дома Блог Страна 3

Откријте ги најдобрите Trussardi мириси!

Trussardi visual

Влезете во светот на неодоливите и вонвременски мириси на Trussardi. Донесете го мирисот на прекрасната Италија на вашата кожа!

Trussardi Donna

Нотите на лимон и пачули му даваат на Donna парфемот спој од свежина и острина, додека женственоста е осигурена преку комбинацијата на јасмин, лотос и цвет од портокал.

Во 2011 година, Trussardi Donna заедно со својот машки пар Trussardi Uomo се претставени како круна на стогодишното постоење на брендот, со преформулиран состав во однос на истоимениот парфем од 1994 година.

Софистициран, возбудлив и сензуален, Trussardi Donna EDP дава доза ненаметлива елеганција на секоја жена што го носи.

Trussardi Donna

Trussardi Uomo

Нотите на лимон и бергамот му даваат доза свежина на тоалетната вода Trussardi Uomo. Гераниумот и жалфијата му даваат доза на острина, додека нотите на кожа и пачули ја носат топлината.

Модната куќа Trussardi ја обележа стогодишнината од постоењето со претставување на два нови мириси, женскиот Donna и машкиот Uomo. Безвременската елеганција е синоним за овие два парфеми. Совршена рамнотежа помеѓу класичните и современи моменти, што ги прави соодветни за секоја прилика.

Trussardi Uomo

Trussardi Feminine

Денешната жена е храбра, еманципирана, слободна, самостојна и секогаш управува со својот живот. Инспириран од оваа суштинска вредност на современата женственост, Trussardi Parfums создаде нова класика во уметноста на парфемскиот свет и автентична одредница на идентитетот на брендот.

Trussardi Feminine visual

Композицијата на Trussardi Feminine е претставена во 2021 година. Тоа е првиот парфем на модната куќа кој е дизајниран за новите, современи жени кои знаат како да ја комбинираат етиката и естетиката, посветени на правдата и убавината. Одлучни секогаш да бидат одговорни за својата судбина и способни да ги пренесат овие пораки на следните генерации. Оваа апсолутно италијанска мирисна композиција е формулирана од типично италијански состојки кои евоцираат елеганција, спокој, среќа и убавината на Италија. Креацијата на Feminine е настаната околу основните параметри на италијанскиот дух и женствената храброст.

Trussardi Feminine

Trussardi Pure Jasmine

Парфемската вода Trussardi Pure Jasmine припаѓа на chypre цветната фамилија – цвеќе во бела боја. Горните ноти се ф’стак, нероли и бергамот, а во средните ноти се јасмин, муган и шапака, додека базата ја чинат ванила, сандаловина и пачули. Pure Jasmine парфемската вода креирана од Violaine Collas и Julie Masse е претставена во 2022 година. Совршена, свежа, а топла мирисна композиција.

Trussardi Pure Jasmine

Trussardi Le Vie di Milano Paseggiata in Galleria Vittori Emanuele II

Le Vie di Milano Paseggiata in Galleria Vittori Emanuele II е унисекс мирис, патување кое започнува и временски и просторно оддалечено како би се отсликала единствената атмосфера која се наоѓа на улиците во Милано. Елеганцијата на овој парфем се гледа во слатките топ ноти на лешник, кафе и цимет, кои лесно се мешаат во коктел од кокос и тубероза, а завршниот удар доаѓа од самбак јасмин. Во основните ноти доминира кедар, ванила и бел мошус.

Le Vie di Milano Paseggiata in Galleria Vittori Emanuele II

Trussardi Le Vie di Milano Via della Spiga

Le Vie di Milano Via della Spiga го отсликува бескрајниот шопинг на улицата Via della Spiga. Се отвора со ноти на бергамот, јаболко и саќе. Потоа елегантно преоѓа низ нотите на јасмин и махони. Средните ноти доаѓаат од капка мед, кој го прави мирисот сензуален и заносен. Долните ноти се обележани од хелиотропин, глог и билка тонка низ единствениот допир на ориентален мошус.

Le Vie di Milano Via della Spiga

Trussardi Le Vie di Milano Porta Nuova

Патувањето со Le Vie di Milano Porta Nuova започнува со лист од мандарина, италијански нероли и калабриски бергамот. Средните ноти имаат во себе амарето и ирис, кои во основата се мешаат со ноти на ванила и амбер.

Le Vie di Milano Porta Nuova

- Реклама -

Lust for Sun: Новиот Juliette has a gun парфем кој го „зароби“ летото во шише!

Juliette has a gun Lust for Sun visual

Скопје, Bloom Season прекрасната градина со базен, сега украсена со уникатен сетап. Претставувањето на новиот Lust for Sun парфем на niche брендот Juliette has a gun започна. Сонцето е високо на небото. Бојата во базенот е чиста азурна. Обожавателките на Juliette на своите потпетици зачекорија на сцената. Време е за забава! Базенот е нивниот театар каде денес тие ја имаат водечката улога. Нивната модна писта доминира со разиграност и софистицираност. Нивната самодоверба е беспрекорна. Дрски, женствени, провокативни, дури ни фламенгото не може да одолее.

Bloom Season Skopje Lust for Sun

Lust for Sun

Ех, да можеше сонцето да се „зароби“ во шише, за да трае вечно овој безгрижен ден покрај базенот… Да се нурнеме во него секогаш кога ни треба малку енергија и оптимизам. И еве го!

Стоечки овации до работ на базенот за LUST FOR SUN – нивниот препознатлив мирис. Сензуален парфем кој потсетува на сончеви зраци врз топла, златна кожа.

Juliette has a gun Lust for Sun bottle

Вооружени само со својот парфем!

На презентацијата за најновата мирисна креација на брендот Juliette has a gun – Lust for sun, во Bloom Season во Скопје, се приклучија и многу обожавателки на брендот. Juliette has a gun е синоним за женственост – Шекспирова Јулија, на која се гледа како елегантна, модерна, понекогаш слободоумна и понекогаш шармантна жена која ја цени слободата над сè друго. Таа е вооружена само со својот парфем, а овој пат станува збор за мирис кој го „зароби“ летото во шише.

Викторија Лоба

Juliette has a gun Lust for Sun

Juliette has a gun Lust for Sun Jovana Stojmenov

Juliette has a gun Lust for Sun Monika Kocareva

Juliette has a gun Lust for Sun Maja Kikiritkova

Juliette has a gun Lust for Sun Maja Tilevska

Инспирација на креаторот Romano Ricci

Lust for sun е ода на радоста на летото, парфем кој совршено ги евоцира сончевите зраци и топлината на кожата. Креаторот на мирисот Romano Ricci, овојпат инспирацијата ја најде во прекрасниот амбиент на азурен базен.

„Замислив ново игралиште за нашата Juliette: нејзиниот базен. Магични декорации, каде нашата дива ги поставува правилата и очекува од нејзината придружба да ги исполни сите нејзини желби.

Сите се соодветно облечени, дури и розовото фламинго носи шал додека заедно позираат за селфи. Разиграна слика за ерата во која живееме каде што социјалните мрежи и постојаното инсценирање на нашите животи нè поттикнуваат да бидеме уште поекстравагантни“ – Romano Ricci

Juliette has a gun flamingo

Bloom Season Skopje

Bloom Season Skopje

Соларен и цветен!

По патеката на Juliette, блескајќи од светлина, милувањето на парфемот не е ништо помалку од галење. Цветен, со ноти , само едно прскање со Lust For Sun ќе ве потопи во летото со сензуален мирис кој потсетува на сончевите зраци на топла и бронзена кожа.

Шишето е совршен одраз на самата Juliette!

Шишето рефлектира жолти нијанси на топло сонце. Засилено со сјајното метално капаче, LUST FOR SUN шишенцето е блескав примерок, совршен одраз на самата Juliette.

Обвиени со Lust for Sun собирате добра енергија околу себе!

Обвиени со новиот мирис Lust for Sun е се што ви треба смело да уживате во фантастичното лето. А Juliette? Сега е екстравагантна дури и кога седи покрај базен со коктел во раката, со магнетна привлечност собирајќи околу себе добра енергија.

Juliette has a gun Lust for Sun visual

Lust for Sun coctail

Juliette has a gun coctail

Juliette has a gun Lust for Sun Викторија Лоба

Јована Стојменов

Juliette has a gun Lust for Sun

Lust for Sun

- Реклама -

Серум со кој ќе заборавете на стареењето на кожата! Lancôme Absolue The Serum

Lancôme Absolue The Serum

Сега можете да ја третирајте кожата на лицето со серум создаден благодарение на богатите научни откритија на Lancôme лабораторијата.

Нурнете во луксузот и разгалите се со Absolue The Serum – серумот за лице од Lancôme. Капка по капка, луксузниот серум ќе и помогне на кожата на лицето да го забрза процесот на обновување на клетките на површината на кожата, за да биде видливо помазна, пополна и сјајна. Кожата ќе изгледа помладо, поцврсто и сјајно со вечен златен сјај.

Lancôme Absolue The Serum

Знаци на стареење!

Како старееме, обновувањето на клетките на површината на кожата се забавува, а со тоа и нивото на антиоксиданси во кожата. Ова доведува до појава на знаци на стареење: кожата е погруба, тонот на кожата е нерамномерен, а со тоа се губи природниот сјај.

Lancôme Serum

Ревитализирајте ја кожата со милиони нови површински клетки!

Absolue The Serum е концентриран серум кој помага да се забрза обновувањето на епидермалните клетки, за на крајот да се постигне резултат на помлада и посјајна кожа. Формулата е составена од ексклузивна мешавина од екстракт од роза, витамин Е и проксилан. Absolue The Serum ја ревитализира кожата со милиони нови површински клетки за сјаен, младешки изглед.

Absolue The Serum

Моќта на обновувачките молекули!

Perpetual Rose – концентрат од обновувачки молекули кои го реактивираат активаторот за долговечност.

Екстракт од дрво од роза – делува како антиоксиданс.

Pro-Xylane – ги намалува видливите знаци на стареење и го спречува нивното појавување.

Lancôme Serum

Ефект!

Серумот го враќа природниот сјај на кожата на лицето, ги обновува клетките и ја ревитализира кожата.

8 причини ЗА!

#1 Ја враќа еластичноста на кожата и младешкиот изглед на лицето,

#2 Го забавува стареењето на клетките и ја регенерира кожата,

#3 Ги измазнува фините линии и брчките,

#4 Ја ревитализира, пополнува и зајакнува кожата,

#5 Ефикасно хидрира, храни и зајакнува,

#6 Освежува, ја ублажува иритацијата и на лицето му дава блескав изглед,

#7 Лесна и нежна текстура,

#8 Стаклената амбалажа може да се рециклира и повторно да се полни.

Absolue The Serum Refill

Како се користи?

Нанесете едно испумпување од серумот на врвот на прстите и со рамномерно тапкање со прстите нанесете на лицето, избегнувајќи го пределот околу очите.

Lancôme Absolue The Serum

Златна рутина за златен тен!

Можете да ги комбинирате Absolue The Serum и Absolue Soft Cream за да го максимизирате обновувањето и потхранувањето на кожата. Таргетирајте го подмладувањето на очите со Absolue Eye Cream – кремата за очи.

Lancôme Absolue

- Реклама -

Мирис полн со став, создаден за моќна жена! The Icon Women

Antonio Banderas The Icon Women Eau de Parfum

Линијата на парфеми The Icon на Antonio Banderas доби нов женски мирис, женствена креација со топол и цветен мирис. The Icon Women е полн со став, создаден за моќна жена.

Antonio Banderas The Icon Women Eau de Parfum

Што е успех? Дали тоа е слава? Моќ? Богатство?

Можеби отсекогаш успехот бил поврзан со овие поими, но времињата се менуваат. Време е да се редефинира и трансформира значењето на успехот, приоѓајќи му од женска и актуелна перспектива.

Новиот Antonio Banderas The Icon парфем води кон нови поими поврзани со успехот. Можеме ли да бидеме деликатни и полни со сила во исто време? Ова е премисата која стои зад мирисот и не придвижува во територии каде што можеме да бидете смели и слободни, исто како жената што ја претставува.

Antonio Banderas The Icon Women Eau de Parfum

Успехот е став! Храброста, слободата, ентузијазмот и автентичноста се новите вредности!

Жената икона го слави животот и се бори за она што го сака. Нејзиното мото е: биди сигурна, слободна, храбра, ентузијастичка, оригинална, автентична и природна.

Antonio Banderas

Пикантно, сочно и овошно отворање!

Композицијата на The Icon Women навистина ја претставува жената од која е добиена инспирацијата. Прекрасен микс од живописни, разиграни и светли ноти. Бергамот и црната рибизла нудат пикантно и сочно, овошно отворање, заедно со мандарина и сок од круша. Срцето открива богат цветен букет од цвет од портокал, фрезија, јасмин, роза и лаванда, поставено на мека, кремаста, млечна ванила, заедно со сандалово дрво, тонка и мошусен слој.

Antonio Banderas ingredients

The Icon Women е достапен во шишенца од 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.

The Icon Women a bottle and package

- Реклама -

Сензуален мирис кој не разочарува! Jimmy Choo Rose Passion

jimmy choo rose passion eau de parfum visual

Луксузниот моден бренд Jimmy Choo го лансира најновиот додаток во својот репертоар на мириси, неречен Rose Passion. Прекрасен, богат мирис кој асоцира на гламур, самодоверба и чувство на разиграност кои се својствени на брендот. Овој нов мирис најдобро ја доловува суштината на Jimmy Choo.

Rose Passion не е само примамлив мирис, тоа е радосна ода за слободоумните жени кои живеат според сопствените правила.

jimmy choo rose passion eau de parfum

jimmy choo rose passion eau de parfum

Мирисни ноти!

Мирисот е креиран од познатата парфимерка Nathalie Lorson, а инспирацијата е добиена од привлечноста на француската ривиера.

jimmy choo rose passion eau de parfum

Rose Passion се отвора со свежината на кокосовата вода и богатиот егзотичен цут на франгипани цветот (плумерија). Нотите во срцето комбинираат ноти на орхидеја со заводливиот цвет од јасмин. Мирисот добива во интензитет благодарение на нотите на сандалово дрво кои ги обединуваат главните состојќи на Rose Passion, вклучувајќи ја егзотичната ванила. Нивната длабочина и моќ на мирисот му даваат долготрајна трага.

jimmy choo rose passion eau de parfum ingredients

Изглед на шишето!

Шишето на Jimmy Choo Rose Passion е инспирирано од венецијанското стакло, додека двојниот сјај создава илузија на блескав кристал. Капачето е покриено со црно-златна боја.

jimmy choo rose passion a bottle

jimmy choo rose passion eau de parfum a bottle and package

Лице на парфемот!

Манекенката Malika el Maslouhi е симбол на женската убавина, привлечност и модерна женственост претставена од брендот Jimmy Choo.

Malika el Maslouhi

jimmy choo rose passion eau de parfum

Кампања!

Кампањата прикажува сензуална, слободоумна жена која го живее животот по свои правила и ужива во нејзината летна авантура преплавена со сонце.

Malika el Maslouhi

Malika el Maslouhi

jimmy choo rose passion

- Реклама -

Најдобрите руменила со пристапна цена кои ќе го одбележат летото!

руменила со пристапна цена кои ќе го одбележат летото

Еден производ за шминкање ќе го обележи летото и топлиот период пред нас. Тоа со сигурност ќе биде незаменливото руменило за лице. Без разлика дали е течно, кремасто или во компактен прав, тоа е производ кој во моментов доживува огромен бум на популарност. Причината за тоа се трендовите за убавина кои во најголем дел ги наметнува TikTok, односно креаторите на таа социјална мрежа.

Мејкап изглед „clean girl look“!

Сè започна кога „clean girl look“ мејкап изгледот стана популарен. Тоа всушност е природен изглед со минимална шминка, кој овозможува природниот изглед на кожата да дојде до израз. Ѕвездата на овој мејкап изглед е руменилото кое го враќа природниот сјај на лицето. Уште подобро е ако руменилото има кремаста текстура, бидејќи најдобро се впива во кожата и изгледа како да имате здраво, румено лице.

Тајната на популарноста на руменилото!

По „clean girl“ изгледот се појавија повеќе вирални мејкап изгледи, а во многу од нив руменилото беше главна ѕвезда. Освен што со него кожата изгледа поздраво и посвежо, многумина открија дека лесно можат да се подмладат со руменило. Клучот е во  изборот на нијансата, а розовите се секогаш одлична опција доколку целта ви е да постигнете ефект за помладување. Со правилното позиционирање ги отстранува годините од лицето, па дури и визуелно може да го направи потенко.

Ако руменилото го нанесете на горниот дел од образите, кон работ на линијата на косата, вашето лице ќе изгледа позатегнато. Меѓутоа, ако го нанесете на очните капаци, ќе изгледате помладо. Целиот изглед можете да го заокружите така што наместо кармин или балзам ќе нанесете малку кремасто руменило на усните.

руменила со пристапна цена кои ќе го одбележат летото

Ако ве заинтересирав со сето ова, можеби е време да ги погледнете руменилата што ги избрав за вас. Како што расте популарноста, руменилата се појавуваат во асортиманот на се повеќе брендови. Токму затоа не е лесно да се избере квалитетно руменило чија цена е прифатлива.

Затоа, направив потрагата за да не морате вие да го правите тоа и ви пренесувам список на руменила со прифатливи цени, а сепак со врвен квалитет.

Essence The Blush руменило за лице

Essence The Blush руменило за лице

Catrice Blush Box руменило

Catrice Blush Box руменило

Max Factor Crème Puff руменило за лице

Max Factor Crème Puff руменило за лице

Bourjois Little Round Pot руменило за лице

Bourjois Little Round Pot руменило за лице

Rimmel Maxi Blush руменило за лице

Rimmel Maxi Blush руменило за лице

Aura Glorious Cheeks руменило за лице

Aura Glorious Cheeks руменило за лице

Kiko Milano руменило

Kiko Milano руменило за лице

- Реклама -

Педикир за лето кој одлично се комбинира со омилените сандали и исончана кожа!

Педикир за лето кој одлично се комбинира со омилените сандали и исончана кожа

Топлото време е тука, што значи дека посакувате да ги носите вашите омилени сандали. Со почетокот на летото и топлото време, започнува и сезоната на сандали за кои неопходен е педикир. Сигурно веќе сте резервирале термин за педикир во салонот. Не постои толку задоволувачко чувство како чувството на уредни стапала и нокти после педикир. Стапалата се мазни и меки, ноктите се совршено обликувани, а кутикулите се уредни.

тренди летни бои на лак за нокти

Но, што е со бојата за ноктите?

Ако сте многу неодлучни, најтешкиот дел е да се одлучите за бојата. Како што е случајот со маникирот, никогаш не можеме да се одлучиме помеѓу изборот на светли и забавни бои или нешто проѕирно и неутрално што оди со секоја комбинација. Згора на тоа, педикирот секогаш трае многу подолго од маникирот, па откако ќе се одлучите за бојата, таа ќе останете на стопалата неколку недели.

тренди летни бои за стапалата

Црвен педикир!

Светло црвените нијанси се најпопуларните бои за педикир секое лето. Црвените бои имаат или топол-портокалов или ладен-син подтон, затоа секогаш избирајте нијанса што одговара на тонот на вашата кожа. Ова е многу важна препорака што треба да ја земете во предвид, бидејќи ако некогаш сте носеле црвен лак и сте мислеле дека бојата изгледа некако вознемирувачки на вашата кожа, веројатно сте избрале погрешна нијанса. Вообичаено, црвените со топли тонови изгледаат добро на кожа со топли, маслинести нијанси, додека црвената со ладни подтонови подобро ќе одговара на светли, ладни нијанси на кожа.

црвен педикир

Класичен француски педикир!

Како францускиот маникир, францускиот педикир станува сè попопуларен во последните години. Во лето често посакуваме да го комбинираме францускиот маникир во светли или пастелни бои. Освен пастелните нијанси како бебешка розова, небесно сина и нане зелена, популарни се и црвените француски маникири. Но, класичниот бел француски маникир е сигурна опција бидејќи одговара на сите тонови на кожа.

француски педикир

Транспарентни нуд нијанси!

Проѕирните нуд нијанси се најпопуларните бои за педикир во текот на целата година. Повеќето жени се одлучуваат за боја неколку нијанси потемна или посветла од природниот тон на кожата, така што бојата се истакнува, но не изгледа премногу нападна. Има смисла зошто оваа боја е толку популарна – нуд нијансите одговараат на секоја облека, не привлекуваат премногу внимание и растот на ноктите не е толку очигледен како кај другите интензивни бои.

нуд педикир

Црн педикир!

Црниот педикир е уште еден популарен избор бидејќи одлично се вклопува со гардероба од неутрални и светли бои. Повторно, ова е сигурна опција која одговара на секого и на секој избор на чевли. Ако преферирате чевли со светли бои, црната им овозможува на чевлите повеќе да се истакнат.

црн педикир

- Реклама -

Најновата „штикла“ на Carolina Herrera – Good Girl Blush

Carolina Herrera Good Girl Blush visual

Good Girl Blush е најновата „штикла“ на Carolina Herrera вклучена во линијата на парфеми Good Girl, овој пат во пастелно розово стаклено шише. Новата верзија ја претставува модерната женственост преведена од романтични цвеќиња и двојна доза на екстракт од ванила.

Carolina Herrera Good Girl Blush Karlie Kloss

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CAROLINA HERRERA (@carolinaherrera)

Поразигран мирис од било кога!

Парфимерите Quentin Bisch, Shiamala Maisondieu и Christophe Raynaud работеа на најновото издание на Carolina Herrera. Тие создадоа помек и поразигран мирис од било кога. Инспирацијата ја пронајдоа во иконското Good Girl шише, обоено во пастелно розова нијанса со потпетица која сеуште е сјајно златна. Штиклата е силата на секој женски чевел, а ванилата е замислена како силата на парфемот.

Karlie Kloss Carolina Herrera

Carolina Herrera Good Girl Blush

Кремаста ода на ванила која ќе ве заслади со чудесност!

Новиот мирис открива повеќеслојна природа на модерна женственост со двојна доза ванила и пастелен романтизам на божур, предизвикан од две форми на иланг-иланг и вода од роза. Отворањето на мирисот создава блескав допир на цитрус – италијанска мандарина и италијански бергамот, додека ванилата е столбот на мирисот, зајакнат со зрна тонка.

Carolina Herrera Good Girl Blush ingredients

Свежа, цветна експлозија на женственост!

Good Girl Blush Eau de Parfum од Carolina Herrera е свежа и цветна експлозија на контрасти што формираат пудрест израз на женственост.

fragrances

Розова „штикла“ – толку реална!

Парфемската вода Good Girl Blush доаѓа во шишенца со штикла од 30, 50 и 80 мл.

Carolina Herrera Good Girl Blush a bottle and package

- Реклама -

Како да пронајдете маскара за вашиот тип на трепки!

Како да пронајдете маскара за вашиот тип на трепки

Маскарата е најпопуларен производ за шминкање и вечен предизвик е да пронајдете маскара за вашиот тип на трепки. Еден слој од маскара на трепките создава „wow“ ефект што го отвора погледот и ги нагласува очите. Затоа, маскарата се истакнува како посакуван додаток на секој мејкап изглед, додека гламурозната шминка е незамислива без дарежлив слој на маскара за нагласени трепки.

Предизвикот да пронајдете маскара совршена за вашиот тип на трепки никогаш не престанува. Брендовите за убавина исто така не се откажуваат од предизвикот да создадат совршена маскара. Од нови формули до иновативни апликатори за нанесување, секоја нова маскара носи нешто ново, но секогаш исто ветување за максимален волумен и продолжување на трепките.

Ако сеуште не сте ја пронашле совршената маскара за вашиот тип на трепки, проблемот може да биде во изборот на погрешна маскара!

апликатори

Совршена маскара за секој тип на трепки!

Маскарата треба да ја изберете во зависност од типот на трепките. Без разлика дали вашите трепки се долги или кратки, густи или ретки, прави или природно закривени, во светот на убавината веќе постои маскара која на вашите трепки ќе им го даде посакуваниот ефект. Се што треба да направите е да изберете апликатор кој ќе може да го извлече максимумот од трепките.

апликатори

Кратки трепки!

Ако вашите трепки се кратки, треба да барате маскара што ќе даде ефект на должина на трепките. Маскари со помали или силиконски апликатори се најдобриот избор.

Како да пронајдете маскара за вашиот тип на трепки

Долги трепки!

Ако сакате дополнително да ги нагласите долгите трепки, вашиот избор е маскарата која дава дополнителен волумен и ја нагласува нивната должина. Посебно треба да обрнете внимание на формулата на маскарата. За да избегнете пресликување на маскарата на вашите очни капаци или под очите, бирајте водоотпорни или маскари кои брзо се сушат.

Како да пронајдете маскара за вашиот тип на трепки

Ретки трепки!

За ретки трепки, сè што барате од маскарата е волумен, волумен, волумен! Ќе ја пронајдете вашата совршена маскара помеѓу маскарите со голем апликатор. Тој ќе ви помогне лесно да создадете волумен. Ако вашите трепки се склони кон прилепување, секогаш изберете маскара со голем, но силиконски апликатор.

Густи трепки!

На густите трепки не им недостасува волумен, но се склони кон прилепување. Поради тоа главниот предизвик е да пронајдете маскара која ги одделува и ја нагласува нивната должина. За најдобро одделување и најдобра контрола при нанесување, изберете помали апликатори или популарните tubing маскари кои се истакнуваат како најдобар можен одговор за густите трепки.

Како да пронајдете маскара за вашиот тип на трепки

Прави трепки!

За посакуваниот ефект на закривени трепки, на правите трепки им треба маскара со водоотпорна или специјална формула за закривување на трепките. Но, формулата не треба да биде премногу тешка за да може да се создаде закосен ефект и да се задржи во текот на целиот ден.

Како да пронајдете маскара за вашиот тип на трепки

Закривени трепки!

Природно закривените трепки не бараат премногу! Сепак, за нив постои еден вид на маскара која ќе им одговараа повеќе од другите. Изберете маскара чија текстура е ретка и влажна, што ја прави исклучително лесна за нанесување. Што се однесува до апликаторот, изберете го оној силиконскиот со долга четка. Уште еден  трик кој ќе ви помогне ако имате закривени трепки е пред да нанесете маскара да ги расчешлате трепките со апликатор без маскара.

силиконски апликатор

- Реклама -

На жените им се допаѓа овој мирис за мажи! Trussardi Uomo

Trussardi Uomo visual

Trussardi Uomo и после толку многу години поминати од неговото лансирање, сеуште отелотворува елегантен, но современ мирис кој ја пренесува софистицираноста на италијанскиот дух.

Атрактивната арома ќе го остави секој маж во позитивно расположение!

Trussardi Uomo е многу елегантен и софистициран мирис. Совршено одговара на маж кој сака да се чувствува стилски и да буди интерес од околината. На сите што го ценат квалитетот на мирисот ќе им се допадне. Ова е совршен мирис за вечерни излегувања, трае долго и не е задушувачки. На жените им се допаѓа тоа!

Trussardi Uomo 2011

Овој мирис има нота на оние фантастични италијански лимони…

Нотите при отворањето на мирисот се типични за Италија – лимон, галбан и бергамот. Овие ароми нè носат до срцето креирано од петунии и здравец, создавајќи впечатлива мешавина. Крајниот ефект открива ноти на чиста жалфија, кожа и пачули, кои додаваат чувство на луксуз и текстура на овој огнен, заводлив мирис.

Издржливоста и развојот на мирисните ноти на кожата е воодушевувачка.

Trussardi Uomo 2011 ingredients

Совршена опција за подарок!

Trussardi шишето се карактеризира со машка црна боја и минимализам со атрактивно злато, како совршена опција за подарок. Мистериозното црно шише е олицетворение на силата, а резултатот е моќен и одлучувачки.

Израз на стил и елеганција!

Иконскиот мирис од 2011 година – Trussardi Uomo и после толку години сеуште е израз на стил и елеганција!

Trussardi Uomo 2011 a bottle

- Реклама -

Најнови објави