дома Блог Страна 30

Зачинете го изгледот со колекцијата полна со мода, вкус и талент! MAC Rosalía

MAC Viva Glam Rosalía - Aute Cuture Starring Rosalía Collection visual

MAC Viva Glam – Aute Cuture Starring Rosalía Collection

Откако минатата година беше прогласена за амбасадорка на MAC Viva Glam колекцијата, Rosalía се враќа со уште една колекција на производи за убавина што го слави нејзиното шпанско потекло, наречена Aute Cuture Starring Rosalía Collection. Таа соработуваше со исконската марка за шминка за да ја објави својата колекција на кармини, сјаеви, хајлајтери, палета на сенки за очи, лакови за нокти и украси за нокти.

MAC Aute Cuture Starring Rosalía

MAC Aute Cuture nail polish

MAC Aute Cuture lipstick and eye shadows

Rosalía – првото нешто што го купив беше Ruby Woo карминот од MAC

Кога Rosalía за првпат започна да настапува на 16-годишна возраст, не можеше да си дозволи шминкерка.

Јас самата се шминкав пред секоја емисија, а првото нешто што го купив беше Ruby Woo карминот од MAC“, сподели таа.

Новиот Rusi Woo кармин има малку потопол тон и мат финиш!

Колекцијата е наречена „Aute Cuture“ по нејзиниот сингл и исполнета е со богати црвени – омилена основна боја на Rosalía, златни и неутрални нијанси. Она што привлекува големо внимание е реинтерпретацијата на најпродаваниот MAC Ruby Woo црвен кармин, наречен Rusi Woo, кој има малку потопол тон и мат финиш.

Не можам да поверувам дека сега имам своја верзија на мојот најомилен кармин“, сподели таа.

Rosalía

Лакови и украси за нокти ја претвораат секоја креација во уметничко дело!

Rosalía е позната по своите екстравагантни нокти, така што MAC го искористи овој момент за повторно да лансира лак за нокти во шест нијанси и две верзии на украси за нокти. Овие украси ќе ја претворат секоја креација на нокти во уметничко дело.

Моите нокти за мене се форма на женственост. Сакам да носам долги нокти затоа што чувствувам дека ми даваат сила“, вели таа.

Покрај нејзиниот огромен вокален талент, Rosalía често носи смели или блескави нокти, што без сомнение служеа како главна инспирација за оваа соработка.

Rosalía nails

Вкусете го стилот на Rosalía без напор!

За да го постигнете потписот за убавина на Rosalía со МАС производите од колекцијата, пејачката прво започнува со неколку точки на пудра во стик која ја блендира со врвовите на прстите.

MAC Aute Cuture

Следно, таа нанесува течен коректор под очите, на брадата и околу носот за да го прикрие и минимизира црвенилото. Rosalía потоа ја користи сенката Café con Leche од нејзината палета на сенки во наборите на очите и долж горниот дел на носот како контура, а нијансата Melaza по целата должина од капакот на очите. Откако ги исцрта усните со молив за усни во нуд нијанса, Rosalía го нанесува мат карминот Rusi Woo директно во центарот на усните и го блендира со мала, мека четка. Таа ја користи нијансата Azafrán како туш, а нејзиниот најомилен хајлајтер е нијансата Maca која ја нанесува на врвот на носот и високите точки од образите.

Rosalía својот изглед го завршува со руменило со нијанса Guindilla на врвовите од образите и изгледот го завршува со малку гел за веѓи и маскара.

- Реклама -

Ова се потписи на сонцето! Acqua di Parma Lily of the Valley и Oud & Spice

Acqua di Parma Signatures of the Sun visual

Познатиот италијанскиот бренд Acqua di Parma претстави два нови парфеми: Lily of the Valley за оние кои сакаат цветни мириси и Oud & Spice за обожавателите на дрвенести ноти и со тоа ја збогатува мирисната колекција Signatures of the Sun. Acqua di Parma континуирано не изненадува со своите нови мирисни композиции. Мирисната трагата на Acqua di Parma ги собира најскапоцените состојки од егзотичните земји за да се создадат извонредни композиции. Ова се потписи на сонцето!

Acqua di Parma познатите состојки ги реинтерпретира на потполно нов начин!

Занаетчиството како уметност е застапено во сите сегменти на креирање на мирисите на светски познатиот италијански бренд. Од создавањето на парфемскиот сок, преку шишенцата и пакувањата, старите занаети одиграа важна улога и познатите состојки ги реинтерпретираа на потполно нов начин. Повеќе од еден век во совладување на уметноста на парфеми, се разгледува секоја мирисна нијанса, секоја есенција е битен материјал за конечното ремек-дело. Сјајно или интензивно, секое откритие е незаборавен момент.

Запознајте ги мирисните креации Lily of the Valley и Oud & Spice

Lily of the Valley

Lily of the Valley, парфем кој ја разоткрива убавината на кринот. Заедно со неизбежниот бергамот и грејпфрут и живите тонови на црната рибизла, сонцето се чини се поблиску. Јасминот, магнолијата и гераниумот го надополнуваат овој прекрасен букет, додека мошусот и кедровото дрво даваат потполност и топлина.

Lily of the Valley Acqua di Parma Signatures of the Sun Lily of the Valley

Oud & Spice

Oud & Spice, богат парфем во чие срце е една од најретките и најтаинствените состојки кои ни ги нуди природата. Oud е исклучително ретко масло извлечено од Agarwood – скапоцена смола на дрвото Aquilaria. Овој уникатен мирис е создаден користејќи ја есенцијата Oud пронајдена во Лаос и е позната по својата исклучителна префинетост и баланс. Во комбинација со зачинетите тонови на цимет и каранфилче се истакнува богатството на мирисот. Сончевиот бергамот и розов бибер ја освежуваат композицијата, додека малината дава „вкусна и заразна“ нота. Конечно, богатата роза, пачули и сладоста на лабданумот го затвораат ова незаборавно, раскошно откритие.

Oud & Spice Acqua di Parma Signatures of the Sun Oud & Spice

Само во FABUspot Marriott и Cosmo City Mall

Парфемите од мирисната колекција Signatures of the Sun – Lilly of the Valley и Oud & Spice ексклузивно може да се најдат во парфимериите FABUspot Marriott и Cosmo City Mall во пакувања од 100 и 180 мл.

Acqua di Parma Signatures of the Sun

- Реклама -

The One Gold – најпрестижното мирисно дуо од Dolce & Gabbana

The One Gold visual

Ви ги претставувам The One Gold и The One For Men Gold – најпрестижното ново мирисно дуо од Dolce & Gabbana. Врз основа на наследството на линијата The One, овие нови софистицирани мириси отелотворуваат сјајна светлина и магнетна харизма. Заробувајќи го духот на самодоверба и неодолива привлечност, The One Gold и The One For Men Gold ги слават жените и мажите кои го заслепуваат светот со својата светлина.

Dolce & Gabbana Duo

За мирисот!

The One Gold

The One Gold ја слави жената која зрачи со елеганција во сè што прави. Независна и шармантна, нејзината аура е дарежлива, шири светлина врз другите и никогаш не ги засенува. Таа е уникатно своја, а нејзината радост и харизма блескаат одвнатре. The One Gold е интензивен парфем кој ја претставува оваа моќна модерна женственост во миризлива форма. Создаден од мајсторот за парфимер Violaine Collas, овој овошен цветен мирис го комбинира слаткиот вкус на сочна златна слива и свежите цветови на роза со мистериозниот пачули и заводливиот бел мошус.

The One Gold Women Visual

The One For Men Gold

The One For Men Gold го слави мажот кој има природен, но непогрешлив магнетизам. Вистински господин, тој зрачи со самодоверба со неговата вродена елеганција и уникатен стил. Тоа е миризливо олицетворение на оваа машка харизма – софистициран интензивен парфем, кој е исто толку моќно примамлив како и човекот што го носи. Создаден од трио славни парфимери – Rodrigo Flores-Roux, Michel Girard и Olivier Pescheux – мирисот е возвишена фузија на сочни цитруси, зачинет ѓумбир и богат пачули.

The One Gold For Men visual

За состојките!

The One Gold

Мирисот се отвора со живописни врвни ноти на овошје, пенливи италијански мандарини кои се мешаат со сочна, зрела слива и суптилна лутина на розов бибер. Овие вкусни овошни врвни ноти го осветлуваат бујното цветно срце на мирисот, каде што розата се комбинира со сензуален јасмин и живата момина солза за да создаде светлосен женствен букет. Сјајното цветно срце полека се предава на обвиткувачките основни ноти на мистериозно пачули, неговиот потентен мирис испреплетен со мазни, слатки ноти на ванила и бел мошус.

The One Gold Women integrate

The One For Men Gold

Мирисот го отвара заживувачка фузија од сочен италијански бергамот и црвен портокал, а црвениот ѓумбир додава топла пикантност во горните ноти на цитрус. Живата енергија на овие пенливи цитруси се развива во моќно мажествено срце со ароматична жалфија и остар египетски гераниум, оживеана со зачинети ноти на кардамон. Мистериозниот пачули му дава на мирисот интензивно примамлива основа, неговото богатство и суптилна зачаденост избалансирани со земјениот ветивер od Хаити и дрвенестите ноти од амбер.

The One Gold For Men integrate

За пакувањето!

Одржувајќи ги графичките архитектонски линии на The One и The One For Men, шишињата сега се претставени во светкаво злато. Симбол за луксуз и префинетост, металниот златен лак ја привлекува светлината со својот сјаен сјај, како одраз на светлечката привлечност на The One Gold жената и волшебната аура на The One Gold мажот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ubavina za site (@ubavinazasite)

Dolce & Gabbana bottle

Dolce & Gabbana bottle

- Реклама -

Само неколку капки од овој еуфоричен мирис на вашиот зглоб… Euphoria Intense

Euphoria Intense women visual

Откријте ја маестралната комбинација на смелост и елеганција отелотворенa во новиот женски парфем Calvin Klein Euphoria Intense. Лансиран од американската модна икона – брендот Calvin Klein, како нова поинтензивна верзија на овошниот парфем Euphoria. Миризливите дела на брендот Calvin Klein: Obsession, CK One и Euphoria се едни од најпродаваните и најбараните во светот.

Euphoria

Богат и попровокативен мирис!

Како што велат од Calvin Klein, новата Euphoria Intense ја подига заводливоста на оригиналното издание што резултира со богат, попровокативен мирис. Миризлива композиција создава неодолив овошен, дрвенест и цветен допир на вашата кожа.

Calvin Klein Euphoria Intense bottle Calvin Klein Euphoria Intense package

Следбеник на познатиот Euphoria мирис!

Новото поинтензивно издание ја следи оригиналната Euphoria, која блесна на парфемското небо во 2005 година. Слаткиот Euphoria Intense е заводлив мирис, центриран околу миризливите ноти од орхидеи. Сочниот, свеж акорд на црна рибизла од отворањето на композицијата е придружен со база на интензивен пачули.

Calvin Klein perfumes

Euphoria Intense ingredient

Зајакнете ја вашата аура со сензуална женственост!

Оригиналната парфемска вода Euphoria и нејзината поинтензивна верзија се карактеризираат и топли миризливи акорди, идеални за есен и зима. Треба само да нанесете неколку капки од овој еуфоричен мирис на вашиот зглоб или лакт, за да ја зајакнете вашата аура со сензуална женственост.

Calvin Klein visual

- Реклама -

Го испробав легендарниот Maybelline Instant Eraser и споделувам впечатоци со вас!

Maybelline Instant Eraser visual

Опсесијата со Maybelline Instant Eraser коректорот започна од светската модна сцена. Gigi Hadid и други топ модели и светски познати инфлуенсерки го препорачаа овој коректор уште пред да пристигне во нашите парфимерии. Дојде време да го испробам и да споделам впечатоци со вас, за тоа што го прави толку посебен.

Maybelline korektor

Висока моќност на покривање, лесна текстура и не навлегува во ситните пори!

Честопати имам дилема дали да изберам лесен дневен коректор или мојот избор да падне на некој потежок, долготраен коректор. Размислувам дека лесниот барем нема да се вовлекува во порите, но долготрајниот од друга страна често знае да биде тежок на лицето, па затоа го нарекувам „театарска шминка“. На сметка на тешкото покривање на темните кругови се добива „heavy look“ и по правило честопати уште повеќе се нагласуваат ситните брчки. Но, во случај на Maybelline New York Instant Eraser Anti Age коректорот, тој е со совршен баланс, има висока покривна моќ, а од друга страна е коректор со лесна кремаста текстура која не навлегува во ситните брчки околу очите.

Instant Eraser concealer

Коректор кој може да направи се!

Maybelline New York Instant Eraser Anti Age е достапен во 8 нијанси. Неговата лесна текстура и апликатор од сунѓер овозможуваат да се камуфлираат темните кругови околу очите, но исто така со нежен притисок на местото што сакате да го камуфлирате, можете целосно да ја покриете секоја несовршеност, дамка од сонце, испукани капилари, мозолчиња.

Maybelline Instant Eraser colour palette

Се обидов да го контурирам лицето со него! Ја користев нијансата Neutralizer веднаш под очите, Nude за целото лице и новата нијанса Honey за контури. Целосно се воодушевив од постигнатиот ефект!

Се прилагодува на сите типови на кожа!

Овој најпродаван Maybelline New York коректор совршено се вклопува со кожата, благодарение на неговата течна текстура, која се прилагодува на сите типови на кожа, без разлика дали е сува, комбинирана или мрсна. Лесно се нанесува, обезбедувајќи сјаен и природен ефект на кожата на лицето.

Maybelline korektor

- Реклама -

Нов еликсир, моќен и неопходен! Dior Sauvage Elixir

Johnny Depp Dior Sauvage Elixir

Dior го лансира Sauvage Elixir како нова верзија на оригиналниот Dior Sauvage од 2015 година. Новото издание ветува „екстремна концентрација“ на модерна ароматична мирисна композиција, отелотворена преку кампањата со американскиот актер Johnny Depp.

Johnny Depp banner

Откријте го новиот свет на Sauvage Elixir: ноќен и мистериозен!

Храбриот и моќен Johnny Depp ја отелотворува новата кампања за Sauvage, во кој се прикажани рокенрол и ноќта, волци и месечина. Волците се собираат на повик на гитара на Johnny Depp како величествен лидер на глутницата. Исто како и моќната гитара, новиот Sauvage Elixir удира неколку акорди како совршен гитарски риф, каде секоја нота е прецизно отсвирена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dior Beauty (@diorbeauty)

Мешавина од бесконечна сила и префинетост!

Sauvage Elixir ја преработува свежината на Sauvage и му дава ново лице со дрвенест, зачински карактер. Мирисната креацијата е потпишана од парфимерот на Dior, Francois Demachy.

Dior Sauvage Elixir

Горните ноти се отвораат со грејпфрут и зачини. Некои, како есенциите од цимет и морско оревче, играат со топлина и сензуалност, додека други се освежувачки, како лутиот и ароматичен кардамон. Во срцето на мирисот е есенцијата на лаванда од Франција. Благородната лаванда сјае во срцето на Sauvage Elixir со бленд од бесконечна сила и префинетост. Килибарниот акорд, најсилниот потпис на Sauvage, открива низа од неговите кадифени и сензуални нијанси. Ја обвива основата на мирисната композиција и ја нагласува со слатка нота на сладунец. Ветиверот од Хаити и срцето на пачули ја формираат врската помеѓу овие богати дрвенести акорди.

Dior Sauvage Elixir е достапен во шишенце од 60 мл, како Eau de Parfum.

Sauvage Elixir look

bottle

Sauvage Elixir package

- Реклама -

Што е американски маникир и како се разликува од францускиот!

американски маникир

Трендовите од минатото се враќаат еден по друг, меѓу нив е некогаш омилениот, а потоа и омразениот француски маникир. Но, во исто време многу e популарна малку понежната верзија на овој тренд, наречена американски маникир.

american manicure

За што станува збор и која е разликата помеѓу овие два стила?

Класичниот француски маникир вклучува бледо розови нокти со изразени бели врвови. Со текот на времето, розовата боја бледееше, а проѕирниот лак со бели врвови се нарекуваше француски маникир. Она што е различно кај американскиот маникир се нијансите – тие се целосно поприродни и суптилни. Значи, сеуште се работи за изглед со долги врвови на нокти, но нијансите главно се нуд, многу нежни, а врвовите се долги до посветла боја, но не толку интензивна како белата во францускиот маникир.

маникир

aмерикански маникир

Еве како да постигнете маникир во американски стил!

Американски стил на маникир многу лесно можете да направите ако прво ги обоите врвовите со бел лак за нокти, а потоа со нуд нијанса ќе поминете низ целиот нокт, вклучувајќи ги и врвовите.

american manicure 2021

За кого е добар изборот на овој маникир?

Овој тренд особено е прикладен и популарен меѓу оние кои сакаат природен изглед и малку пократки нокти, вистински избор за сите жени со класичен стил кои не сакаат многу да експериментираат. Со оглед дека станува збор за нежен и природен изглед, овој маникир е добар избор за идните невести.

aмерикански маникир 2021

Познатите го обожаваат американскиот маникир!

Примери можевме да видиме насекаде оваа сезона, од Jennifer Lopez на модната ревија на Dolce&Gabbana во Венеција до Lily Aldridge на Мет Гала.

Jennifer Lopez Dolce&Gabbana Venezia

Еден од најголемите трендови оваа сезона со кој не можете да згрешите!

Со американски маникир се нарекуваат и сите стилови кои имаат различни врвови од основата на ноктот, а не се класичен француски маникир. На пример, неутрална основа со врвови во боја на праска, зелена или црвена, златна нијанса… Тоа се видови на американски маникир во различни изданија. Како и да е, ова е еден од најголемите трендови оваа сезона со кој не можете да згрешите, без разлика на приликата и стилот.

- Реклама -

Мирис на скандал! Lili Fantasy

Juliette Has a Gun Lili Fantasy

Францускиот бренд Juliette Has a Gun го лансира својот најнов мирис Lili Fantasy, нудејќи совршената средба помеѓу гума за џвакање, јасмин и килибар, акорди што се издвојуваат во композицијата.

bouket

За оваа најнова композиција, ја замислив безгрижната Juliette како меурче од шампањско, несериозна и непослушна. Хероина која има вкус за секое задоволство: примамливо како низа раскошни слатки, таа е таа која го води танцот…“, вели Romano Ricci.

Romano Ricci

Мирисен виор што ќе го објави вашето доаѓање!

Мирисот, екстравагантен коктел од бели цветови и килибарни ноти, зачинет со гурмански пресврт на гума за џвакање. Мирисен виор што ќе го објави вашето доаѓање… и ќе остане зад вас како мирисна патека откако ќе заминете!

Juliette Has a Gun new fragrance

Влезете во танцот!

Се вели дека зад кадифените завеси се случуваат најнеобичните приеми во градот. Нивната домаќинка, кралицата на париските ноќи поканува своја селекција на гости кои ќе сведочат на спектаклот на нејзините фантазии. Под сјајот на лустерите, среде пенливиот шампањ и дијаманти, таа танцува брзо во ритамот на нејзиното срце. Единственото правило на нејзините гости е: дека нема правила. Доколку некогаш бидете поканети, не заборавајте да ја облечете својата најубава облека и да бидете ништо помалку од прекрасни!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Juliette has a gun (@juliettehasagun)

Премногу е одличен за да се грижиш!

Гласини се дека Juliette, нашата омилена кралица на париските ноќи крие тајна. Таа има име. Lili Fantasy! Скандалозен мирис, интригантен букет од бели цветови, ноти на килибар со нежна доза на мирис на гума за џвакање.

Lili Fantasy visual

Конечно го изговара своето име… Lili Fantasy!

Шишето што го содржи нашиот енигматичен еликсир неверојатно е забележливо. Се вели дека овој скапоцен камен во виолетово ја открива својата боја низ транспарентноста. Извезено во сребрена нијанса, конечно го изговара своето име… Lili Fantasy.

Lili Fantasy bottle

Гласините се потврдени!

Но, сепак вистинскиот идентитет на кралицата на париските ноќи останува мистерија.

- Реклама -

Омилената Elixir парфимерија се претвори во вистинска оаза за убавина во центарот на Скопје!

elixir parfimerija

Elixir парфимериите отсекогаш беа специјални места каде многу жени на кратко можеа да побегнат од напорниот секојдневен живот и да го откријат раскошниот, разиграниот и секогаш различен, прекрасен и блескав свет на производите за убавина. Од фаворитите за шминка до производите за нега на кожа и коса, сите тие не само што го трансформираат нашиот изглед, туку честопати успеваа да го трансформираат нашето расположение.

Реновирана и ребрендирана Elixir ГТЦ парфимерија!

Позади брендот Elixir стои македонскиот ланец на парфимерии кој својата прва парфимерија ја имаше отворено во 2004 година. Сите овие години купувачите ги препознаваа по виолетовата заштитна боја, а сега Elixir ги отвори вратите на реновираната и ребрендирана Elixir парфимерија во центарот на Скопје – Градски Трговски Центар.

elixir gtc

Она што најпрво се забележува е модерниот и топол ентериер, кој ги воодушевува посетителите, пропратен со модернистички елементи во индустријален стил, топли бои на мебелот и зеленила кои го разубавуваат просторот и прават да се чувствувате како дома.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ubavina za site (@ubavinazasite)

Омилените бјути производи на едно место!

Во делот на асортиманот, како и досега можете да ги пронајдете вашите омилени парфеми од брендовите Gucci, YSL, Lancôme, Giorgio Armani, Boss, но она што е ново и најмногу го одзема вниманието на посетителите е делот за професионална нега на коса од брендовите Kerastase, L`Oreal Professionnel и Matrix. Во парфимеријата Elixir ГТЦ не само што се продаваат нивните производи за коса, туку од страна на специјалист ќе имате можност да ви биде направена дијагностика на скалпот и должината и согласно со потребите ќе може да се направат персонализирани ритуали и третмани за коса.

parfimerija gtc

реновирана парфимерија

производи за коса

elixir proizvodi za kosa

Elixir ГТЦ вашата омилена бјути дестинација во градот!

Не ја пропуштајте можноста да ја посетите парфимеријата Elixir ГТЦ, новата оаза за убавина која наскоро ќе стане ваша омилена бјути дестинација во градот.

еликсир гтц

- Реклама -

Овој коректор во светот се продава на секои 10 секунди! Touche Éclat

Yves Saint Laurent Touche Eclat visual

Кога станува збор за омилените холивудски убавици, постојат неколку производи на кои познатите личности секогаш им се враќаат. Но, се чини дека ниту еден производ за шминкање не стекнал толку голема популарност како Yves Saint Laurent Touche Eclat хајлајтер и коректор во пенкало. Сите, од Meghan Markle, Victoria Beckham до Zoë Kravitz, истакнуваат дека Touche Éclat е неопходен во нивната рутина за шминкање. Не е ни чудо што Kaia Gerber исто така се приклучи на тоа популарно мислење и ја изрази својата љубов кон производот. Таа, популарниот Touche Éclat го нарече нејзин омилен козметички производ на сите времиња.

Kaia Gerber Touch Eclat

Со Touche Éclat можете да го направите вашиот свеж изглед во еден потег!

Овој осветлувачки коректор е толку лесен штом се нанесе и дава чувство дека не сте се нашминкале, а разликата е многу видлива. Touche Éclat е одличен за оние денови кога можеби не сакате да се нашминкате, а со него ќе изгледате посвежо, без многу напор и изгубено време. Можете да го нанесете на било која проблематична област со едноставно кликнување на пенкалото, повлекувајќи ја четката за да нанесете од формулата на кожата.

Долготрајната формула, содржи состојки за нега на кожа кои обезбедуваат бројни придобивки за вашата кожа, како што се: хијалуронска киселина, антиоксиданси и екстракт од марокански невен, кои заедно делуваат веднаш да го просветлат и изедначат изгледот на кожата. Meghan Markle изјави дека овој коректор толку добро се вклопува со кожата, што после целодневен работен ден сепак ќе изгледате прекрасно со здрав сјај и свеж изглед.

korektor

Можете да изберете покривност според вашиот вкус!

Овој магичен осветлувачки коректор беше лансиран во 1992 година и оттогаш брендот создаде уште една негова верзија со повисока покривност за да можете да изберете според вашиот вкус. Способноста на Touche Éclat суптилно да ја обликува и потенцира структурата на лицето, да ги замагли несовршеностите и да создаде сјај што делува како да доаѓа одвнатре е толку импресивна што по едно пакување од овој коректор, ширум светот се продава на секои 10 секунди.

korektor Touche Eclat

Каде се препорачува да се примени коректорот за најсвеж изглед без шминка?

Yves Saint Laurent Touche Eclat е како имагинарна четка која ќе ги истакне цртите на лицето и ќе му даде природен сјај без несаканиот прекумерен ефект на мрсна кожа. Создаден е за да ги замагли и природно да ги осветли темните области на лицето. Отсега натаму можете да го креирате својот свеж и одморен изглед со еден потег, седум дена во неделата.

Во продолжение погледнете ги упатствата на брендот за тоа каде се препорачува да се примени Touche Éclat за најсвежиот изглед без шминка:

Yves Saint Laurent Touche Eclat

Овде можете да го набавите Yves Saint Laurent Touche Éclat.

- Реклама -

Најнови објави