дома Блог Страна 32

Покана да ги живеете своите соништа! Valentino Voce Viva Intensa

Valentino Voce Viva Intensa lady gaga

Valentino Voce Viva Intensa

Новиот парфемски столб на италијанската модна куќа Valentino беше лансиран во есента 2020 година, како Voce Viva мирис претставен од американската поп ѕвезда Lady Gaga и замислен како луксузен италијански мирис со модерен пресврт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Valentino Beauty (@valentino.beauty)

Мојот глас, мојата сила!

Неговата нова верзија, наречена Voce Viva Intensa е претставена една година подоцна. Voce Viva го слави уникатниот глас на секоја жена прикажан во една реченица: Мојот глас, мојата сила! Тоа е покана да ги изговорите и живеете своите соништа.

visual

Интензитетот на мирисот е зголемен со двојна доза на ванила!

Voce Viva Intensa симболизира цвет разбуден во духот на современата женственост на Valentino. Смелиот цвет на портокал и прекрасниот јасмин се освежени со блескава хармонија од цитрусни акорди. Кристалниот мов во основата на мирисот дава земски карактер, а интензитетот на мирисот е зголемен со двојна доза на сензуална Bourbon ванила.

Valentino Voce Viva Intensa ingredient

Квадратно и елегантно шише со иконските Valentino Rockstud детали!

Шишето на Valentino Voce Viva Intensa е спакувано во кутија обоена во бургунди нијанса, исто како и делови од капачето, боја која преставува елеганција и луксуз и боја која беше една од доминантните во минатата сезона во светот на модата. Течноста на новиот парфем е во розова нијанса, сместена во квадратно и елегантно шише, со иконските Rockstud детали на Valentino.

Valentino Voce Viva Intensa bottle

Voce Viva Intensa е достапен во 30, 50 и 100 мл, како Eau de Parfum Intense.

voce viva duo

- Реклама -

Kylie Cosmetics ја претстави роденденската колекција на Kylie Jenner

Kylie Cosmetics visual

Брендот Kylie Cosmetics лансираше специјална роденденска мејкап колекција, како традиција што Kylie Jenner ја негува секоја година за да го прослави својот роденден.

Темата на овогодишната колекција е 24 каратно злато!

Оваа година, темата на роденденската колекција на Kylie Jenner е 24 каратно злато за симболично да го прослави својот 24ти роденден. Тоа, несомнено е нејзиното најлуксузно издание досега и секој детал изгледа беспрекорно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie Cosmetics (@kyliecosmetics)

Kylie со својот стајлинг го „украде“ центарот на вниманието!

За да ја најави колекцијата Kylie позираше во златен мрежест градник и мини здолниште во кое таа изгледаше божествено. Најновата роденденска колекција на Kylie е наменета за мејкап ентузијастите кои не се плашат да го „украдат“ центарот на вниманието.

Kylie Cosmetics 24K

Многу сум возбудена што можам да ги споделам овие нови производи со вас и знам дека ќе се за заљубите во сите овие нови формули“, вели Kylie, зборувајќи за колекцијата на нејзиниот Инстаграм профил.

Kylie Jenner 24K

Што содржи мејкап колекцијата?

Мејкап колекцијата по повод роденденот на Kylie Jenner вклучува раскошна палета на сенки за очи, хидратантен серум за усни со златни снегулки, тушеви за очи, сет течни кармини за усни, златен хајлајтер во кој е врежан бројот 24, течен хајлајтер за лице и тело за да го постигнете летниот сјај на Kylie и повеќенаменски сјај направен за додавање драма на очните капаци, јаболчниците и усните.

Kylie Cosmetics haiglihter

Kylie Cosmetics palette

eyeliner

lip serum

lip lacquer

body glow

gloss

- Реклама -

Совршена убавина во реалноста! Marc Jacobs Perfect Intense

Marc Jacobs Perfect Intense visual

Новиот парфем на дизајнерот Marc Jacobs наречен Perfect Intense е ново издание на оригиналниот Perfect од 2020 година, нов парфемски столб на колекцијата на мириси на брендот Marc Jacobs.

Marc Jacobs

#PerfectAsIAm

Новата линија претставува израз на оптимизам и оригиналност, инспирирана од мотото на дизајнерот „I am perfect as I am“ – „Јас сум совршен токму таков каков што сум“. Од брендот Marc Jacobs порачуваат дека треба да се прослави моќта на убавината во реалноста, смелоста и постоењето.

Нотата на нарцис е задржана од оригиналното издание!

Мирисната композиција на Perfect Intense обезбедува свежо отворање, задржувајќи ја нотата  од нарцис од оригиналното издание, измешана со цитрусната молекула Pamplezest и розов бибер. Кремното цветно срце од јасмин Самбак и печени бадеми, води до дрвенеста и топла основа од кашмир и сандалово дрво од Франција, од територијата на Нова Каледонија.

fragrance contains

Шишето овој пат во жолта боја!

Шишето го задржува оригиналниот дизајн, овој пат во жолта боја, со кристално капаче крунисано со разни детали и приврзоци. Како што велат од брендот, секој од приврзоците лично го избрал креаторот Marc Jacobs.

Perfect Marc Jacobs Intense е достапен во шишенца од 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.

fragrance

Perfect Intense bottle and package Perfect Intense bottle

- Реклама -

Овој лесен лосион за тело го нарекуваат клуч за хидрирана кожа! Neutrogena Deep Moisture

Neutrogena Deep Moisture Oil in Lotion visual

Без разлика дали вашата рутина за нега на кожата на телото се менува со годишните времиња или се држите до докажаните производи, секогаш при рака треба да имате барем еден производ за хидратација.

Сепак, тешките формули не се за секого! Затоа, постојат лесни лосиони за тело кои можат да ја спасат вашата кожа во секое време. Neutrogena Deep Moisture Oil in Lotion –  формулиран со природни масла за лесна, безмасна текстура, наменет за многу сува кожа е еден од оние скапоцени бисери за нега на кожата на телото што вреди да се додаде во вашата рутина за убавина.

body lotion

Новиот Neutrogena Deep Moisture лосион – вашиот најдобар сојузник!

Уникатната норвешка формула нуди ново решение против сувата и чувствителна кожа на телото. Лосион за тело Neutrogena Deep Moisture е 24-часовен навлажнувачки производ кој се впива длабоко во кожата и ја прави помека, еластична и хидрирана.

Со промената на годишните времиња, кожата на телото станува чувствителна и сува, затоа бара посебна грижа. Лосионот за длабока хидратација од Neutrogena е наменет за овој тип на кожа. Повеќето производи наменети за сува и чувствителна кожа полека се апсорбираат или оставаат лепливо чувство на кожата, но новата норвешка формула е погодна за секојдневна употреба и обезбедува доволно влага, задржувајќи го чувството на убава, мека и сјајна кожа.

Deep Moisture lotion on legs

Neutrogena Deep Moisture Oil in Lotion – формулиран со природни масла за многу сува кожа од 400мл

Новиот Neutrogenin Deep Moisture лосион на вашата кожа ќе делува веднаш и ќе овозможи кожата да стане забележливо помека, помазна и помалку чувствителна. Посебна подобност на новиот лосион е дизајнот со пумпица што овозможува полесно користење и истиснување на еднаква количина на производ.

Новиот производ за сува и чувствителна кожа, делува 24 часа на ден и помага да се врати природната влажност на кожата, а со тоа се обновува заштитниот слој за да се намали загубата на влага. Благодарение на норвешката формула, кремастата структура е погодна за секојдневна употреба за ублажување на напнатоста и непријатноста, со што се создава чувство на олеснување. Neutrogena Deep Moisture добро се поднесува и ја одржува кожата еластична.

Neutrogena Deep Moisture Oil in Lotion ingredients

Neutrogenin Deep Moisture го намалува ризикот од алергии кај сувата и чувствителна кожа!

Neutrogenin Deep Moisture лосионот за тело е дерматолошки тестиран производ кој е специјално дизајниран да го намали ризикот од алергии кај сувата и чувствителна кожа. Неговата формула вклучува глицерин кој продира длабоко во кожата, со што ја прави мека и нежна на допир. Покрај тоа, лосионот за тело Neutrogena се апсорбира исклучително брзо, така што не треба да чекате долго пред да облечете облека.

Neutrogena

За најдобри резултати…

За најдобри резултати, нанесувајте наутро и навечер на целото тело. Нанесете повторно на сува кожа после туширање или бањање.

Oil in Lotion

- Реклама -

Силниот мирис на кафе ги плени сетилата! Black Opium Extreme

Black Opium Extreme

Black Opium Eau de Parfum Extreme е ново издание на гурманскиот парфем Yves Saint Laurent Black Opium.

Што носи Black Opium Extreme!

Со смелиот и новиот пресврт на класичниот Black Opium Eau de Parfum, овој парфем го носи заведувањето до екстремни граници со топли и декадентни ноти на кафе, Bourbon ванила и јасмин.

Black Opium Extreme bottle

Што прави Extreme со вашите сетила!

Овој заводлив женски парфем е инспириран од жестоката и смела жена. Охрабрена од силниот мирис на кафе, сензуалниот женски парфем ги плени сетилата. Нотата на црно кафе се меша со какао и цветното срце од портокал и Sambac јасмин. Основата на парфемот се состои од пачули и Bourbon ванила.

Мирисот е достапен во шишенца од 30, 50 и 90 мл, како Eau de Parfum Extreme.

Zoe Kravitz

perfume spray

Black Opium Eau de Parfum Extreme

Extreme ingredients

- Реклама -

Парфемски бренд на англискиот кралски двор! Atkinsons

Atkinsons visual

Во 1799 година во Лондон, James Atkinson го основаше брендот. Оваа парфемска куќа и нејзиниот амблем – мечка станаа службени парфимери на англискиот кралски двор и аристократските и најексклузивните клиенти на светот.

41 Burlington Arcade

200 години англиска ексцентричност, стил и беспрекорни манири!

Потпирајќи се на 200 годишната англиска ексцентричност, стил и беспрекорни манири, Atkinsons сега воведува ново столетие во парфемскиот снобизам.

41 BURLINGTON ARCADE

Фузија на цитрус, лимон и грејпфрут, бел бибер, проѕирни цветови – тонови на сладок корен, кардамон, мускатно оревче, ветивер, фузија од кедар, амбер и мошус се главните состојки на овој Eau de Parfum Spray од 100ml.

Именуван и посветен на новата шопинг адреса во Burlington Arcade 41, која претставува современ англиски симбол, овој мирис е најновиот член на историската колекција Emblematic.

Концентрирани околу слаткиот корен и откривањето на неговите сензуални моќи, темно горчливите и земјени тонови се сублимирани со живописни ноти на розе бибер од островот Реунион, западноиндиски ловор од Доминикана и индонезиски пачули.

Цветните проѕирни ноти се одбрани како би додаде свежина. Одважната индивидуалност и унисекс привлечноста на мирисот совршено се вклопуваат во еклектичниот дух на денешниот Mayfaira.

Производството се планира да биде ограничено само на 1799 Eau de Parfum шишенца.

41 Burlington Arcade visual Atkinsons 41 Burlington Arcade bottle

THE NUPTIAL BOUQUET

Цвет од мирта и листови љубичица, момина солза и бела сандаловина го создаваат овој Eau de Toilette Natural Spray 100ml.

Нежен букет на страсна романтика составен од цветовите кои кралицата Викторија ги носела додека одела кон олтарот, кон својот сакан Алберт. Мирис кој нѐ враќа во време кога цвеќето зборуваше многу… Мирис на кралска романтика, ретро современа интерпретација на бидермаерот на кралицата Викторија: зелено-бели цветови на момина солза, листови љубичица и најфините цветови на мирта, засилени со бел мошус и сандаловина. За жени кои го бараат принцот на белиот коњ.

The Nuptial Bouquet visual Atkinsons The Nuptial Bouquet bottle

THE BIG BAD CEDAR

Замислениот, мистичен мирис на Heathcliff (Оркански висови), The Big Bad Cedar е возвишено бурно толкување на шкотските гори и дивиот вирџински кедар.

Во минатото, кога парфемите биле истовремено и лекови, кедровината се покажала како исклучително ефикасен лек за дишните органи, против кашлица и бронхитис. Свежината со која кедарот зрачи брзо ќе ве однесе во некоја далечна, мирна шума, без бучава и стрес од секојдневието. Неговиот длабок дрвенест мирис во парфемот ќе го почувствувате после половина час. Тоа се оние топли мириси кои остануваат најдолго на кожата и ја претставуваат основата, базата на секој парфем.

Atkinsons The Big Bad Cedar bottle

PIRATES’ GRAND RESERVE

Рум, цветови јасмин, сончоглед, зрна какао, есенција на гераниум, кедар, пачули, ванила есенција од Мадагаскар се мирисните ноти кои го сочинуваат овој Eau de Parfum Natural Spray 100ml.

Pirates’ Grand Reserve е богата авантуристичка мешавина на разбојниците и гусарите. Чоколадата и величествениот рум одлично оддаваат почит на англискиот господин, сер Френсис Дрејк, кој пловел околу светот под знамето на кралицата Елизабета I. Еднакво одважен и романтичен како легендарниот истражувач, Pirates’ Grand Reserve, опојно го користи омилениот парфимериски производ – рум. Pirates’ е идеален мирис за опасна прошетка по палубата.

Pirates Grand reserve visual Atkinsons Pirates Grand reserve bottle

Atkinsons единствено во Cosmo!

Престижните парфеми на англискиот кралски бренд Atkinsons во моментов ексклузивно можете да ги набавите само во Cosmo.

- Реклама -

Мирис кој го слави „она помеѓу“! Byredo Open Sky

Byredo Open Sky visual

Open Sky е лимитирана едиција на брендот Byredo, нова мирисна приказна која го слави „она помеѓу“.

Open Sky visual

Она помеѓу точката на поаѓање и крајната дестинација!

Open Sky го истражува просторот помеѓу точката на поаѓање и крајната дестинација.

Иако, практично сме заробени на едно место веќе некое време, нашите сеќавања станаа посебно живи – и она на кое најчесто се сеќаваме се патувањата. Таа идеја за движењето, за патувањата, за тоа дека сте некаде на пат е она што најмногу ми недостига во моментов. Она што сакав да доловам со овој мирис е празнината која постои помеѓу две места, местото на поаѓање и крајната дестинација“ – Ben Gorham – основач и креативен директор на Byredo.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BYREDO (@officialbyredo)

Мирис на самото патување!

Настанат во време кога светот е приземјен, Open Sky претставува метафизички омаж на искуството на патувањата: мирис на самото патување. Истражувајќи ја празнината меѓу местото на поаѓање и крајната цел и апстрактната привлечност на бесконечниот хоризонт, ова е мирис кој не постои ни овде ни таму – туку го слави она помеѓу.

Byredo Open Sky poster

Open Sky poster

- Реклама -

Мирис на денешницата, создаден за иднината! Paco Rabanne Phantom

Paco Rabanne Phantom visual

Конечно, можеме да го поздравиме новиот машки парфем од модната куќа Paco Rabanne, кој не припаѓа на популарната милион колекција, новото издание наречено Phantomфутуристички ароматичен дрвенест мирис, роден од судирот меѓу луксузната изработка и новата технологија.

Paco Rabanne Phantom visual

Paco Rabanne Phantom bottle and package

Робот е инспирација за новото шишенце!

Phantom доаѓа во многу атрактивно шише слично на играчка, што е тренд меѓу дизајнерските брендови кои се тркаат да понудат што е можно повеќе невообичаени шишенца за своите парфеми. Овој пат, инспирацијата за новото шишенце е робот, направен во сребрена боја со црни детали, големо лого на градите и прскалка поставена на „носот“ на роботот.

Мирис за да се чувствувате енергично, силно, сигурно и секси!

Мирисната композиција е создадена со помош на супериорна креативна постапка за избор на состојки за да се чувствувате енергично, силно, сигурно и секси. Може да очекувате смел мирис составен од кремаста лаванда, енергичен лимон (засилен со молекулата „styrallyl acetate“ која дава мирис на сува и интензивно зелена нијанса на гарденија) и секси дрвенеста ванила. Paco Rabanne Phantom е формулиран како мирис на денешницата, создаден за иднината.

Paco Rabanne Phantom ingredients

Новиот Phantom мирис е потпишан од парфимерите: Anne Flipo, Dominique Ropion, Loc Dong и Juliette Karagueuzoglou.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paco Rabanne (@pacorabanne)

Phantom колекција!

Paco Rabanne Phantom е достапен во шишенца од 50, 100 и 150 мл, како Eau de Toilete и шишенце за надополнување од 200 мл. Покрај тоалетната вода колекцијата вклучува и део спреј од 150 мл.

Phantom package

Phantom bottle

- Реклама -

Запознајте го новиот KissKiss Shine Bloom кармин! Бакнеж од природата! 

Guerlain KissKiss Shine Bloom visual

Нов сјаен кармин Guerlain KissKiss Shine Bloom, 95% природно создаден! 

Guerlain со гордост го претстави KissKiss Shine Bloom, новиот 95% природно создаден сјаен кармин кој не прави компромис помеѓу удобноста на усните и своите перформанси. Новата исклучителна текстура која се топи, нуди свежа и изразена боја со досега невиден воденест сјај.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Guerlain (@guerlain)

Бакнеж од природата! 

95% природно создаден кармин, KissKiss Shine Bloom ги содржи најдобрите состојки што природата може да ги понуди. Формулата вклучува состојки добиени без користење на растворувачи или конзерванси по пат на ладен процес на екстракција за да се минимализира влијанието врз животната средина, како екстракт од масло од зимска роза и органска состојка таканаречена ши путер.

KissKiss Shine Bloom golden package`

Сјаен бакнеж! 

За воденест сјај со исклучително чувство на усните, Guerlain ги спои природно создадениот восок од канделила, познат по својата уникатна рефлектирачка моќ, со мазното дејство на екстрактот од зимска роза. Со едно нанесување, усните добиваат ефект на огледало создавајќи сјаен и блескав импакт.

KissKiss Shine Bloom collection

Грижлив бакнеж! 

Во срцевината на природната формула со која е креиран KissKiss Shine Bloom, откријте го цветниот концентрат за нега на усните, со 24 часовно хидратантно својство кое содржи хијалуронска киселина, ши путер и екстракт од зимска роза за измазнети и негувани усни со инстантно и долготрајно дејство на ултра впечатливи усни. Мазни и полни со волумен, усните ќе изгледаат природно убави и совршени како никогаш досега.

Guerlain KissKiss Shine Bloom rose flower

Комплетно нова амајлија! 

Легендарниот Kisskiss, сега во сосема ново пакување. Со блескав, нов златен сјај што го привлекува вниманието. Под својата златна обвивка, новиот кармин се топи и се лизга на усните и овозможува момент на чиста сензуалност, со само едно нанесување.

KissKiss women

Цветни нијанси! 

Инспириран од бојата на цвеќињата, KissKiss Shine Bloom е достапен во повеќе свежи, богати и живописни нијанси за природна убавина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Guerlain (@guerlain)

- Реклама -

MAC кармини кои се како вистинска гозба за вашите усни! Lustreglass Sheer-Shine

MAC Lustreglass Sheer-Shine

За да ги задржиме усните убави и негувани, точно на време за оваа сезона, MAC го претстави Lustreglass Sheer-Shine карминот за усни. Се работи за уште подобра верзија од оригиналното издание, кое сега е формулирано со богата мешавина на состојки за усни. Карминот Lustreglass Sheer-Shine е нова генерација на кармини, која комбинира модерни нијанси со комплетно нова формула. Замислите го како кармин за љубителите на мелем – кремаста комбинација на јојоба, семки од малина, кокос и органско маслиново масло што ги храни усните, додека ши путерот и хијалуронската киселина помагаат во хидратацијата.

women with MAC lipstick

MAC Lustreglass Sheer-Shine apply

Резултат?

Кармин кој е лесен на усните, богат со пигмент, лесно се обновува, со сјајна и трајна завршница. Вашите усни ќе бидат мазни и еластични!

Карминот Lustreglass Sheer-Shine е апсолутна гозба за вашите усни. Усните изгледаат пополно и се понежни, покриени со лесен и мек слој кармин, во прекрасни нијанси. Карминот Lustreglass Sheer-Shine има посветли нијанси со лесен премаз, но и поинтензивни и побогати. Ултра лесната текстура на карминот, мазна како свила, се лизга на вашите усни со неверојатна леснотија, па за нанесување не ви треба ни огледало.

Lustreglass Sheer-Shine composition

MAC Lustreglass Sheer-Shine apply

Lustreglass Sheer-Shine колекцијата ја прават 28 прекрасни кармини!

Со осумнаесет нови, четири ограничени и шест најпродавани нијанси – колекцијата Luster Sheer-Shine се состои од дури 28 прекрасни кармини. Опсегот на боите се движи од пастелно виолетова до живописна портокалова, истовремено овозможувајќи природната нијанса на усните да блесне. Омилената нијанса „Posh Pit“, која дава совршен баланс на кафеава и розова боја, ги остава усните природно и лежерно дефинирани. Нијансата „Sirup“ како пригушена розова боја му се спротивставува на времето и дава „plump“ ефект и нема да ви треба огледало кога ќе го нанесете. Кармините Lustreglass Sheer-Shine навистина се чисто совршенство.

Каде да ги набавам?

Lustreglass Sheer-Shine кармините можете да ги најдете во единственото овластено продажно место на MAC Cosmetics во Македонија во Скопје Сити Мол.

MAC Lustreglass Sheer-Shine colection

- Реклама -

Најнови објави