дома Блог Страна 28

Маскара со повеќе од 100.000 оценки со 5 ѕвезди! Essence Lash Princess

Essence Lash Princess mascara visual

Помеѓу чудесните креми против стареење, серумите за врвен сјај и формулите кои ја регенерираат кожата има еден производ за шминкање со пристапна цена чија формула веќе стана легендарна. Маскарата Essence Lash Princess можеби нема да ви го привлече вниманието толку брзо како некој високотехнолошки производ за затегнување на кожата или серум што содржи честички од вистинско злато. Но, веќе со првиот потег на четката ќе ве воодушеви должината на вашите трепки кои ќе бидат закривени како никогаш досега. Повеќе од 100.000 воодушевени купувачи на глобалната онлајн продавница Амазон ја оценија оваа маскара со пет ѕвездички. Со тоа оваа маскара се вивна на самиот врв на најпродавани мејкап производи.

Essence Lash Princess mascara

Ултра црна формула без грутки!

Нејзината ултра црна формула без грутки лесно се нанесува благодарение на четката во облик на конус. Создадена е од тенки влакна кои ги разделуваат трепките исто толку добро како некои полуксузни алтернативи. Но, за разлика од полуксузните конкуренти за оваа маскара ќе потрошите само неколку стотини денари.

women with essence mascara

Изглед на вештачки трепки на вашите природни трепки!

Многу бјути ентузијасти тврдат дека ова е најдобрата маскара што некогаш ја користеле. Покрај тоа, тие велат дека пробале цела палета на различни брендови, видови формули и четки – од маскари со пристапни цени што може да се најдат во секоја парфимерија до оние поскапите. Тврдат дека ниедна од нив не функционирала толку добро како маскарата од Essence.

Тие, истакнуваат дека кога ja носат маскарата Essence Lash Princess False Lash, пријателите често ги прашуваат дали носат вештачки трепки и каде ги набавиле, бидејќи изгледаат многу природно. Ќе заборавете на вештачки трепки, бидејќи маскарата Lash Princess False Lash Effect обезбедува изглед на вештачки трепки на вашите природни трепки. Четката со влакна со конусна форма помага во издолжување и подигнување на трепките за поцелосен и пообемен изглед на трепките.

Essence Lash Princess brush

Достапна со водоотпорна формула!

Причините да ја пробате маскарата Essence Lash Princess се навистина многубројни. Добро е да знаете дека оваа маскара е достапна и со водоотпорна формула. И таа на Амазон заработи повеќе од 20.000 оценки со пет ѕвезди, благодарение на отпорноста на дожд, но и на солзи. Нема да ви се размачка ниту во најекстремни услови.

Essence Lash Princess waterproof

Essence Lash Princess – најпродаваната маскара на Амазон можете да ја купите кај нас!

Маскарата Essence Lash Princess можете да ја набавите во dm дрогерие маркт.

women with Essence mascara

- Реклама -

Lancôme ја лансира најслатката Emily in Paris соработка!

Lancome X Emily in Paris visual

Додека ја чекаме втората сезона од серијата Emily in Paris, која минатата година за момент го полуде целиот свет, од Lancôme доаѓа колекција за убавина која го носи тој специфичен француски амбиент што Emily успешно го долови во серијата.

Лимитирана колекција на производи од Lancôme

Култниот француски бренд Lancôme најави лансирање на лимитирана колекција на производи за шминка, козметика и парфем инспирирани од серијата Emily in Paris. Самата соработка не е толку неочекувана со оглед на тоа што актерката Lily Collins, која го отелотворува главниот лик во серијата, со години е глобален амбасадор на овој водечки бренд за убавина.

Lily Collins

Со оваа колекција, Lacôme го слави парискиот joie de vivre (радоста на живеењето) и шармот на серијата Emily in Paris. Донесуваме начин како дома да ја пресоздадете и интерпретирате специфичната француска убавина, гламур и софистицираност“, рече глобалната претседателка на Lancôme, Francoise Lehmann, при најавата на колекцијата.

Lily Collins

Сите во знакот на Париз!

Оваа колекција наречена For the Love of Paris ќе биде лансирана во ноември, неколку недели пред излегувањето на новата сезона од серијата Emily in Paris. Како што сугерира името на колекцијата, црвената и розовата боја на амбалажа ќе асоцира на романтичното расположение во познатиот Град на светлината.

Lancome X Emily in Paris

7 врвни производи од Lancôme

Бјути колекцијата вклучува 7 производи, меѓу кои ограничено издание на Advanced Génifique серумот, палета во облик на срце со 12 сенки за очи и познатиот и посакуван мирис Idôle. Сите производи се визуелно поврзани со серијата користејќи го мотивот на Ајфеловата кула, кој ќе им биде познат на сите обожаватели на Emily и нејзиниот незаменлив привезок на чантата.

Lancome X Emily in Paris

Ѕвездата на колекцијата е палетата со сенки за очи составена од 12 нијанси наменети да создадат три специфични мејкап изгледи – оној што Lancôme го нарекува Born in France (нуд и беж нијанси), Parisian at Heart (игра со бои) и Paris a La Folie (темни и интензивни нијанси).

Emily in Paris Maxi Eyeshadow Palette visual

Производите за шминкање во колекцијата се заокружени со специјалното издание на Monsieur Big Volumizing маскарата и три мат париски совршени нијанси на карминот L’Absolu Rouge: Attrape Coeur, French Tea и Rouge Pigalle, од кои вториот е совршена црвена нијанса за ноќна прошетка низ Градот на светлината.

Emily in Paris Monsieur Big Mascara visual

Emily in Paris LAbsolu Rouge lipsticks visual

Омилениот серум за лице Advanced Génifique од Lancôme е вклучен во колекцијата For the Love of Paris, како и женскиот мирис Idôle Eau de Parfum со својата мека, но сочна мешавина на ноти од роза и јасмин.

Advanced Genifique Face Serum

Idole Eau de Parfum

Производи облечени со шармот на Emily

Новата колекција на Lancôme X Emily in Paris претставува сè-во-едно од парискиот гламур преку специјален избор на производи од Lancôme облечени со шармот на Emily.

Lancome X Emily in Paris visual

- Реклама -

Спој на екстраваганција и слобода во шишенце! Xerjoff

Xerjoff Universe visual

Xerjoff е италијански луксузен бренд создаден од Sergio Momo во 2003 година. Нуди карактеристични мириси создадени од најдобрите состојки, спакувани во неверојатни амбалажи. Тоа се единствени мириси, лимитирани серии, колекции од извонредни парфеми кои настанаа како резултат на повеќегодишно истражување и развој, врвно уметничко знаење и голема посветеност и љубов.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Xerjoff (@xerjoff)

Долготрајни мириси кои освојуваат на секој чекор!

Мирисните колекции Shooting Stars, 17/17 Stone Label, Oud Stars, Join The Club, 1861, „V“, Coffe Break го отсликуваат спојот на луксузот и современиот начин на живот. Италијанскиот луксузен бренд Xerjoff го карактеризираат долготрајни мириси кои освојуваат на секој чекор, креирани од најквалитетните компоненти. Спојот на екстраваганција и слобода во шишенце кои секогаш ќе сакате да ги задржите како драг спомен во вашиот дом.

Ова се најдобрите мирисни композиции!

Тешко е да се одбере еден фаворит помеѓу сите овие прекрасни мирисни композиции. Поради тоа, ви претставувам неколку од нив.

Xerjoff Shooting Stars La Capitale

Од колекцијата Shooting Stars ни доаѓа унисекс изданието La Capitale кое е посветено на градот Москва, но и цела Русија. La Capitale е префинет парфем кој го отсликува шармот на оваа бескрајна земја, богат со традиција, култура, уметност и историја. Сладок и пудрест… ќе го засакаат дури и оние на кои Русија не им е прва на листата од посакувани дестинации. Можеби после него ќе го промените мислењето.

Xerjoff Shooting Stars La Capitale

Xerjoff Coffee Break Golden Dallah

Coffee Break е колекција инспирирана со интригантна историја на интернационалната трговија со кафе. Топлиот и егзотичен парфем Golden Dallah привлекува со својот неодоливо ориентален зачински карактер.

Xerjoff Coffee Break Golden Dallah

Xerjoff Join The Club More Than Words

Парфемот More Than Words е еден од најголемите скапоцености на мирисната колекција Join The Club и претставува таен клуб на писатели и поети. Инспириран е со разновидна литература и моќта на пишаните зборови. Уметничките визии се преточуваат на хартијата.

Xerjoff Join The Club More Than Words

Xerjoff Universe

Доколку ве заинтригирав, подигнете го својот истражувачки дух и зачекорете во Xerjoff Universe.

- Реклама -

Троен ефект за подмладувачка нега на кожата! Eucerin Hyaluron Filler Triple Effect

Eucerin Hyaluron Filler Triple Effect visual

Новата генерација на креми со троен ефект Eucerin Hyaluron-Filler Triple Effect е карта за успех во подмладувачката нега на кожата. Формулата со подобрена ефикасност на Hyaluron-Filler популарната линија против стареење обезбедува пополнување, стимулирање и заштита на кожата!

Eucerin Hyaluron Filler Triple Effect bottle

Откријте ја најновата генерација на производи за подмладувачка нега!

Дермокозметичкиот бренд Eucerin чии производи имаат моќ да го променат животот на луѓето, ја претстави најновата генерација на производи за подмладувачка нега на кожата Eucerin Hyaluron-Filler. Новата формула има за цел холистички пристап во борбата против стареењето – покрај тоа што ги надополнува резервите на хијалуронска киселина во кожата, ја стимулира кожата да ја произведува и да ја задржува подолго сопствената хијалуронска киселина. Ова се должи на ниско и високо молекуларната хијалуронска киселина, глицин-сапонин и новиот еноксолон, што го намалува распаѓањето на сопствената хијалуронска киселина. Тројниот ефект на новата формула доаѓа во ново, модерно пакување кое го надополнува чувството за врвна нега на кожата против стареење.

Eucerin Hyaluron Filler Triple Effect visual

Дознајте зошто Eucerin ја вклучи хијалуронската киселина во своите формули!

Хијалуронската киселина е многу популарна состојка во производите против стареење на кожата. Од една страна, тоа е природна состојка што самата кожа ја произведува, а од друга – има неверојатна способност да привлече и задржи вода со волумен помеѓу 1000 и 10.000 пати поголем од сопствениот волумен. Поради овие ненадминати предности, Eucerin одлучи да ја вклучи во своите формули против стареење на кожата и стана првата компанија во светот што го направи овој чекор.

Но, иако нашето тело произведува една од главните состојки на младоста, треба да ги надополниме залихите и дополнително да го стимулираме нејзиното производство, бидејќи со текот на времето таа се намалува. Истовремено се забрзуваат и процесите коишто водат до нејзино разградување – дејството на слободните радикали и биоразградувањето со ензимот хијалуронидаза. Така, на дваесет и повеќе години почнуваме да ги чувствуваме првите знаци на промена – дехидратација и фини линии и брчки.

За да помогне во контролирање и забавување на овој процес, Eucerin користи холистички пристап во својата нова формула во линијата Eucerin Hyaluron-Filler. Ја полни кожата со хијалуронска киселина за да ја хидрира и да ги пополни брчките, го стимулира сопственото производство на хијалуронска киселина со антиоксидантот глицин-сапонин, зголемувајќи го нивото на 256% и ја штити со новата активна состојка еноксолон, што го намалува распаѓањето на хијалуронската киселина за 50%.

Eucerin women 99%

Се прашувате како точно делува формулата?

Хијалуронска киселина

Eucerin користи хијалуронска киселина со висока молекуларна тежина чии молекули се големи и имаат најголема моќ да привлечат и задржат вода за да го хидрираат горниот слој на кожата и да ги пополнат фините линии. Хијалуронската киселина со ниска молекуларна тежина (со молекули до 40 пати помали од оние со висока молекуларна тежина) продира длабоко во дермисот, каде што ги пополнува подлабоките брчки и го стимулира сопственото производство на хијалуронска киселина.

Глицин-сапонин

Процесот е потпомогнат од антиоксидантот глицин-сапонин, којшто исто така ги стимулира фибробластите во дермисот да произведуваат хијалуронска киселина. Покрај тоа, глицин-сапонин го поддржува производството на колаген до 49%. Во in vitro студиите, ја покажа својата способност да заштитува од оксидативен стрес.

Еноксолон

Последниот чекор во севкупниот пристап кон негата против стареење на Eucerin Hyaluron-Filler е да се спречи разградувањето на хијалуронската киселина. Под влијание на слободните радикали и на природните ензими во кожата, значаен дел од хијалуронската киселина брзо се разградува и со возраста овој процес станува поинтензивен. Затоа Eucerin ја вклучува во линијата Hyaluron-Filler новата состојка еноксолон – извлечена од корен на сладунец. Еноксолон ги инхибира ефектите на хијалуронидазата и го намалува природниот ензимски распад на хијалуронска киселина. На овој начин, поголемиот дел од хијалуронската киселина останува подолго во кожата, за да ја хидрира и да ги пополнува фините линии и брчки.

Новата формула пополнува, стимулира и штити!

Како резултат на интеракцијата на оваа уникатна комбинација на активни состојки, Eucerin Hyaluron Filler ги задоволува потребите на кожата за хијалуронска киселина, го стимулира сопственото производство на хијалуронска киселина на кожата за повеќе од 200% и го намалува неговото распаѓање за 50%. На овој начин новата формула пополнува, стимулира и штити.

Новата генерација Eucerin Hyaluron-Filler ја покажува способноста да ги намали првите и највидливи знаци на стареење како што се дехидратација, фини линии и брчки. Со редовна употреба, 99% од учесниците во истражувањата велат дека нивните брчки се пополнети – дури и најдлабоките брчки. Производите Eucerin Hyaluron-Filler се спротивставуваат на процесот на стареење и обезбедуваат видливо помлад изглед на кожата, а таа е помазна и посјајна.

Покрај тоа, клиничките и дерматолошките студии покажаа многу добра толеранција од кожата, дури и од чувствителна кожа. Производите се некомедогени, што значи дека не ги затвораат порите и не предизвикуваат акни.

Како до најдобри резултати!

Eucerin препорачува комбинирана употреба на производите од колекцијата Hyaluron-Filler за максимална ефикасност. На пример, примената на Eucerin Hyaluron-Filler Витамин Ц Бустер пред дневните креми (со или без SPF30) значајно го подобрува подмладувачкиот ефект.  Употребата на Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум пред ноќниот крем од истата линија помага во регенерација на кожата и ексфолијација на мртвите клетки. Употребата на Eucerin Hyaluron-Filler Серум пред дневниот крем од линијата значајно ја подобрува состојбата на фините линии и брчки, како на пример оние во предел околу очите, устата и на деколтето.

Eucerin women

Производите за подмладувачко дејство достапни во ново пакување!

Обновената линија на производи со подмладувачко дејство Eucerin Hyaluron-Filler Triple Effect е достапна и во ново пакување. Нивниот модерен дизајн придонесува за целокупното чувство на врвно уживање во нега на кожата. Беше посветено внимание и на еколошкиот момент, па на одредени производи, на пример Eucerin Hyaluron-Filler серумот, пакувањето е направено од 80% помалку пластика.

Eucerin cream on hand

Каде може да се набават производите од Eucerin!

Производите од Eucerin Hyaluron-Filler Triple Effect линијата со обновена формула и надворешен изглед се достапни во аптеките ширум Македонија.

Women with Eucerin Hyaluron Filler

- Реклама -

Парфеми кои секоја Французинка ги користела барем еднаш во животот!

parfemi visual

Французинките, кои многу жени ги сметаат за идеални кога станува збор за тенот, косата, стилот, ставот и стасот, знаат многу за парфемите. Не е ни чудо, бидејќи токму во Франција се наоѓаат некои од најпознатите брендови за парфеми на денешницата, кои таму имаат свои луксузни бутици, но одгледуваат и суровини кои ќе станат најмагични мирисни ноти во парфемските креации.

парфеми

Францускиот Grasse, има репутација на град кој мириса најдобро од сите европски градови и денес со право се смета за лулка на парфимерството какво што го знаеме денес. Розата одгледана во градот Grasse има репутација на цвет кој инспирираше многу дизајнери на парфеми.

Секоја Французинка ги користела! Дали знаете кои се тие?

Франција е полна со реномирани парфемски куќи со богата традиција, како и niche брендови кои брзо беа препознаени од ентузијастите за мода и убавина. Некои од нивните мириси се речиси бесмртни и со сигурност може да се каже дека речиси секоја Французинка ги испробала во својот живот. Дали знаете кои се тие? Убедена сум дека некои од нив и самите сте ги пробале, бидејќи со години се достапни во нашите парфимерии. Не само вие, туку и вашите мајки, бидејќи парфемите како легендарниот Opium од Yves Saint Laurent потекнуваат од таа ера. Иако се лансирани пред многу години, сепак сјаат и палат и имаат безвременски квалитет кој нема да избледи толку брзо.

Можеби еден од нив е вашиот омилен мирис!

Во продолжение пронајдете ги шесте мириси кои секоја Французинка ги користела барем еднаш во животот. Можеби го има и вашиот омилен мирис!

Chanel No. 5 (1921)

Парфеми кои секоја Французинка ги користела барем еднаш Chanel No. 5 Parfum
Chanel No. 5 Parfum

Guerlain Shalimar (1925)

Guerlain Shalimar Eau de Parfum
Guerlain Shalimar Eau de Parfum

Yves Saint Laurent Opium (1977)

Yves Saint Laurent Opium
Yves Saint Laurent Opium

Kenzo Parfums Flower by Kenzo (2000)

Flower by Kenzo Eau de Parfum
Flower by Kenzo Eau de Parfum

Chanel Coco Mademoiselle (2001)

Chanel Coco Mademoiselle Parfum
Chanel Coco Mademoiselle Parfum

Cacharel Anaïs Anaïs (1978)

Cacharel Anaïs Anaïs Eau de Toilette Парфеми кои секоја Французинка ги користела барем еднаш
Cacharel Anaïs Anaïs Eau de Toilette
- Реклама -

Шминка за Ноќта на вештерките! 4 идеи за „страшен“ мејкап изглед!

Ноќта на вештерките

Ноќта на вештерките или попопуларно – Halloween традиционално се слави во САД, Австралија, Канада и Нов Зеланд, но станува се попопуларен и кај нас. Одлична можност да ја пуштиме нашата имагинација и да се осмелиме барем еднаш годишно да бидеме што сакаме. Покрај мирна рака и трпение, потребна е и малку фантазија. Типични бои за Ноќта на вештерките се: портокалова и црна, првата асоцира на бојата на тиквите, а втората со стравот и лилјаците, но кога станува збор за шминка за Ноќта на вештерките – се е дозволено!

Спајдер девојка!

Освен тиквите, кои се главна карактеристика за Ноќта на вештерките, еден од симболите кои речиси секогаш го поврзуваме со Ноќта на вештерките се пајаците и мрежата што ја прават. Тие алудираат на страв и темнина, а ако вашиот избор за оваа вечер не е целосен костим, туку само некој омаж на еден од овие симболи во форма на шминка, издвоив неколку идеи за вас.

Со црн туш или молив за очи во неколку потези „исплети“ ја пајаковата мрежа под окото, а ако тоа не е доволно застрашувачки, додадете дополнителна доза на драма со помош на интензивна црвена или портокалова сенка. Кога ќе размислам малку подобро… во суштина, не е важно каква нијанса на сенка ќе изберете, важно е само да вреска!

пајажина

Сега е време за прв пат да залутате во оние скриени агли на вашите палети со сенки, кои никогаш не ги користите, затоа што мислите дека можеби се премногу агресивни за секој ден.

Портокаловата е нова црна и обратно!

Дали портокаловите нијанси на кармин ве враќаат во детството, кога тајно ги земавте од чантата на вашата мајка и ги нанесувавте на усните додека никој не ве гледаше? Морам да признам дека целосно портокаловите кармини не се баш во тренд, па дури и кога се одлучуваме за потемна нијанса на кармин, обично „одиме сигурно“ и избираме црвени или кафени тонови.

Од друга страна, црниот кармин е нешто што повеќето од нас никогаш не би помислиле да го носиме, затоа што едноставно нема многу прилики, а можеби никогаш не сме го ни пробале и не знаеме како ќе ни стои. Едно е сигурно, кога во прашање е Ноќта на вештерките – портокаловата е нова црна и обратно!

Ноќта на вештерките портокаловата е нова црна

Можности за варијации има многу, но портокаловата најмногу поради асоцијацијата со тиквите, дефинитивно е вистински избор за Ноќта на вештерките, без разлика дали ќе ги краси вашите усни или очни капаци. Црната боја како бојата на темнината и лилјаците е добар избор за оваа ноќ, а на вас е да излезете од вашата комфорна зона, да ја пуштите фантазијата и да почнете да експериментирате!

Powerpuff Girl

Епизодите на Powerpuff Girls можат да послужат како инспирација за шминкање во најстрашната ноќ! Можеби се сеќавате на Blossom, Bubbles и Buttercup и нивните „заштитни“ бои кои ги носеа, а сега може да ни бидат инспирација за Ноќта на вештерките.

Ноќта на вештерките

Се прашувате кога повторно ќе биде вистинско време за зелен или син кармин, екстремно долги трепки, неон светкави нијанси на сенки или цртање срца на лицето? Одговорот е – во ова време, но следната година! Затоа, едноставно мора да искористите сè од вашиот арсенал за шминка, бидејќи можностите како оваа се ретки.

Жена пламен!

Црвената боја симболизира различни поими за сите нас, без разлика дали тоа е љубов, страст или моќ, но во најстрашната ноќ симболизира оган. Пламенот го поврзуваме со борбеност, храброст и непоколебливост, а сигурно е дека секоја од нас каде и да се појави сака да остави впечаток на силна, самоуверена, модерна жена која храбро граби кон целта и ги уништува сите препреки пред неа, исто како пламенот.

Соодветно на тоа, можете да го зачините вашиот cat-eye идеален изглед за Ноќта на вештерките со туш или молив за очи во црвена боја и да нацртате пламен за уште поефективен впечаток и храбар изглед. Како што веќе спомнав, во оваа ноќ се е дозволено, а црвениот кармин, туш за очи и сенка не се баш погодни за секојдневен мејкап изглед, па осмелете се да бидете храбри и да пленете со својот изглед!

пламен

- Реклама -

Погледнете колку убаво е уредена новата FABUspot парфимерија во East Gate Mall

FABUspot East Gate Mall visual

FABUspot во East Gate Mall не освои на прв поглед со својот префинет стил и концепт. Накратко, тоа е продажен простор кој поттикнува на интеракција и истражување!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ubavina za site (@ubavinazasite)

Нова ера на убавина! FABUspot

FABUspot го отвори своето трето продажно место во Скопје, според највисоките стандарди во светот на козметиката. Тоа е нов малопродажен концепт на компанијата Orbico Beauty, кој нуди производи за нега на кожа, шминка и мириси. Концептот се заснова на охрабрувачки истражувања и потрага по нови возбудливи производи за убавина, преку различни просторни зони и активности.

FABUspot East Gate Mall parfimerija

FABUspot East Gate Mall parfimerija

Добро познатиот квалитет и богат избор на брендови, отсега и во East Gate Mall

Познати како Anabella Beauty Spot парфимерии, оваа година се ребрендираа во FABUspot. Уште од 2016 година ја докажуваат својата професионалност и ексклузивност, следејќи ги најновите трендови за убавина.

FABUspot нуди голем избор на познати брендови и висококвалитетни производи. Дел од секоја парфимерија се и шопинг асистентите, кои воедно се и консултанти на брендовите, со цел да ги упатат купувачите во вистинска насока при изборот на посакуваниот производ, според типот на кожата, потребата и желбата.

Во новоотвореното продажно место во East Gate Mall ќе искусите едно поинакво бјути доживување. Новите услуги и понуди се само уште еден показател дека вашето задоволство и насмевка се најважен поттик и инспирација за FABUspot.

Lila Filipovska vo FABUspot

Dadar vo FABUspot

Ново и поинакво бјути доживување!

Компанијата Orbico Beauty преку FABUspot парфимериите го создаде овој проект како резултат од љубовта и трудот на нивните инсајдери кои имаа за цел да креираат место каде сите љубители на козметика што сакаат да ја истражуваат убавината, да го сторат тоа во чекор со најновите трендови.

Несовршеностите во текстурите на материјалите и боите и неочекуваните просторни елементи го разликуваат FABUspot од другите парфимерии и суптилно го префрлаат акцентот од наметнатото и испеглано совршенство, во создавање на порелаксирана атмосфера при изборот и купувањето. Целта останува иста, сите ние да се чувствуваме удобно, пријатно и привлечно во својата кожа!

Доволна провокација да ја посетите FABUspot парфимеријата!

Новата парфимерија FABUspot во East Gate Mall не освои, што е доволна провокација да ја посетите во приземјето на East Gate Mall во Скопје.

FABUspot East Gate Mall parfimerija

FABUspot East Gate Mall parfimerija

Stay FABUlous

Stay FABUlous

Stay FABUlous

Stay FABUlous

Stay FABUlous

- Реклама -

Среќата има многу страни! Најновата е La Vie Est Belle Blanche

La Vie Est Belle Blanche visual

Lancôme го претстави La Vie Est Belle L’Eau de Parfum Blanche, мирис на неодолив излив на среќа што ја загрева планетата како зраците на изгрејсонце. Од Париз, нова радосна интерпретација на среќа ги осветлува градовите ширум светот. Возбудлив и пријатен – новиот женски мирис ќе ви го загрее срцето. Ве повикува да го зграпчите!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lancôme Official (@lancomeofficial)

Новиот мирис ја обвива препознатливата гурманска трага со мошус!

Новото издание на парфемската линија La Vie Est Belle ја обвива препознатливата гурманска трага на иконскиот Eau de Parfum, но со поголема доза на мошус, давајќи му пудресто и кремасто чувство.

Lancome

Уживајте во убавината на животот, повторно со познатата нота на блескав ирис!

Мирисната композиција предводена од бергамот и розов бибер, нуди беспрекорна живост на мирисот на вашата кожа. Во блескавото срце, дарежливиот букет од бели цветови и ирис ги расплетува своите ливчиња. Зависноста од ирисот и елеганцијата на пачулито блескаат во чиста трага од интензивен мошус, обвивајќи се како втора кожа. Како аура на блескава светлина!

La Vie Est Belle iris

Што го прави различен?

Воведувањето на најчист аспект на среќата во мирисната колекција La Vie Est Belle е она што го прави различно од другите новото ограничено издание на овој женски парфем. La Vie Est Belle Blanche претставува зависност од мирисна обвивка. Текстурата од мошус на мирисот му даваат мекост и сензуалност, создавајќи мирисна аура како втора кожа.

La Vie Est Belle Blanche

Julia Roberts – заштитно лице на парфемската линија!

Како Julia Roberts, осветлете го градот со вашата насмевка и неколку капки од парфемот La Vie Est Belle Blanche.

Julia Roberts

Што друго треба да знаете!

Шишенцето на парфемот е украсено со бел бисерен финиш кој открива топла розова насмевка, како ореол на среќата.

La Vie Est Belle Blanche bottle

- Реклама -

Gillian Anderson го обожава Clinique Moisture Surge кој ги брише брчките и ја храни кожата!

Gillian Anderson Clinique Moisture Surge visual

Безусловна е љубовта на Gillian Anderson кон хидратантниот крем Clinique Moisture Surge и затоа во секоја прилика го истакнува како најзаслужен производ за нејзиниот младешки изглед.

Moisture Surge cream

Сјајна кожа на лицето исто како пред многу години!

Со своите феноменални актерски способности Gillian Anderson преминува од улогата на Margaret Thatcher во улогата на сексуален терапевт во серијата Sex Education. Сепак, некои сè уште ја паметат како личност која убеди многу луѓе во постоењето на вонземјани во The X-Files. Таа навистина е сестрана и брилијантна актерка која нè фасцинира со години. Со оглед на тоа дека нејзината кожа на лицето денес е речиси исто толку сјајна како и пред многу години, многу ентузијасти за убавина се заинтересираа за нејзината рутина за убавина, а еден производ се истакна како нејзин свет грал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gillian Anderson (@gilliana)

Благодарение на кремот Clinique Moisture Surge, Gillian денес изгледа подобро од било кога!

Gillian неодамна објави на својот Инстаграм профил дека за нејзиниот беспрекорен изглед во серијата Sex Education одговорна е пудрата Magic Foundation од Charlotte Tilbury, како и руменилото и маскарата од истиот бренд, но и сенката за очи од Bobbi Brown.

Кога станува збор за нега на кожата, таа неизмерно ја пофалува линијата Skinesis од брендот Sarah Chapman, а покрај неа таа постојано ја изразува својата безусловна љубов кон хидратантниот крем Clinique Moisture Surge. Таа тврди дека и покрај сите луксузни креми кои низ годините ги добивала на подарок, секогаш се враќа на кремот Clinique Moisture Surge, особено во ситуации кога почнува да чувствува дека кожата и е сува и дека и треба голема доза на хидратација.

Gillian Anderson Clinique Moisture Surge apply on face

Илјадници оценки со пет ѕвезди за Clinique Moisture Surge!

Gillian навистина има одличен вкус! Clinique Moisture Surge хидрантната крема за лице заработи илјадници оценки со пет ѕвезди во бројни веб-продавници за убавина. Нејзината формула без парабен, фталати и мирис освојува многу пофалби од купувачите кои бараат спасител за нивната сува кожа. Содржи хијалуронска киселина, екстракт од лисја од зелен чај кој делува како моќен антиоксиданс, екстракт од кора од бреза, витамин Е, кофеин и витамин Ц, сето тоа за да се создаде најблескав тен.

Фините линии речиси веднаш ги прави помалку видливи!

Бонусот е што фините линии речиси веднаш ги прави помалку видливи. Оваа формула без масло особено ги плени оние кои имаат мешан и сув тип на кожа, што е малку изненадувачки ако се земе предвид дека помрсните типови на кожа претпочитаат лесни, гел текстури. Moisture Surge 100 Hour за неколку минути обезбедува релаксиран и освежен изглед. Кожата е нахранета, сјајна и со младешки изглед.

Moisture Surge texture

Каде може да се набави?

Хидратантниот крем Clinique Moisture Surge можете да го набавите во FABUSpot парфимериите!

Clinique

- Реклама -

Откриена е тајната на совршениот туш за очи на Adele!

Аdele tus za oci visual

По долгогодишно чекање, Adele се врати исто како и нејзините беспрекорно исцртани црни линии на очите. Иако денес не можеме да ja замислиме без туш на очите, црните линии настанаа сосема случајно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele)

Шминкерот на Adele го открива трикот за нејзиниот бјути потпис!

Michael Ashton, шминкерот на Adele неодамна призна дека никогаш не помислил дека карактеристичните црни линии на очите, направени со туш за очи, по кои омилената Adele сега е позната во светот на убавината, ќе станат толку иконски. Овој експерт за шминка е по потекло од Нов Зеланд, а кариерата ја започна како фризер.

Michael Ashton

Тој првпат ја запозна Adele за време на создавањето на нејзиниот деби албум, во 2007 година. Неодамна се потсети на деновите кога на Adele првпат ја испроба сега глобално препознатливата црна линија на очите.

Во нејзината куќа всушност дојдов за да и ги скратам шишките, а потоа пред да оди да се сретне со пријателите, ме праша дали можам набрзина да извлечам линија со тушот за очи. Останатото е историја“ – изјави Michael.

Adele eyeliner

Покрај тоа што е одговорен за некои од најубавите креации на лицето на омилената Британка, овој шминкер соработува и со други познати личности, како Hilary Swank, Keira Knightley и Penélope Cruz, а моментално соработува со Marc Jacobs Beauty.

Запишете го овој трик!

Сите знаеме дека совршено исцртана линија покрај окото не е лесно да се направи, па некако премногу често избегнуваме да се вклучиме во целиот процес. Ова е трик препорачан од Michael Ashton кој би можел да ви го олесни животот, кога се работи за туш за очи.

Ако сакате да направите совршена линија со туш за очи, секогаш започнете од надворешниот агол на окото и движете се кон внатрешниот. Така со раката ќе направите права линија“, објаснува тој. „Почнете од надворешниот раб на трепките кон средината, а потоа повлечете тенка линија од внатрешниот агол на окото за да ги поврзете. За крај, извлечете го врвот према надвор“.

Adele and Michael Ashton

Во случај да направите грешка, запомнете го ова!

Ако исцртаниот врв е пренизок за вас, повлечете го нагоре под агол од 45 степени. Ова ќе ја изостри линијата и ќе добиете издолжен и затегнат изглед на окото“.

Adele

Додека го пробувате овој совет, слушајте ја новата песна Easy On Me, можеби ќе ви помогне да ја пронајдете вашата внатрешна Adele.

- Реклама -

Најнови објави