Денот на вљубените е еден од оние празници на кој најмногу се радуваат девојките. На тој ден го добиваме најголемото внимание од нашата посилна половина. Затоа, овој празник нека ви послужи како инспирација за посета на маникир. Без разлика дали преферирате минималистички маникир или интензивни и впечатливи црвени нокти, во продолжение ви предлагам 8 идеи за романтични нокти, инспирирани од Денот на вљубените!
8 топ идеи за маникир за Денот на вљубените!
#1 Отпечаток на срце!
Ако сте подготвени да се справите со шаблоните за нокти, вреди да го испробате овој маникир со отпечаток на срце! За да го креирате овој маникир залепете лепенка во форма на срце на средината на ноктот и налакирајте го со вашиот омилен црвен лак. Кога лакот ќе се исуши, извадете ја лепенката и нанесете проѕирен лак!
#2 Различни нијанси на црвен лак!
Не можете да се одлучите за една боја, но во исто време не сакате nail-art на ноктите? Со овој мулти колор маникир можете да создадете изглед што ќе го привлече окото со избирање на 5 различни нијанси на црвена и розова боја. Оваа „mismatched“ техника е во тренд!
#3 Црвена женска силуета!
Денот на вљубените е познат по својата романтична нота. Уште еден начин да му оддадете почит на овој ден е овој пристоен маникир кој покажува љубов и женственост. Црвените женски силуети на нуд позадина е идеален маникир за овој празник.
#4 Многу срца!
Ако гледате срца насекаде околу вас – не обвинувајте го Денот на вљубените! Ако сакате да се држите до добро проверениот дизајн со срциња, размислете за оваа монохроматска идеја. Две различни розови нијанси даваат убав контраст.
#5 Љубовен „eye“ тренд!
Што се случува кога ќе го унапредите „evil eye“ трендот со тема за Денот на вљубените? Добивате изглед што ќе ги натера сите околу вас да се вљубат! Како ви се допаѓа оваа идеја на бледо розови нокти?
#6 Ситни црни срца!
Ако барате минималистички дизајн за вашите нокти за Денот на вљубените – нуд нокти со ситни црни срца е најдобра идеја. Ова можете да го направите сами – на нуд основа со помош на чепкалка за заби нацртајте ситни црни точки и нежно развлечете со врвот за да ги добиете лаковите на срцето.
#7 Металик розови врвови!
За Денот на вљубените не мора да значи дека морате да имате нацртани срца на вашите нокти. Погледнете го овој розов металик француски маникир. Изгледа толку романтично, но сепак минималистичко.
#8 Мат ленти!
Барате едноставен црвен маникир кој дава контраст? Овој мат монохроматски маникир со риги ќе послужи за таа идеја! За да го создадете овој изглед, нанесете црвен лак по ваш избор и со помош на леплива лента и мат лак направете мат лента преку средината на секој нокт.