Познатите личности се вистински извор на инспирација, затоа решив со вас да ги споделам нивните мејкап изгледи кои можат да станат ваш избор за шминка во наредните денови. Од вас само се очекува да блеснете со полн сјај каде и да сте.
Adriana Lima: Кармин и дуксер, зошто да не?
Дуксер и црвено-портокалова нијанса на кармин, со еден слој на маскара може да биде многу ефектно особено кога го носи моделот Adriana Lima. Како што можете да видите тоа е доказ дека дури и со мал број на мејкап производи можете да изгледате одлично во било која варијанта на облека. Ако ви се допаѓа нејзиниот стил, можете да го пресликате на себе со течниот кармин Maybelline New York Superstay Matte Ink со нијанса Heroine, додека за ваков изглед на трепките ви ја предлагам Maybelline New York Lash Sensational маскарата.
Kaia Gerber: Игра на црни и сребрени нијанси!
Ќерката на Cindy Crawford останува верна на поформалниот мејкап изглед. Сребрено-црниот smokey eye со неколку слоеви на маскара го надополнува со црно сако со длабок израз, а целосната шминка ја надополнува со мат кармин во нуд нијанса. Доколку и вие сакате да ги разубавите очите со оваа smokey eye техника, испробајте ги сенките од палетата на YSL Couture Color Clutch, а сето тоа надополнете го со маскарата YSL Volume Effet Faux Cils Radical што ќе ви помогне да обезбедете карбон-црн ефект на вештачките трепки, за да изгледате впечатливо како неа.
Zendaya: Бакарен smokey eye во полн сјај!
Бакарниот smokey изглед со нежни, топли и сјајни тонови дополнително го истакнува погледот на Zendaya и го прави уште позаводлив и мистериозен од вообичаеното, а маскарата и нуд карминот се совршено надополнување на целиот мејкап изглед. Ако и вие изберете да не носите класичен црн smokey eye, тогаш бакарниот мејкап изглед како Zendaya со помош на палетата со сенки Lancome La Rose Precious Holiday и хајлајтерот La Rose од истата мејкап линија ќе биде полн погодок.
Gigi Hadid: Сирена солзи во најдобро издание!
Gigi дефинитивно докажа дека го усовршила трендот на сирена солзи, кој беше популарен во 2019 година, но и оваа година. Најдоброто нешто во врска со овој тренд е што можете сами многу лесно да го креирате, бидејќи не бара никакви посебни вештини и изгледа како да е создаден за вечерно излегување. Со цел да ги потенцирате внатрешните агли на очите како кај Gigi, нанесете светки со златен сјај на таа област, а остатокот од очниот капак нека биде во бакарна боја. Сирена солзите се доволно впечатливи, па затоа карминот Maybelline New York Superstay Ink Crayon во форма на молив во нијанса Trust Your Gut е моја препорака за усните да ви изгледаат како нејзините.
Luma Grothe: Елеганцијата секогаш е добредојдена!
Елегантен фустан со впечатливи додатоци, малку нуд кармин на усните и хајлајтер на вистинските места е уште еден мејкап предлог кој го одбрав да ви го претставам. Бразилскиот модел Luma не се откажува од елеганција ни во еден момент. За да го создадете вашиот мејкап изглед кој ќе потсетува на нејзиниот, користете Loreal Paris Color Riche Satin кармин и хајлајтер Electric Nihgts, кој содржи ситни рефлектирачки честички.
Lily Collins: Романтичен стил!
Нема девојка која подобро од Lily или за вас попозната како Емили од серијата Emily in Paris, го доловува романтичниот шик на овој славен град. Мат кармин во боја на слива, со светкава сенка во нуд нијанса во нејзиниот случај сосема се доволни. За да го создадете својот романтичен изглед, не заборавајте да ја направите косата како нејзината и пробајте го Lancome Absolu Rouge Matte карминот во слична нијанса.
Кој од овие мејкап предлози ви се допадна најмногу? Споделете во коментари!