Парфемите во лето имаат улога да шират мирисен траг и да ве освежат од врелата атмосфера и врелите температури.
Лесните мирисни освежувања што ги користиме во лето пократко се задржуваат на кожата, затоа тие треба да се нанесуваат по неколку пати на ден.
Каде да го нанесете вашиот омилен летен парфем!
Ако парфемот го нанесувате само за сопствено задоволство, најдоброто место за нанесување е рачниот зглоб. Но, ако сакате вашиот мирис да го почувствуваат другите, нанесете го на други пулсирачки места на вашето тело – позади ушите, на вратот, рамената и во внатрешноста на колената. Топлината од вашето тело ќе емитува нежен мирис во текот на денот.
Во лето парфемите добиваат посебна магична моќ затоа што врелите денови, заедно со врелиот изглед, бараат врели мирисни ноти!
Женски мирисни ноти за врел летен изглед!
Ова лето сè мириса на свежо цвеќе, весели цитруси и заводливи мириси на овошје. Овие нежни тонови се многу лесни за комбинирање, но исто така совршено се вклопуваат во атмосферата од најтоплото годишно време. Затоа, слободно може да се засладете со мирис, така што ниту една девојка нема да биде толку слатка како вас!
Машки мирисни композиции за Медитеранска врелина!
Машките мирисни ноти ова лето обично почнуваат со заводливи дрвенести ноти на чемпрес или пачули, во комбинација со грејпфрут, бергамот и портокал. Доминираат и мистериозни билни мириси на нане, лаванда и рузмарин. Сепак, цитрусните ноти ова лето сè уште доминираат.
Особено, синергетски ефект кај машките парфеми имаат цитрусите кога се промешани заедно во некоја мирисна формула. Многу добро се комбинираат со цветни ноти на мимоза, божур и јасмин, но и со дрвенести ноти на четинари, свеж рузмарин и зачински ноти на црн бибер, цимет и ветивер.
Медитеранската врелина, јужната енергичност, солените ароми и крајбрежната атмосфера, неодоливо потсетуваат на омилената машка мирисна комбинација. Таа ќе ви даде насмевка на лицето, дури и ако не отпатувате на летен одмор од соништата.