Течна пудра е најомилен мејкап производ на секоја жена. Таа едноставно е потребна во секој несесер, независно од типот или возраста на кожата. Пудрата ќе го направи изгледот на вашето лице беспрекорно свеж, ќе ги покрие сите несовршености и ќе создаде идеално платно за понатамошните чекори во шминкањето.
Супер лесни трикови со течната пудра!
Дали знаете како да го извлечете максимумот од вашата течна пудра? Затоа, прочитајте ги овие супер лесни трикови кои ќе ве воодушеват!
View this post on Instagram
Како да ја изберете вистинската нијанса?
Колку пати ви се има случено половина час да стоите пред штендерот со декоратива и да не можете да се одлучите за вистинската боја? Затоа, следниов трик е идеален. Одберете три нијанси на пудра што мислите дека би можеле да ви одговараат. Нанесете со прст во форма на линии од половината на образот надолу до коската на вилицата. Секоја од нив изблендирајте ја со прстот, а таа нијанса што најдобро ќе се стопи со вашата кожа е идеалната нијанса.
Дали пудрата е премногу жолта или повеќе розе?
Ако сте направиле грешка при купување на пудра и сте ја одбрале таа која е премногу жолта или премногу розова, не очајувајте. Можете да ги користите како супер-коректор. Ако пудрата е премногу розова, идеално ќе ви послужи за покривање на вашите темни кругови околу очите. Розовата боја извонредно ги покрива модрите и жолтите подочњаци и ги освежува. Од друга страна, премногу жолта пудра може да се искористи за покривање на црвенилото околу носот или акните на лицето.
Пудрата е премногу светла или темна?
Ова сигурно е најчеста грешка што ја правите кога купувате течна пудра, но имам решение за овој проблем. Не фрлајте ја пудрата, ако сте купиле премногу темна пудра, само додадете малку посветла нијанса на пудра и со мешање нанесете ја на лицето. Истото важи и за премногу светла нијанса на пудра, само помешајте малку потемна нијанса и ќе ја добиете посакуваната боја. Затоа, идеално е да имате една пудра со летна потемна нијанса и една со светла зимска нијанса.
Пудрата е претешка на вашето лице?
Често ви се случува да купите пудра со висока покривна моќ, која често дава ефект на маска на лицето. Точно е, пудрата покрива сè, но вашиот изглед може да биде неприроден, особено ако ја носите секојдневно. Затоа, пудрата може да ја измешате со вашиот дневен крем. Едноставно измешајте капка од вашата високо покривна пудра и малку дневен крем и ќе добиете нешто слично на обоен крем, кој е идеален и лесен за дневна употреба.
Пудрата секогаш нанесувајте ја од центарот на лицето спрема надвор!
Бидејќи централниот дел од лицето обично е најпроблематичен поради Т-зоната, секогаш започнете го нанесувањето на пудрата на овој дел од лицето. Таму ќе употребите поголем дел од пудрата. На овој начин, ќе добиете поголема покривност на оваа проблематична зона, а вашето лице нема да изгледа „cakey“.
Матирајте го тенот на лицето со специјални хартии за матирање!
Ова е извонреден трик ако Т-зоната во текот на денот ви се масти и не сакате да додадете нов слој пудра. Затоа на сцената доаѓаат хартиите за матирање! Тоа се тенки мат хартии, со голема апсорпциона моќ. Треба само да ги притиснете на челото, носот и брадата и тие ќе го матираат вашето лице без да ја уништат шминката. Важно е да ги тапкате на лицето, не да ги влечете. Ако немате матирачки ливчиња, може да употребите хартиени марамчиња од кои ќе одделите еден тенок слој и ќе тапкате по лицето.
Сакате сјаен финиш, но-Т зоната ви се масти?
За сите на кои не им се допаѓа мат изгледот на лицето, но преферираат свеж и блескав изглед на кожата, а имаат проблем со Т-зоната, постои одличен трик! Едноставно матирајте ја Т-зоната која има тенденција да се измрси со пудра во прав или компактна пудра, но остатокот од лицето немојте да го матирате. Така ќе добиете свеж изглед, без несаканиот мрсен изглед на Т-зоната.