- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Новата година е пред нас, што значи дека полека се подготвуваме за големиот празничен шопинг. Додека некои луѓе сакаат да бираат подароци, на други купувањето подароци за Нова година им предизвикува вистинска главоболка. Се надевам дека не сте меѓу нив, но за секој случај ви претставувам феноменални сетови за подароци кои ќе ги воодушеват вашите најмили. Ги избрав внимателно и затоа се надевам дека ќе најдете по нешто за секого!

Најдобрите подароци за Нова година!

За мама! Biotherm Bio Blue Therapy Accelerated сет!

За овие празници, не заборавајте на вашата мајка. Без разлика на возраста, секој сака да отвора подароци и да се надева на нешто убаво. Ви предлагам да ја развеселите вашата мајка со овој одличен сет на производи против стареење. Содржи се што и е потребно на мама – дневен крем против брчки, ноќна ревитализирачка крема, масло за чистење лице, серум против стареење со витамин Ц и крем за очи.

Biotherm Bio Blue Therapy Accelerated
Biotherm сет Blue Therapy Accelerated крема за лице против стареење 50мл + Life Plankton Elixir – серум за лице 7мл + Biosource отстранувач на шминка за лице 30мл + Blue Therapy Nuit – ноќна крема за лице 15мл + Blue Therapy – крема за околу очи 5мл. Цена 4,620 денари.

За тато! Biotherm Aquapower Moisturizing сет!

На мажите не им треба многу за да бидат негувани. Овој сет подарок за Нова година е одличен избор за вашиот татко или друг маж во семејството. Содржи хидратантен лосион за чистење лице, пена за бричење и гел за туширање. Токму она што секогаш е потребно!

Biotherm Aquapower Moisturizing
Biotherm сет Aquapower Soin – хидратантна крема за лице 75мл + Aquapower гел за туширање 75мл + Biotherm пена за бричење 50мл + несесер. Цена 2,750 денари.

За сестра или брат! Armani сетови со парфеми!

Вашата сестра или брат можете да ги израдувате со сет со парфем. Возвратете им ја безусловната љубов што сигурно ви ја даруваат. Сетете се само колку пати се нашле и биле покрај вас во убавите и помалку убавите моменти во текот на годината. Овие машки и женски сетови, освен парфем содржат и производ за нега на тело.

Armani My Way
Giorgio Armani My Way парфем за жени 30мл + парфимиран лосион за тело 75мл. Цена 4,100 денари.
Armani Code
Giorgio Armani Code тоалетна вода за мажи 50мл + део стик 75гр. Цена 4,230 денари.

За најдобрата пријателка! YSL Black Opium сет!

Израдувајте ја вашата најдобра пријателка со овој сет кој го содржи токму она што често се користи и трае долго. Тоа се: парфем, кармин и маскара.

- Реклама -
YSL Black Opium
Yves Saint Laurent Black Opium парфем за жени 50мл + Volume Effet Faux Cils маскара + Rouge Pur Couture кармин во нијанса #70 Le Nu. Цена 5,550 денари.

За дечкото или сопругот! Armani Stronger With You Intensely сет!

Со парфем нема грешка кога се работи за подарок за него. Особено ако покрај парфем, сетот содржи и гел за туширање со истите ноти. Почестете ја вашата сродна душа со мирис кој содржи силни мирисни ноти кои сигурно ќе му се допаднат.

Armani Stronger With You Intensely
Giorgio Armani Stronger With You Intensely парфем за мажи 50мл + гел за туширање 75мл. Цена 4,310 денари.

За омилената колешка! Lancôme сет Lash Idôle маскара!

Колешките често се оние со кои најмногу го поминуваме времето во текот на денот. За оние кои имаат омилена колешка, без која не би можеле лесно да го поминат секој работен ден, го препорачувам овој сет подарок. Комплетот вклучува одлична маскара, како и мини молив за очи и водоотпорен отстранувач на шминка.

Lancome Lash Idole mascara
Lancome сет Lash Idôle 01 маскара за очи + Khole Eye Pen мини молив за очи + Bi-Facil Eye 30мл – водоотпорен отстранувач на шминка. Цена 2,010 денари.

За себе! Lancôme Idôle Woman сет!

Празниците не се прилика само да ги израдувате вашите најблиски, туку и да се почестите себеси! Ви го препорачувам овој сет кој покрај прекрасен парфем на заводлива свежина содржи и миризлив лосион за тело, како и маскара со која ќе го освежите изгледот.

Lancome Idole Woman
Lancôme Idôle парфем за жени 50мл + Lash Idole маскара 2,5мл + крема за тело 50мл. Цена 5,790 денари.

Со овие одлични подароци, сигурна сум дека новата година ќе ви биде исполета со насмевки на вашите најблиски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Armani beauty (@armanibeauty)