дома Блог Страна 31

Британскиот бренд Jo Malone London во FABUspot парфимерии!

Jo Malone London visual

Британскиот луксузен бренд за мириси, Jo Malone London е познат по елегантните мириси, луксузни свеќи и козметика за нега на тело. Од лансирањето на пионерскиот мирис Lime Basil & Mandarin, Jo Malone London влезе во првите редови во парфемскиот свет поради неговата употреба на неочекувани и фасцинантни состојки.

Запознајте ја филозофијата за комбинирање на мириси!

Сите креации на Jo Malone се мириси со потпис на софистицирана едноставност. Филозофијата за комбинирање мириси значи дека секој мирис е дизајниран да се носи сам или во комбинација со друг, а тоа ви дава слобода да бидете разиграни, да создадете нешто уникатно за вас.

Jo Malone vo FABUspot

Брендот црпи инспирација од британскиот живот и култура!

Од историската куќа во срцето на Лондон, ова креативно студио црпи инспирација од британскиот живот и култура, обликување на приказна зад секој мирис. Секој нов мирис е создаден во партнерство со еден од најистакнатите парфимери, користејќи состојки со највисок квалитет.

Naskoro Jo Malone vo FABUspot

Огромна грижа и внимание се посветени на секој мирис!

Секоја мирисна креација е изработена со огромна грижа и внимание. Мирис сместен во елегантна црна кутија, завиткан со познатата црна машна.

Идеален мирисен подарок!

Симбол на елеганција, софистицираност и великодушност. Идеален мирисен подарок… ако можеш да издржиш да го подариш.

Jo Malone

Само во FABUspot!

Jo Malone London кај нас, eксклузивно во FABUspot парфимерии!

FABUspot

- Реклама -

Mирис со жестоко креативно срце! Jimmy Choo Urban Hero Gold Edition

Jimmy Choo Urban Hero Gold Edition visual

По лансирањето на Urban Hero во 2019 година, Jimmy Choo со гордост го претстави Urban Hero Gold Edition, софистициран нов член на семејството Urban Hero за свежа ода на мистериозниот и самоуверен Jimmy Choo маж. Бунтовен, но креативен, софистициран и смел. Урбаниот херој го зема градот како негово платно, а превезот на ноќта како негово игралиште.

Елегантен како неговиот претходник!

Совршено елегантен како и неговиот претходник, Urban Hero Gold исто така повеќесложен – човек со контрадикторности и контрасти, кој отворено го прифаќа слободниот и безгрижен пристап кон животот. Ова примамливо чувство за двојност се рефлектира и во самиот мирис и во светлите златни и длабоки црни бои на шишето – нијанси инспирирани од живописните бои што ги користат најталентираните светски улични уметници.

Динамичност за совршен чекор!

Постои смелост во пристапот на Urban Hero, динамичност која е во совршен чекор со променливите времиња.

Jimmy Choo Urban Hero Gold Edition

Мирис!

Креиран од славниот парфемски нос Juliette Karagueuzoglou, Urban Hero Gold Edition е дрвенесто-овошен парфем што стои во силен контраст со својот сензуален претходник.

Натопен со уникатни и примамливи горни ноти од ананас и портокал, горчината на портокалот помага да се ублажи балсамичната сладост на смирувачкиот лавандин и богатото зрно тонка во срцето. Конечно, Urban Hero Gold Edition се суши во мазна, софистицирана база од сандалово дрво и мов.

ingredients

Шише!

Одразувајќи ја слободната динамика на самиот мирис, дизајнот на шишето и кутијата за Urban Hero Gold Edition го зема платното на градските улици како инспирација. Онаму каде што естетиката на оригиналниот Urban Hero го отсликуваше со чисти линии и тврди рабови на префинетите простори на метрополите, смелите контрастни златни графити и црните бои со висок сјај што се наоѓаат на шишето и кутијата на новиот мирис се проткаени со карактеристично чувство на младост и енергија.

Логото инспирирано од уличната уметност пронајдено во сите најживописни урбани простори во светот, ја разви идејата за урбаниот херој на Jimmy Choo, поставувајќи го во нова креативна област.

Urban Hero Gold Edition bottle and package

Мирис на противречности и контрасти!

Новиот Urban Hero Gold Edition на Jimmy Choo е софистициран мирис со жестоко креативно срце. Мирис на противречности и контрасти каде ноќта се среќава со денот, а уметноста со животот.

Urban Hero Gold Edition on the desk

- Реклама -

Петте најчести митови за нокти во кои не треба да верувате!

нокти

Маникирот е едно од наједноставните задоволства во животот на секоја жена. Без разлика дали станува збор за одење во салон или изработка на домашен маникир, тој секогаш опушта, а конечниот резултат не прави неизмерно среќни. Низ годините се појавија разни митови за ноктите, поточно за тоа дали нешто е безбедно или добро за нив или не. Најчестите прашања се: „Дали гелот и трајниот лак се штетни за ноктите?“, или „Дали на нашите нокти им треба време да „дишат“ помеѓу два маникири?“.

Сите сакаме силни и убави нокти, но индустријата за убавина е полна со разни совети. Не секој совет што го добиваме е корисен, бидејќи тие честопати се базираат на митови, а не на вистински факти. Затоа во продолжение ви носам пет митови кои најчесто можете да ги слушнете, а во кои не треба да верувате!

Мит: Мора да ги оставите ноктите да „дишат“ помеѓу два маникири!

Кога ќе го земете во предвид фактот дека поголем дел од ноктната плоча е нежив, затоа ноктите не мора да „дишат“. Тие ги добиваат своите хранливи материи, кислород и снабдување со крв од крвотокот, а не од воздухот. Кога експертите за нокти велат дека на ноктите треба да им се дозволи да „дишат“, тоа всушност значи дека е неопходно да се направи пауза со лак за нокти и средство за отстранување на лак за да се опорават сувите, кршливи или оштетени нокти.

лакирање на нокти

Мит: Студената вода може побрзо да го исуши лакот!

Ако тоа беше случај, експертите за нокти ќе го правеа тоа во салон. Намалувањето на температурата всушност го забавува испарувањето на растворувачот во лакот, а со тоа и неговото сушење. Ледената вода може да го згусне лакот, па се чини дека се суши побрзо, но единствениот начин на кој можете да го исушите лакот е да чекате трпеливо. Поверојатно е да видите вдлабнатини на вашиот лак ако го испробате методот со вода со мраз, бидејќи дури и да се исуши одозгора, нема да се исуши под површината.

лакот побрзо се суши во ледена вода

Мит: Гелот за нокти и трајниот лак можат да ги оштетат вашите нокти!

Експертите се согласуваат дека геловите за нокти и трајните лакови не ги оштетуваат ноктите. Од друга страна, нивното отстранување може да создаде проблеми. Прекумерното турпијање може сериозно да ја оштети ноктната плоча со што значително се ослабува ноктот. Покрај тоа, натопувањето на вашите нокти со средство за отстранување на лак е исто така лоша вест за здрави нокти, бидејќи може да ги исуши, што ги прави кршливи и повеќе склони кон пукање.

лакирање на нокти

Мит: Пиењето млеко ќе ги отстрани белите дамки на вашите нокти!

Пред да се загрижите дека вашето тело има недостаток на калциум, многу поверојатно е дека белите дамки на вашите нокти се предизвикани од лак за нокти. Тоа се површни со бели дамки кои се формираат по отстранување на лакот за нокти што долго време е на ноктот. Она што се случува е несаканото отстранување на површинските клетки на ноктот заедно со лакот, оставајќи бели дамки на површината. Тие честопати можат нежно да се отстранат, а ако ви изгледа дека се подлабоко во вашиот нокт, најверојатно е поврзано со грубото отстранување на лакот. Тогаш тие не можат да се отстранат, туку мора да пораснат.

пиете млеко за зајакнување на ноктите

Мит: Ноктите треба да ги турпијате во една насока!

Сигурно сте слушнале милион пати дека ноктите треба да ги турпијате во една насока. Но, во тестот спроведен од Doug Schoon, научник и автор на Nail Structure and Product Chemistry, тој не забележал никакви разлики во состојбата на ноктната плоча кога се турпија само во една насока и кога се турпија лево-десно. Меѓутоа, она што е важно е типот на турпијата која не треба да биде премногу рапава, а притисокот што го вршите врз ноктот не треба да биде премногу силен.

турпијање нокти

- Реклама -

Бидете дел од создавањето на современ мит! Burberry Hero

Burberry Hero visual

Burberry со задоволство во јавноста го претстави Burberry Hero и ја откри кампањата за новиот мирис за мажи, рекламиран од актерот номиниран за Оскар, Adam Driver.

Burberry Hero visual

Неверојатна рекламна кампања!

Рекламната видео кампања за новиот Burberry Hero ја режираше Jonathan Glazer, а фотографиите ги направи Mario Sorrenti. Рекламната кампања го прикажува енигматичниот и авантуристички Adam Driver со стравопочитувачки убавини на природата во потрага по слобода и лична трансформација, веќе не ограничувајќи се со предрасуди, прифаќајќи ја слободата на изразување и убавината на противречностите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Burberry Beauty (@burberrybeauty)

Adam Driver: Многу сум среќен што работев со Burberry!

Многу сум среќен што работев со Burberry на кампањата за парфемот Burberry Hero, а исто така и со дизајнерот Riccardo Tisci, кој го претстави својот прв мирис за брендот“ – изјави Adam Driver

Кампањата ги предизвикува традиционалните стереотипи за мажественоста, обединувајќи ги коњот и човекот во создавањето на современ мит. Моќните слики на коњи, во контраст со големиот морски брег, ги истражуваат кодовите на Riccardo Tisci за двојноста и моќта на животинското царство. Преку живописна метафора на мажот кој станува митско суштество во моќното море, кампањата ја илустрира приказната за мажот кој скока во непознатото, ја надминува борбата и се претвора во нешто ново, додека останува верен на себе.

Adam Driver

Adam Driver Hero

Riccardo Tisci: Мојот прв мирис за Burberry!

Создавањето мирис е толку личен и интимен процес, а јас тоа го почувствував за Burberry Hero – мојот прв мирис за брендот. Сакав Burberry Hero да ја опфати модерната мажественост, да си поигрува со суштината на исконските човечки и животински инстинкти, канализирајќи ја двојноста помеѓу моќта и осетливоста. Јас сум воодушевен што соработував со неверојатниот Adam Driver за да го отелотвориме Burberry Hero за брендот. Тој ја има онаа неверојатна длабочина во артикулирањето на тоа што значи мажественоста денес – како силата може да биде суптилна, а емоциите да се зајакнат. Нашиот основач, Thomas Burberry беше човек кој исто така го славеше тој баланс, користејќи моќен, но романтичен коњ како култен амблем на својот бренд, инспирирајќи многу од кодовите на брендот што и денес ги продолжуваме и пратиме“. – изјави Riccardo Tisci, извршен директор на брендот Burberry.

Burberry Hero package Burberry Hero bottle

Живописен мирис со кедар од три различни места!

Мирисот е украсен со пенлив бергамот и подобрен со смрека и црн бибер. Овој живописен мирис е продлабочен во срцето со топол кедар од три различни места: од Вирџинија, од планината Атлас и од Хималаите.

Hero

Hero ingredients

Aurélien Guichard: Мирис што ја претставува безвременоста на Burberry!

Burberry Hero ја претставува двојноста помеѓу силата и сензибилитетот. Мирис што ја претставува безвременоста на Burberry, а во исто време со чувство за модерност. Спој на универзалност и единственост. Мирисот го изразува животното што е во секое човечко суштество, следно со вистинска хуманост“. – изјави парфимерот Aurélien Guichard

Силно и модерно шише исто како мирисот што го носи!

Шишето е силно и модерно исто како мирисот што го носи. Неговата аголна форма е апстрактна реинтерпретација на копито од коњ, со врежано логото на Burberry. Исто така, содржи монограм на Thomas Burberry, како референца за основачот на брендот.

bottle & cap

Burberry Hero колекција!

Мирисната колекција вклучува Eau de Toilette од 50, 100 и 150 мл и три производи за нега на тело – балсам после бричење, купка за тело и коса и дезодоранс – производи кои ја комплетираат Burberry Hero колекцијата.

Hero sizes

Hero collection

cap

- Реклама -

Акните на вашата кожа можат да станат минато! Eucerin DermoPure

Eucerin DermoPure visual

Eucerin DermoPure е серум со тројно дејство со кој многу лесно можете да постигнете акните на вашата кожа да станат минато!

Eucerin DermoPure

Како да ги отстраните дамките од акни на вашето лице?

Акните се скоро неизбежен дел од животот и можат да се појават на различна возраст и на секаков тип на кожа. Ако имате проблем со акните, важно е да знаете дека не сте единствените. Но, за целосно да се ослободите од овој вознемирувачки кожен феномен, како и од неговите последици, потребно е да знаете каква нега да ѝ овозможите на вашата кожа.

Околу 40% од возрасните луѓе и дури 95% од тинејџерите во одреден период од животот се имаат соочено со акни на лицето. Една од најчестите последици од оваа состојба се дамките кои остануваат на местото на кожата каде постоеле акните. Истите можат да се задржат на лицето со месеци, па дури и години откако акутните акни ќе исчезнат, а сонцето и бројните надворешни фактори само ја влошуваат ситуацијата. За среќа, сега постои Eucerin DermoPure серумот со тројно дејство, кој ќе ви помогне да го решите овој проблем и ќе направи вашата кожа повторно да биде среќна, сјајна и мазна.

Triple Effect Serum

Што е Eucerin DermoPure серум со тројно дејство?

Тоа е препарат за нега на кожата на лицето, создаден според специјална формула наменета да ги ублажи ефектите од акните и да ги отстрани и измазни дамките кои тие ги имаат оставено на кожата. Овој серум ја содржи активната состојка Thiamidol, патентирана од страна на научниците во лабораториите на Eucerin, која медицински докажано ја намалува хиперпигментацијата на кожата на лицето, односно темните дамки и белези на кожата.

Eucerin DermoPure серумот со тројно дејство има троен ефект на кожата:

#1 Намалување на дамките: Патентираниот Thiamidol делува директно во јадрото на проблемот и ја спречува хиперпигментацијата, односно појавувањето на дамки на местата каде што постоеле акните.

#2 Отстранување на комедоните: Салицилната киселина којашто ја содржи овој производ значајно ги намалува комедоните и дамките од акни, а останатите активни состојки спречуваат да се појават нови.

#3 Здрав изглед на кожата: Поради иновативниот начин на изработка на Eucerin DermoPure серумот со тројно дејство, тој на кожата ѝ дава природен мат-изглед. Конечно, постои производ за нега кој ќе ја заштитува, а нема да направи таа да изгледа мрсна.

Eucerin DermoPure

Eucerin DermoPure Protective заштитен крем со SPF30

Кожата со акни е особено чувствителна на сончеви зраци. Тие можат да ги активираат акните, па дури и да предизвикаат посериозно влошување на состојбата. Токму затоа, Eucerin ја прошири DermoPure линијата со Eucerin Protective заштитен крем со SPF30. Оние денови или период од годината, кога убавото време нѐ повикува да излеземе надвор и да уживаме во денот, потребно е на кожата да ѝ обезбедиме соодветна заштита. Двојна заштита за поголема сигурност!

Protective Fluid

Како се нанесува?

Нанесувајте го Eucerin DermoPure серумот со тројно дејство наутро и навечер на целата кожа на лицето. По нанесувањето на серумот ќе почувствувате лесно пецкање од состојките кои делуваат на кожата. За најдобри резултати се препорачува да се употребува заедно со Eucerin DermoPure заштитниот крем со SPF30 во тек на денот, така што кожата ќе биде постојано заштитена од надворешни фактори.

Повеќе информации на официјалниот сајт на Eucerin.

Eucerin

- Реклама -

Нов смел слој на интензитет! Michael Kors Super Gorgeous!

Michael Kors Super Gorgeous! visual

Модната куќа Michael Kors го претстави новиот женски парфем Gorgeous! во почетокот на 2021 година. Сега, брендот го претставени првото надополнување на мирисната линија Gorgeous!, најновиот женски мирис наречен Super Gorgeous!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Michael Kors (@michaelkors)

Мирис со цветно-килибарен миризлив карактер!

Интензивното и смело ново толкување на оригиналниот цветно-дрвенест мирис му додава нов смел слој на интензитет на оригиналот, отелотворувајќи ја силата и одлучноста на Michael Kors жената. Новото издание носи цветно-килибарен миризлив карактер и ја слави самодовербата и успехот.

Super Gorgeous! visual

Привлекува внимание!

Опишан како побогат и посензуален од оригиналот, Michael Kors Super Gorgeous! привлекува внимание, реинтерпретирајќи модерен бел цветен букет од тубероза, јасмин, цвет од портокал и ylang-ylang со нови комплементарни ноти. Зголемената доза на акорд од тутун нуди зачадено-слатка топлина, додека сончевите и сензуални ноти на килибарот обезбедуваат длабочина на мирисната композиција.

Super Gorgeous! Ingredients

Лице на парфемот Sara Sampaio!

Заштитно лице на парфемската линија Gorgeous! е манекенката Sara Sampaio.

Sara Sampaio

Новиот женски мирис Michael Kors Super Gorgeous! е достапен во 30, 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.

Gorgeous! bottle bottle

- Реклама -

Ве молиме за аплауз за новиот симбол на уметноста! Bond No.9 Off-Broadway

off-broadway visual

Одмотајте го црвениот килим за Off-Broadway!

Не знаеме кога театрите повторно ќе бидат отворени или можеби Netflix ќе го замени искуството на претставување во живо за повеќето од нас, но ние сме горди да го претставиме новиот оптимистичен мирис кој оддава почит на традициите на New York. За овој парфем може да се каже дека е како помала сестра на иконскиот Broadway Nite, но не и како нејзина срамежлива верзија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bond No. 9 Fragrances (@bondno9ny)

Овој цветен мирис предодреден е да биде голем хит!

Ова не е тивок мирис, напротив доста е гласен и забележлив“, вели основачката и директорка на Bond No.9Laurice Rahmé. Како „Hamilton“ кој дебитираше пред off-Broadway, овој цветен мирис предодреден е да биде голем хит.

Bond No.9 Off-Broadway

Off-Broadway маршира на музиката на сопствените инструменти!

Додека The Great White Way отсекогаш ги поставувал стандардите, Off-Broadway ги одржува своите корени како авангардна алтернатива, каде продукциите со големи ветувања може да процветаат во големи ѕвезди. После се, најмногу од познатите претстави и мјузикли започнаа таму, вклучувајќи ги „Rent“, „A Chorus Line” и „Dear Evan Hansen“. Нашиот Off-Broadway маршира на музиката на сопствените инструменти и нуди интимна радост на живеењето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bond No. 9 Fragrances (@bondno9ny)

Мирис кој е тотално „заразен“!

Off-Broadway е вистинска кралица на драмата со пенлива и привлечна мешавина од грејпфрут и црна рибизла. Преминот, претставува комбинација на луксузен крин, османтус и морско оревче. Како финале, целокупниот состав се засилува со мошус, пачули, сандалово дрво и ветивер, што резултира со мирис кој е тотално „заразен“.

Bond No.9 Off-Broadway bottle

Класична силуета на шише со кралски црвен дизајн!

Црвената боја е карактеристична за театрите, од богатите кадифени завеси до тепихот кои се поставени за да ги слават уметниците. Овде, ја претставуваме нашата класична силуета на шише со празничен и кралски црвен дизајн кој оддава почит на целата драма која ја носи Off-Broadway.

Bond No.9 Off-Broadway Neon visual

- Реклама -

Анастасија Ражнатовиќ инвестираше милиони во козметика од чисто злато!

nlk cosmetics anastasija raznatovic visual

NLK by Anastasija Raznatovic

Младата музичка ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ објави дека започна свој бизнис. Таа лансираше козметичка линија, NLK Cosmetics, станува збор за ексклузивни производи за нега на кожа и коса.

nlk cosmetics anastasija raznatovic kolekcija

Производи за да се чувствувате сигурни, убави и задоволни!

Младоста, здравјето и убавината се идеалите кон кои сите се стремиме. Секој од нас има различни стандарди за убавина и младост, но едно е сигурно – сакаме да се чувствуваме сигурни, убави и задоволни. Затоа, Анастасија Ражнатовиќ ја сподели со нас совршената козметичка линија NLK Cosmetics – која што и самата ја користи, сметајќи дека тоа е уште еден начин да сподели дел од себе.

anastasija raznatovic

Според грчката легенда, кога Одисеј доживеал морска несреќа запознал девојка со магична убавина, која му дала шишенце со течно злато. Таа, надалеку позната по својата убавина и младост, со капките злато го исцели и го разубави повредениот Одисеј. Оваа магична состојка од брегот на прекрасното Јадранско Море, која лечи, разубавува и подмладува може да дојде во вашите раце. Успеав да креирам посебни производи без кои повеќе нема да можете да ја замислите вашата нега на кожата“ – напиша Анастасија на нејзиниот Инстаграм профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NLK Cosmetics (@nlk.cosmetics)

Производи што ќе ви помогнат да бидете најдобрата верзија од себе!

Јас најдобро се чувствувам во мојата кожа. Сакам да ви помогнам да бидете најдобрата верзија од себе. Знам дека работата на себе е долг процес кој никогаш не завршува. Затоа од ден на ден се трудам да бидам подобра кон себе и кон другите“ – вели Анастасија.

nlk by anastasija raznatovic

Злато за кожата и косата!

NLK Cosmetics во основа ја содржи неверојатната билка Immortelle која е вистинско злато што природата ни го подарила, кое античките Грци го препознале како еликсир на младоста и убавина. NLK Cosmetics има совршена формулација која го користи ова растение на најдобар можен начин за максимален ефект. Го нарекуваме златно сонце, бидејќи е – злато за кожата и косата. Растението едноставно е магично!

DAY CREAM IMMORTELLE

Вашата кожа заслужува магичен почеток на денот! Кога кожата наутро ќе дојде во контакт со богатата комбинација на смиљ, масло од бабасу и витамин Е, вашето лице ќе блесне со негуваниот сјај на подмладувачкото течно злато. Витаминот Е се нарекува витамин на младоста и убавината.

day cream immortelle

NIGHT CREAM IMMORTELLE

Ноќната нега е посебен дел од рутината за убавина и заслужува дополнително внимание. Вниманието беше насочено кон создавање формула која ќе го претвори вашиот сон во вистински сон за убавина. Најмоќните состојки за бришење брчки, флеки и лузни се наоѓаат во овој магичен крем. Билката Immortelle и витаминот А видливо ќе ја подобрат состојбата на вашата кожа, а првите резултати ќе ги забележите веќе следното утро.

night cream immortelle

HAIR ELIXIR

Природната и здрава убавина како водечка мотивација, помогна да се создаде формула каде моќта на смиљот, заедно со рузмарин и маслиново масло, ќе направат магија на вашата коса! Растот на косата може да се стимулира со етерични масла кои ја подобруваат микроциркулацијата на скалпот. Ова му обезбедува на фоликулот дополнителен извор на енергија, односно дополнителни хранливи материи и кислород кои се потребни за регенерација и раст на здравата и силна коса.

hair elixir

MACERAT IMMORTELLE

Мацератот е златна круна на колекцијата Immortelle, изработен со антички техники, како 100% природен производ. Тоа е цвет од смиљ мацериран во ладно цедено маслиново масло. Покрај убавината и грижата, мацератот има моќ да лечи изгореници, егземи и воспаленија. Погоден за сите возрасти, дури и за деца. Како кралица на колекцијата Immortelle, мацератот е комбинација од течно злато без кое нема да можете да ја замислите вашата рутина за убавина. Се користи за зрела и сува кожа, кожа склона кон воспаление, против брчки, го балансира пигментот на кожата, ги лечи лузните на кожата, го запира крварењето, против стрии и е природен аналгетик.

macerat immortelle

RICH FACE FLUID

Immortelle флуидот тука е за да ја комплетира вашата рутина за убавина. Специјалната формула во која мацератот и есенцијалното масло, заедно со хијалуронски гел создаваат магија на вашата кожа. Срцето на овој флуид е есенцијалното масло од смиљ „цвет што никогаш не венее“. Хидратацијата и најнежна текстура на кожата се само дел од резултатите што ќе направат вашето лице да добие посебен сјај. Видно го изедначува тенот и ја прави кожата сјајна и свежа. Погоден за сите типови кожа.

rich face fluid

IMMORTELLE OIL

Ова навистина е течно злато кое има лековита моќ. Етеричните масла се високо концентрирани природни екстракти добиени од ароматични растенија. Различни делови од растението се користат за добивање на етерично масло: листови, цвет, пупки, растителна смола… За да може есенцијалното масло да биде ефикасно, потребно е да биде чисто и целосно природно. Регенерација, еластичност, лек за сите воспаленија и егзема се само дел од резултатите што ги стимулира есенцијалното масло од смиљ, а да не зборуваме за ефектот против стареење, затегнување и спречување на брчки за сите кои „рутината за убавина“ е приоритет.

immortelle oil

ROLL ON IMMORTELLE

Сите знаеме дека кожата под очите е многу тенка и чувствителна, затоа бара посебна и понежна нега. 100% природниот еликсир, без конзерванси, нежно и длабоко ќе ги регенерира сите слоеви на кожата околу очите. Во златните капки што ја зачувуваат младоста, додадено е малку кокос за богата хидратација и есенцијално масло од лаванда како лек за темните кругови под очите.

roll on immortelle

LIP GLOW OIL

100% природното масло од смиљ е клучот за убавината. Успешно ги чисти порите на кожата и ги отстранува сите нечистотии што доведуваат до нивно затнување. Потоа, длабоко хидрира, го храни ткивото и клетките, а во исто време има смирувачки ефект на местото каде што се нанесува.

lip glow oil

Каде може да ги набавам производите на NLK Cosmetics!

Производите од брендот на Анастасија Ражнатовиќ можете да ги набавите преку официјалната веб страница на NLK Cosmetics.

- Реклама -

Мирис кој никогаш нема да го заборавете! Fenty Eau de Parfum

Rihanna Fenty Eau de Parfum visual

Не може да се негира промената што Rihanna ја создаде во индустријата за убавина со лансирањето на нејзиниот бренд за убавина Fenty Beauty во 2017 година. Но, тоа беше само првиот чекор на пејачката кон создавањето на нејзиниот сопствен Fenty универзум, кој се прошири со производи за нега на кожа, долна облека, па дури и луксузна модна линија на облека. Запознајте го Fenty Eau de Parfum – новиот мирис на Rihanna кој се распродаде веднаш по лансирањето.

Fenty bottles

Тоа е она што најмногу го сакам: тоа е искуство, тоа е спомен, вклопен во мирис. Мирис кој никогаш нема да го заборавиш. Направив мирис за себе и сега го споделувам со вас“ – вели Rihanna.

Сензуален, зачинет и сладок одеднаш!

Надворешното пакување на парфемот е со живописна сина боја што се користи во модната линија Fenty. Мирисот е сместен во стаклено шише со килибарно-кафена боја, дизајнирано да се вклопи совршено во дланката на Rihanna. Во шишенцето се наоѓа унисекс елегантен мирис кој е суров, сензуален, зачинет и сладок одеднаш. Парфемот Fenty Eau de Parfum го отелотворува се она што го претставува Rihanna. Кафеавата е нејзината најомилена боја, па затоа ја избра темната килибарна нијанса за шишето со мирис.

Fenty Eau de Parfum package Fenty Eau de Parfum bottle

Rihanna ги избра и нотите на парфемот!

Магнолија и мошус се обединуваат со мандарина, боровинка и навестување на бугарска роза, гераниум и пачули, за да создадат уникатна мешавина што се изразува уникатно на секој носител, за смел и сензуален мирис. Rihanna создаде мирис што зачудува и примамува.

Rihanna

Интимен унисекс мирис што е сè што чувствувате, сè што сте и сè што сакате да бидете!

Таа отпатува во Грас, Франција, каде што работеше со Jacques Cavallier Belletrud, главниот парфимер на Louis Vuitton. Заедно создадоа мирисна креација, парфем кој се опишува како „едноставен во конструкцијата, со фантастични состојки“ и не му е потребно време за да се развие – за разлика од повеќето парфеми, на мирисот не му треба време да стане целосно робустен. Она што веднаш го мирисате е она што го добивате.

- Реклама -

Јас сум она што го живеам – aвтентичнa и слободоумнa! My Way Intense

My Way Intense Adria Arjona

Новата мирисна линија на модната куќа Giorgio Armani, наречена My Way ве поканува да го следите својот пат и да ги проширите своите хоризонти. My Way е елегантен цветен парфем што предизвикува нови емоции и искуства. Сега Giorgio Armani ја претстави неговата поинтензивна верзија наречена My Way Intense.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Armani beauty (@armanibeauty)

Мирис со засилен цветен карактер!

My Way Intense носи букет бели цветови нагласени со дрвенеста трага. Засилениот цветен карактер на мирисната композиција, за која е задолжен за парфимерот Carlos Benaim е создаден од цветот од портокал на отворањето на мирисот, натопен со горчлив портокал и absolut тубероза и индиска тубероза во срцето. Основата на парфемот вклучува кремасти дрвенести акорди завиткани во Bourbon ванила.

My Way Intense ingredient

Лице на парфемот е Adria Arjona!

Американската актерка Adria Arjona ја отелотворува модерната женственост и филозофијата на новиот My Way Intense мирис. Таа е ѕвездата во неретушираната кампања за најновиот мирис на Giorgio Armani. За да го прослави лансирањето на My Way, актерката искрено ги покажува своите брчки во рекламата, за да биде прикажана привлечноста на природната убавина.

My Way Intense visual

Капаче талисман!

Капачето на шишето My Way Intense е со сина и златна боја и претставува талисман. Бојата на синиот камен ја симболизира бојата на Земјата, универзална боја која не обединува и поврзува со нашата планета. Златниот прстен е симбол на единствениот пат по кој оди секој од нас.

My Way Duo bottle

Шише дизајнирано да може да се надополни!

Мирисот е достапен во шишиња од 30, 50 и 90 мл, како Eau de Parfum. Шишето е дизајнирано така што може да се отвори и дополни со рефил пакување. Рефил надополнувањето доаѓа во шише од 150 мл и е спакувано во хартиена кутија.

product line

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Armani beauty (@armanibeauty)

- Реклама -

Најнови објави