одберете, држете се до природната должина и природниот облик на ноктите и нема да погрешите. Вашите нокти сигурно некому ќе послужат како инспирација!