дома Блог Страна 27

Се што треба да знаете за R.E.M. Beauty на Ariana Grande

REM Beauty Ariana Grande visual

Ariana Grande е жена со многу таленти, од нејзината супер-успешна музичка кариера и работата како тренер во музичкото шоу „The Voice“, се до добивањето на главна улога во претстојната филмска адаптација на Wicked. За сите оние што ја пратат нејзината кариера не е изненадување што таа на нејзиното импресивно резиме додаде линија за убавина наречена R.E.M. Beauty.

Ariana Grande

 

View this post on Instagram

 

A post shared by r.e.m.beauty (@r.e.m.beauty)

Колекција инспирирана од вселената, гарантирано добро ќе се продава!

Да, добро прочитавте! Ariana Grande, една од најголемите ѕвезди, ги следи стапките на познатите колешки како Rihanna, Selena Gomez, Lady Gaga со лансирање на сопствена линија за убавина. Луксузната R.E.M. Beauty колекција, инспирирана од вселената е како еден од жестоките, вселенски поп-албуми на Ariana Grande. Таа е огромна обожавателка на научно, вселенски работи, затоа создаде научно-фантастични производи за очи, усни и лице со уникатни пакувања на нејзините производи.

Ariana Grande

 

View this post on Instagram

 

A post shared by r.e.m.beauty (@r.e.m.beauty)

Не сакав производите да изгледаат како обична шминка!

Јас имав визија за мојата линија и на крајот испадна токму онаква каква што сонував да биде. Сакав да се осигурам дека сè ќе изгледа како реквизит од Star Trek или Black Mirror или нешто слично. Не сакав да изгледа како обична шминка“ – вели Ariana.

За името на брендот ја избрав мојата омилена песна R.E.M. од мојот албум Sweetener од 2018 година. R.E.M. претставува брзо движење на очите: фокусирање на соништата и фокусирање на очите, бидејќи тие се нашите најефективни комуникатори. Можете повеќе да кажете преку начинот на кој некого гледате, отколку тоа да го артикулирате со зборови“ – вели Ariana.

Ariana Grande

Поглавје 1: Ултравиолетово!

Ariana откри дека R.E.M. Beauty ќе лансира нови производи во неколку етапи. Првото издание го нарече Поглавје 1: Ултравиолетово.

REM Beauty Ariana Grande lipstick

12 производи потребни за вашите усни и очи!

Првото поглавје на производи за шминкање содржи 12 производи кои имаат за цел да ги покријат сите неопходни мејкап алатки што некогаш ќе ви бидат потребни за вашите усни и очи. Во ова издание ќе најдете молив за очи и туш за очи во вид на фломастер – At the Borderline, маскара за волумен и маскара за издолжување на трепките – Flourishing, потоа 3 нијанси со палети на сенки за очи, 11 нијанси на течни светкави сенки за очи и 10 нијанси на течни мат сенки за очи – Midnight Shadows. Колекцијата продолжува со 2 сета на вештачки трепки – Dream Lashes, 9 нијанси на волуменски сјаеви за усни и 6 нијанси на мат кармини – On Your Collar. За крај доаѓаат проѕирниот волуменски сјај за усни – Utmost Importance, 4 нијанси на траен фломастер за усни – Practically Permanent и 10 нијанси на хајлајтер – Interstellar.

REM Beauty kohl eyeliner pencil

REM Beauty eyeliner marker

REM Beauty lengthening mascara

REM Beauty eyeshadow palette

REM Beauty lustrous liquid eyeshadow

REM Beauty matte liquid eyeshadow

REM Beauty dream lashes

REM Beauty plumping lip gloss

REM Beauty MatteLipstick

REM Beauty lip gloss

REM Beauty lip stain marker

REM Beauty highlighter topper

Што е следно?

Што се однесува до тоа што е следно за R.E.M. Beauty, Ariana потврди дека течните пудри и коректорите се на пат. Затоа, останете во тек за второто поглавје!

Каде може да се најдат?

R.E.M. Beauty мејкап производите инспирирани од вселената можете да ги најдете на официјалната веб страна на козметичкиот бренд на Ariana Grande.

REM Beauty Ariana Grande

- Реклама -

Водечката италијанска козметика Kiko Milano отвори продавница во East Gate Mall

Kiko Milano East Gate Mall visual

Конечно се случи она што многу девојки го посакуваа и го очекуваа со нетрпение, Скопје ја доби првата продавница на италијанскиот водечки бренд за козметика Kiko Milano.

Италијанскиот бренд нуди квалитетна понуда на козметички производи!

Биди тоа што сакаш да бидеш“ е мотото на брендот Kiko Milano, кој во East Gate Mall во Скопје ја отвори првата специјализирана продавница, со палета на производи во кои ќе се заљубат сите дами. Италијанскиот бренд нуди исклучителна и сериозно квалитетна понуда на козметички производи. Од неговото основање во 1997 година важи за омилено катче на девојките низ целиот свет. Целосно посветени на нови и подобрени производи, доаѓањето на Kiko Milano израдува многу дами, кои уживаат во нивните колекции, производи  што секогаш раскажуваат посебна приказна.

East Gate Mall

Kiko Milano Skopje

Kiko Milano Skopje

Kiki Milano vraboteni

Kiko Milano Skopje

Сите производи достапни кај нас по супер цени!

Под закрила на модната групација Fashion Group, познатиот козметички бренд ја отвори својата прва продавница која сосема очекувано привлече неверојатно внимание. Она по што овој бренд долги години е познат во Европа е исклучителниот квалитет на производите што го потврдуваат и некои од најпознатите мејкап артисти. Сега сите производи на италијанскиот бренд Kiko Milano се достапни кај нас по супер цени. Сите сме задоволни што повеќе нема да мора да патуваме во некоја од европските метрополи за да може да ги набавиме производите со потпис на Kiko Milano, бидејќи отсега истите се достапни кај нас. Во продавницата на брендот во East Gate Mall може да се најдат повеќе од 2.000 производи кои се како создадени за ве разубават.

nail polish

Kiko Milano products

eye shadow palette

Kiko Milano Skopje blush

lipstick

Дознајте кои се најпродавани мејкап производи на брендот!

Девојките особено ќе се израдуваат на големиот избор на некои од најпродаваните мејкап производи на брендот како: долготрајните кармини, руменилото во форма на стик, сенките за очи во земјени нијанси, пудрата Second Skin, сјаевите за усни што хидрираат…. Токму убавината на италијанските идилични пејзажи пресликана е преку новата колекција кармини и сјаеви за усни во неодоливи бои.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KIKO Milano Official (@kikomilano)

Уживајте во придобивките на производите за нега на кожа!

Не помалку се привлечни производите за нега на кожата кои важат за едни од омилените на прекрасните Италијанки, а сега можеме да уживаме во придобивките од истите.

Kiko Milano skincare

skincare

Доживеете незаборавно Kiko Milano искуство!

Без разлика дали сакате да го истражите новиот свет на убавината на Kiko Milano, барате совршен производ за нега на вашата кожа или пак сакате да ја направите најмагичната фотографија за на Инстаграм, талентираните и професионално обучени шминкери ќе ви помогнат да ги откриете најновите трендови и да доживеете незаборавно Kiko Milano искуство.

makeup artist

East Gate celebrity

East Gate celebrity

Kiko Milano kupuvac

- Реклама -

Versace Eros сега како чист парфем!

Versace Eros visual

Versace одлучи да ја прошири мирисната линија Eros, нудејќи ја најновата верзија на популарниот машки мирис. После дебито со Eros Eau de Toilette лансиран во 2012 година, Eros Flame од 2018 година и Eros Eau de Parfum лансиран во 2020 година, Versace го претстави парфемското издание Versace Eros Parfum.

Eros colection

Медуза како симбол на брендот кој краси шишето на машкиот мирис Eros!

Машката мирисна линија Eros длабоко е поврзана и инспирирана од грчката митологија. Мирисот го доби името по грчкиот бог на љубовта и синот на божицата Афродита – Ерос. Инспирацијата од античка Грција датира од времето кога Gianni Versace ја подигна својата модна империја и ја зеде божицата Медуза како симбол на брендот кој краси бројни производи од модната куќа, вклучително и новото шише со машкиот мирис Eros.

Eros bottle

Мирис дизајниран за херојски и страствен маж!

Новиот Eros Parfum е дизајниран за херојски и страствен маж како грчкиот бог. Мирисот ве погодува директно во срцето, носи важна порака за достоинството и моќта на различноста. Тоа е Eros сега како чист парфем.

parfum visual

Композиција на ароматични ноти поставени на топла килибарна основа!

Мирисната композиција фаворизира ароматични ноти поставени на топла килибарна основа. Во отворањето се чувствува мешавина од свежо нане и Sorrento лимон, проследено со крцкаво зелено јаболко и здравец кои го сочинуваат срцето на мирисот. Основата дава топлина и удобност со ароми на балсамична тонка и килибар.

Eros Parfum bottle

Шише направено од тиркизно сино стакло!

Добро познатото шише од мирисната линија Eros останува исто, направено од тиркизно сино стакло со скулптура на Медуза во централниот дел на шишето.

Versace Eros Parfum е достапен како чист парфем во шишенце од 100 мл.

parfum visual

- Реклама -

MAC Cosmetics доаѓа во FABUspot East Gate

MAC East Gate

На изненадувањата никогаш крај! MAC Cosmetics пристигнува во FABUspot East Gate!

За љубителите на MAC козметиката уште едно изненадување. Отсега, овој бренд може да се најде во склоп на парфимеријата FABUspot во трговскиот центар East Gate во Скопје.

FABUspot East Gate

MAC доаѓа во East Gate – најголемиот трговски центар кај нас!

MAC е оригинален и модерен бренд чија креативност, квалитет и уметност го направи водечки мејкап бренд на глобално ниво. Застапен во повеќе од 120 земји во светот, сега доаѓа и во најголемиот трговски центар кај нас. Тој ја слави различноста и индивидуалноста, a наменет e за сите возрасти, раси и полови. Пристапот уште од самиот почеток е шик и урбан. Во разноликиот асортиман може да пронајдете голем избор на мејкап производи за сите типови и нијанси на кожа, односно широка палета на производи за очи, усни и лице. Во една година, MAC може да пласира и до 50 нови колекции, што значи дека секој месец може да очекувате новитети или лимитирани колекции.

Професионални мејкап артисти со вас ќе ги споделат сите трендови!

На сите MAC продажни места, професионални мејкап артисти со вас ќе ги споделат сите трендови и новитети во светот на шминката.

Празничниот календар! Box Of Tricks

Оваа сезона, на продажните места на MAC пристигна „Box Of Tricks”, празничниот адвентски календар! „Box Of Tricks” навистина е полн со трикови и изненадувања со дури 24 вратички со 24 поклони. Се работи за календар кој содржи големи и мали MAC производи на кои не можете да одолеете. Календарот е достапен во продажните места на MAC во Скопје.

MAC advent calendar 2021

MAC advent calendar 2021

Се гледаме во FABUspot за да добиете подарок кармин!

По повод отворањето на MAC Corner во парфимеријата FABUspot во East Gate трговскиот центар, првите 100 купувачи кои ќе направат сметка над 2.000 денари, ќе добијат подарок кармин во вашите омилени нијанси Velvet Teddy, Mehr, Ruby Woo или Honeylove!

karmin

karmini

- Реклама -

Нега на кожа специјално создадена за жените во менопауза! Vichy Neovadiol

Vichy Neovadiol visual

Vichy Neovadiol – нега на кожа во менопауза!

Со првите знаци на менопауза кои најпрво се забележуваат на кожата, секоја година се соочуваат околу 25 милиони жени. Но, од самиот почеток на менопаузата, како и појавата на видливите знаци на стареење на многу жени тешко им паѓа да се отворат за разговор за менопаузата и се што носи со себе. Затоа, Vichy ги охрабрува жените своите години гордо да ги носат и отворено да зборуваат за своите проблеми, да се чувствуваат сигурно во аптеките каде што доаѓаат по совети и производи за нега.

nega na koza vo menopauza

Влегувањето во менопауза не значи дека треба да „стиснете пауза“, напротив време е да го прифатите животот со динамичен дух. Менопаузата означува нова фаза во животот на жената, во која се јавува нова перцепција за нејзиното тело и женственост. Тоа е почеток на нов живот во годините кога жените сè уште пукаат од енергија.

Кога зборуваме за промени во менопаузата, на надворешниот свет можеби највидливата промена е онаа на кожата која забрзано старее. Недостатокот на естроген доведува до намалено задржување на водата, намалена еластичност и зголемена чувствителност. Кожата станува сува, поткожното масно ткиво се спушта кон долниот дел на вилицата, а мускулите на лицето се опуштаат. Синтезата на колаген, еластин и хијалуронска киселина е забавена. Последиците се видливи: кожата е сува, потенка, го губи тонусот и цврстината, а брчките стануваат поизразени, додека присуството на старечки дамки се зголемува.

nega vo menopauza

Neovadiol иновативна нега!

Vichy по две децении проучување на промените на кожата заедно со гинеколози и дерматолози ја претстави новата Neovadiol нега за кожа во перименопауза и постменопауза со нови производи:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vichy Makedonija (@vichymakedonija)

Neovadiol дневна нега за густина и полност на кожата во перименопауза!

Лесен крем кој помага да се компензира влијанието на перименопаузата врз кожата и да се подобри нејзиниот изглед. Содржи anti-age состојки: Proxylane, екстракт од семе од пченка и хијалуронска киселина. Кожата е погуста и помазна, контурите на лицето се преобликуваат, а цврстината и еластичноста се подобруваат. Доаѓа во две варијанти – за нормална до мешовита и за сува кожа.

Vichy Neovadiol redensifying lifting day cream

Neovadiol ноќна нега за густина и обновување на кожата во перименопауза!

Лесна освежувачка ноќна нега со моментален ефект на ладење, ја освежува кожата за 2,7 C, а со помош на состојките против стареење: Proxylane, екстракт од семе од пченка делува против губење на густината и ги обликува контурите на лицето. Ги намалува видливите промени на кожата предизвикани од хормоните! Хијалуронската киселина ја враќа густината и сјајот на кожата и ја подобрува нејзината еластичност.

Vichy Neovadiol redensifying revitalizing night cream

Neovadiol дневна нега за густина и полност на кожата во перименопауза – за сува кожа!

Лесен крем кој помага да се компензира влијанието на перименопаузата врз кожата и да се подобри нејзиниот изглед. Содржи anti-age состојки: Proxylane, екстракт од семе од пченка и хијалуронска киселина. Кожата е погуста и помазна, контурите на лицето се преобликуваат, а цврстината и еластичноста се подобруваат.

Vichy Neovadiol redensifying lifting day

Neovadiol хранлива дневна нега против опуштена кожа во постменопауза!

Хранлив крем кој помага да се компензира влијанието на менопаузата врз изгледот на кожата. Наменет за многу сува, зрела кожа, а состојките како што се: Proxylane, екстракт од семе од пченка и хранливи омега 3, 6 и 9 киселини се ефикасни во нивното дејство против брчки, го компензираат губењето на липидите и ја зацврстуваат кожата.

Vichy Neovadiol replenishing anti sagginess day cream

Neovadiol хранлива ноќна нега за цврстина на кожата во постменопауза!

Богата, смирувачка ноќна нега која го намалува влијанието на менопаузата врз кожата. Состојките против стареење: Proxylane и комбинацијата од екстракт од семе од пченка и хранливи омега 3, 6 и 9 масни киселини го компензира губењето на липидите, го измазнува и го враќа чувството на удобност на кожата.

Vichy Neovadiol replenishing firming night cream

Vichy ја насочи својата стручност кон развојот на линијата Neovadiol!

Жените своите страсти и соништа не мора да ги „ставаат на пауза“ само затоа што влегле во менопауза. За да им ги олесни промените, Vichy ја насочи својата стручност кон развојот на линијата Neovadiol – експертски производи за нега на кожа во секоја фаза од менопаузата.

nega vo menopauza

- Реклама -

Како да ја прилагодите шминката на обликот на вашите усни!

усни

Без разлика каква форма имате, сакајте ги и негувајте ги вашите усни, a кога станува збор за шминка еве неколку трикови кои ќе ви го дадат токму она што го сакате.

Како и секој дел од нашето тело, така и нашите усни се сосема уникатни. Ги има во сите можни форми – од тенки, полни, пропорционални и оние малку помалку пропорционални. Токму такви треба да ги сакаме и негуваме, особено во есен и зима, кога постојано се изложени на студен воздух. Кога е во прашање шминката на усните, секогаш има различни изгледи со кои ќе ги ставиме во преден план или сепак малку ќе ги неутрализираме во корист на интензивна сенка за очи или маскара. Во зависност од тоа каква форма имате, ви носам неколку трикови и совети како да го постигнете токму она што го сакате.

форма на усните

Пропорционални усни!

Имате најголема слобода во изборот на бои и текстури, но запомнете дека нуд и светли нијанси може визуелно да ги намалат усните, исто како и многу темни бои на кармин. Оние интензивни, живи бои ќе бидат оптимални, но тоа се разбира зависи од тоа каков мејкап изглед сакате.

облика на усни

Мали, заоблени усни!

За да го нагласите волуменот на малите и заоблени усни, користете сјајни кармини и сјаеви. Тие визуелно ќе ги зголемат, а вниманието фокусирајте го на интензивни нијанси. Избегнувајте темни нијанси, бидејќи усните ќе изгледаат помали отколку што се.

Поголема долна усна!

Ова е една од најчестите форми. Доколку сакате да ја нагласите долната усна, нанесете малку посветла нијанса на кармин на нејзината средина и слободно користете мат кармини. Ако сакате да го балансирате изгледот, изберете сјајни кармини и нуд, природни нијанси. Во овој случај, можете да нанесете и малку коректор пред да нанесете кармин за визуелно да ги „заматите“ линиите на усните.

облик на усни

Поголема горна усна!

За да ги избалансирате усните, врамете ја горната усна, а долната усна малку прецртајте ја со молив. Можете и визуелно да создадете рамнотежа со нанесување на посветла нијанса на кармин и сјај на долната усна.

Рамни усни!

Доколку имате впечаток дека вашите усни се „рамни“, односно не се природно полни, веројатно сакате да додадете малку волумен. Тоа можете да го постигнете со користење на пудра која ќе ја нанесете околу усните. Потемен молив од нијансата на карминот ќе ви биде корисен за вашата рамка околу усните, а доколку сакате можете да ја преминете природната линија на усните. Со молив пополнете дел од усните, а на останатиот нанесете кармин. Во средината на усните нанесете сјај или бел молив за визуелно да ги подобрите.

сјај за усни

Тенки усни!

Ако сакате малку да ги „подобрите“ вашите тенки усни, ќе користите молив кој е за две или три нијанси потемен од вашиот тен и од средината на усните ќе исцртате нова линија која потоа ќе ја споите со природната. Најмногу ќе ви одговараат сјајни кармини или сјаеви кои секогаш визуелно ќе ви ги зголемат усните. Можете да нанесете и посветол сјај во средината на усните за да добиете волумен, а пред се ставите малку пудра околу усните за да создадете илузија на сенка.

пудра на усните

Широки усни!

Ако имате широк облик на усни, сигурно имате најубава насмевка. Ако сакате да додадете малку вертикален волумен, врамете ги усните со малку потемно моливче од бојата на карминот, а кога тоа го правите лесно преминете преку линијата на природните усни кај долниот среден дел. Ќе ви одговараат мат текстури и неутрални, нуд кармини.

форма на усни

Облик на срце!

Оваа форма се карактеризира со истакнат „купидонов лак“ во средината на горната усна и е една од најпосакуваните форми. Доколку сакате да ги истакнете уште повеќе, користете потемно моливче за да ги врамите усните, а во средината нанесете малку посветла нијанса на кармин или сјај, што дополнително ќе го нагласи обликот на срце.

облици на усни

- Реклама -

Зошто вашиот парфем останува пократко на кожата во постудените денови?

парфем

Дали некогаш сте забележале дека во текот на постудените денови вашиот омилен парфем едноставно не може да трае цел ден. Можеби сте помислиле дека само ви се причинува, но апсолутно сте во право. Всушност, парфемите имаат тенденција да траат пократко во текот на зимските месеци. Еве зошто!

Како што опаѓа температурата на воздухот, така се намалува и процентот на влага во кожата, па таа дехидрира. Оваа состојба се влошува со зголемување на температурата во затворени простории или со загревање. Сувата кожа не ги апсорбира добро парфемите, па во овој случај посреќни се оние со малку помрсна кожа.

За среќа, не морате да се откажете од омилениот парфем, бидејќи постои решение за краткото времетраење на вашиот мирисен потпис во постудените денови.

прскајте парфеми на зглобовите

Хидрирајте ја кожата!

Факт е дека потребата за хидратација на кожата во постудените денови е очигледна, но сепак ќе ве потсетам на нејзините придобивки. Со користење на млеко или лосион после туширање, ќе ги заробите молекулите на водата на вашата кожа, така што не само што вашата кожа ќе биде поздрава, туку и парфемот ќе држи подобро.

Имајте на ум дека треба да обрнете посебно внимание на хидратација на местата на кожата каде што ќе го прснете парфемот, затоа овие места на кожата особено добро намачкајте ги со богат хидратантен крем. Но, ако сè уште не го гледате ефектот на долготрајноста на парфемот, можеби е време да го замените парфемот со некоја квалитетна парфимирана крема за тело.

долготрајноста на еден парфем зависи каде го прскате

Eau de Parfum – парфемска вода!

Eau de Parfum е вистински избор за есенските и зимските месеци, додека Eau de Toilette е подобар избор за летните и пролетните месеци. Парфемската вода за разлика од тоалетната вода има поголема концентрација на миризливи масла, што значи дека подобро и подолго ќе остане на кожата, па доколку имате можност изберете парфем со најмалку 20 до 30% концентрација на миризливи масла во него.

зошто вашиот парфем останува пократко во постудените денови

Фокусирајте се на нотите во основата на парфемот!

Цветните и цитрусните акорди често се наоѓаат во горната основа на парфемот, што значи дека веднаш се чувствуваат при прскањето, но и најбрзо испаруваат за да се ослободат нотите од срцето и нотите од основата на парфемот. Затоа, за да обезбедите долготрајност на парфемот, изберете парфеми со побогати ноти во основата. Ваквите парфеми најчесто се со миризлива основа на дрвенести, мошусни и ориентални ноти.

долготрајноста на еден парфем зависи каде го прскате, а најдобро е на зглобовите

Локација, локација, локација…

Најдобри места за прскање на парфем се местата на телото кои пулсираат, односно зглобовите и вратот, бидејќи тоа се и најтоплите места на телото. Избегнувајте триење на парфемот во кожата, бидејќи триењето на зглобовите после нанесувањето го скратува времетраењето на парфемот.

Не заборавајте на облеката! Како што веројатно веќе имате забележано, облеката многу добро ги „фаќа“ мирисите. Затоа цела недела мирисаме на ручекот на баба. Неколку капки од омилениот парфем на јаката од есенскиот капут или зимскиот шал ќе ја осигураат долговечноста на мирисниот потпис на вашето секојдневие.

кои парфеми се најдобри за постудените денови

- Реклама -

Зимска нега на кожата во три едноставни чекори! Dr.Hauschka

dr hauschka visual

Ниските температури, сувиот воздух во загреаните простории и студениот ветер можат негативно да влијаат на нашата кожа, која може да стане сува и црвена, што најчесто се забележува на образите, носот, усните и рацете. Во продолжение ви предлагам да ги пробате трите чекори на богатата нега на кожата со производите од реномираниот бренд Dr.Hauschka која исклучително е ефикасна и пријатна.

Dr.Hauschka products

Богата и хранлива нега за закрепнување!

Dr.Hauschka Hydrating Cream Maske е хранлива маска за лице, идеална за сува, чувствителна и зрела кожа, посебно за интензивна зимска нега. Нејзиниот состав со лековити растенија, дуња и роза ја стимулира способноста на кожата да ја задржи влажноста и ја регулира нејзината маснотија. Со помош на скапоцените масла од бадем, авокадо и јојоба, оваа маска ја збогатува и значително ја заштитува кожата, што ја прави идеална за екстремни услови како скијање, каде што може слободно да се користи како дневна нега. Хранливата маска обезбедува дополнителна интензивна нега за сува, чувствителна кожа на која и треба регенерација поради негативните надворешни влијанија. Кожата е мека на допир и изгледа свежо и мазно.

Hydrating Cream Mask

Силна и ефикасна заштита на лицето!

Дневната крема со роза Dr.Hauschka Rose Day Cream наменета е за богата нега на лицето и претставува вистинска класика на козметиката Dr.Hauschka. Ја храни и заштитува нормалната, сува и чувствителна кожа и кожата склона кон црвенило и видливи капилари. Квалитетните екстракти од цветови од благородната роза и плодовите на дивата роза од биодинамично одгледување ја хармонизира и зајакнува структурата на кожата, додека shea путерот, восокот од роза и маслото од авокадо ја штитат кожата од сушење.

Кремот од роза воспоставува рамнотежа помеѓу маснотијата и хидратацијата. На кожата и дава нега која ја комбинира силата и нежноста на розата. Едноставно кажано таа е совршена за да се вклучи во вашиот зимски ритуал за нега.

Rose Day Cream

За интензивна нега и заштита на зрелата кожа, постои Dr.Hauschka Regenerating Day Cream. Дава чувство на обновена и мазна кожа и ја поттикнува кожата сама да се регенерира. Составот со црвена детелина богата со антиоксиданси, ацерола бобинки, масло од семки од малина и shea путер ја штити кожата од оштетување на слободните радикали и ги поддржува природните процеси на обновување на кожата. Маслото од јојоба, авокадо, сладок бадем и маслиново масло ја надополнуваат бариерната функција на кожата и ја прават мазна.

Dr.Hauschka Regenerating Day Cream

Моќта на природата во моќна нега на рацете!

Честото миење и надворешните услови ја оштетуваат кожата на рацете и таа станува сува, груба и испукана. За целосен зимски третман, не заборавајте на вашите раце!

Кремот за раце Dr.Hauschka MED Ice Plant Hand Cream специјално е развиен за да и обезбеди на кожата богата нега и долготрајна хидратација, како и ослободување од чувството на затегнатост и чешање. Покрај екстрактот од билки, формулата содржи висококвалитетен путер од манго, мирта и восок од бобинки кои ја покриваат кожата, зајакнувајќи ја нејзината природна заштитна бариера. Богатата текстура се апсорбира во кожата обезбедувајќи долготрајна, ефективна заштита.

Крем за раце со екстракт од билки нема мирис и е погоден и за мали деца. Покрај секојдневната употреба, кремот можете да го користите и како маска за раце за поинтензивен третман.

Dr.Hauschka MED Ice Plant Hand Cream

Производи што можете да ги најдете во вашата најблиска аптека!

Ако посакате да ги пробате трите чекори на богатата нега на кожата со производите од Dr.Hauschka, тоа можете да го направите во вашата најблиска аптека.

- Реклама -

Како да постигнете ефект на двојно исцртана линија! Двојни „крилја“ со туш за очи!

туш за очи

Навестувањата дека ефектот со двојно исцртана линија на очите со помош на туш за очи или популарно наречен двојни „крилја“ би можел да стане голем тренд во шминкањето дефинитивно се потврдија на неодамнешната модна недела во Париз. Овој неодолив ретро стил со елементи на футуризам со брзина на светлина се пренесе од модните писти до сите љубители на шминката, а причините за тоа се многубројни!

За почеток, живееме во време кога поголемиот дел од лицето ни е покриено со маска и затоа важно е да најдеме доволно ефикасен начин за разубавување, поточно да се нагласи она што е највидливо, а во овој случај тоа се очите. Покрај тоа, тушот за очи е парче шминка што може да го преправи секој, дури и најздодевниот мејкап изглед и да го направи неверојатно привлечен.

Double Winged Eyeliner Look

Апсолутен „must have“ производ!

Она што е црниот фустан во гардеробата, тоа е црниот туш за очи во несесерот – значи, апсолутен „must have“ производ! Но, како што еден црн фустан не е секогаш доволен и бара брош, марама, ремен или некој друг моден детаљ кој ќе го освежи и модернизира, така е и со тушот за очи. Затоа, ефектот на двојно исцртана линија на очите станува толку голем тренд, бидејќи овозможува сосема поинаков изглед од сето она на кое сме навикнати.

Освен што подразбира две „крила“, едно на горниот, а друго на долниот очен капак, графички гледано линиите се многу поостри, што гарантира драстична трансформација, а процесот не е толку комплициран како што може да изгледа на прв поглед.

туш за очи за двојни крилја

Упатство за шминкање!

Таканаречениот „double winged eyeliner“ бара неутрална шминка на остатокот од лицето, а со тоа и беспрекорен, здрав и сјаен тен. Сенката е пожелна, но не е неопходна! Доколку ја користите, изберете само неутрални тонови, а потоа преминете на главната фаза на шминкање на очите.

Како да постигнете ефект на двојно исцртани линии на очите во 4 чекори?

#1 Линијата на горниот очен капак започнете ја со повлекување на тушот за очи по целата должина на окото – од внатре кон надвор.

#2 Пожелно е линијата на почетокот да биде тенка и позиционирана што е можно поблиску до коренот на трепките, а потоа постепено подебела и поостра додека се извиткува за да формира „крило“. Должината, аголот и дебелината зависат исклучиво од вашите преференции и обликот на очите.

#3 Слични правила важат и за долното „крило“, освен што во овој случај, исцртувањето треба да започне на последната третина од долниот очен капак од внатре кон надвор. Важно е линиите на горните и долните „крила“ да бидат што е можно попрецизни и паралелни!

#4 За да додадете малку контраст, аглите на очите се хајлајтираат-истакнуваат со нуд молив, а целиот изглед се заокружува со маскара за смел поглед. Доколку е потребно „пополнете“ ги веѓите со молив, бидејќи сепак фокусот е на очите!

Double Winged Eyeliner

Што научивме?

Двојното „крило“ не мора да биде црно. Подеднакво пожелни комбинации се црната и златната, црната и белата, црната и металик зелената… За најхрабрите се резервирани уште поекстравагантни бои, може и циркони, зошто да не!

Доколку мислите дека „крилјата“ се премногу дебели, користете стапче за уши на кое претходно сте нанеле средство за отстранување шминка и избришете го просторот внатре помеѓу двете линии за да бидат потенки и поубаво дефинирани.

„Крилјата“ можат, но не мора да имаат иста должина или дебелина. Можете да ги исцртате со течен туш, гел туш или туш во форма на пенкало.

Аголна четка на тушот за очи во форма на пенкало е одличен избор за создавање на попрецизни и чисти линии.

Ефектот со двојно исцртана линија на очите одлично се комбинира со повеќе комбинации на облека, особено со минималистички ролки и бели кошули со машки крој. Затоа, време е да ја совладате техниката која го полуде целиот мејкап свет.

Colour Double Winged Eyeliner

- Реклама -

Valentino парфеми со кои е опседнат интернетот!

Valentino visual

На интернет има еден куп експерти и тоа сите го знаеме, но интернетот навистина е место каде што можете да најдете се! Понекогаш се случува дури интернетот да полуди по одреден бренд, а последен пат тоа се случи со модниот бренд Valentino!

Причината за обожавање на парфемите на Valentino е неодамнешното лансирање на женскиот мирис Voce Viva, чие заштитно лице е миленик на медиумите и публиката – Lady Gaga. Како што вообичаено се случува, помладите генерации ги диктираат правилата, особено на интернет, затоа ви пренесувам избор од омилените парфеми на брендот Valentino.

Lady Gaga in red dress

Valentino Dona Born in Roma

Италијанска елеганција, висока мода, поглед на животот, женственост – сето тоа го истакнува парфемот Valentino Dona Born in Roma, кој е модерен, но во исто време безвременски. Со него можете да го глорифицирате она што навистина сте. Прекрасното шише е украсено со нитни, карактеристични за брендот Valentino, а дизајнот е инспириран од римската архитектура.

Valentino Dona Born in Roma visual

Мирисот на почетокот ќе ве маѓепса со комбинација на опоен јасмин и вкусни ноти на црна рибизла и примеси на свеж бергамот. Моќта на слаткиот, длабок јасмин ќе продолжи да ве следи, но нема сам да ги збуни вашите сетила. Совршено ќе се надополни со топлата и слатка ванила во основата на парфемот, каде главни ѕвезди се дрвенестите ноти.

Valentino Dona Born in Roma bottle

Valentino Donna Born in Roma Yellow Dream

Жолтата боја и градот Рим имаат многу заедничко. Доказ е парфемот Valentino Donna Born In Roma Yellow Dream, инспириран од оваа боја. Заедно со црвената, жолтата е една од двете бои карактеристични за италијанската метропола и претставуваат незаменлив дел од структурата на градот Рим. Покрај тоа, овие бои се неизбежни во светот на луксузната мода.

Valentino Donna Born in Roma Yellow Dream visual

Воведот го носи мирисот кон свежи цитруси – калабриски бергамот и лимон. Сочноста на личи совршено го надополнува ова дуо и го оживува мирисот. Потоа, внимание привлекуваат нотите на божур и турска роза, кои ја манифестираат зелената свежина и свиленкаст карактер. Целата композиција се затвора со чист, сензуален и сладок мирис на бел мошус, проткаен со мирис на ванила со зачински ноти и живописен кедар.

Valentino Born in Roma Yellow Dream men and women perfume

Valentino Voce Viva

Мирисот Valentino Voce Viva не е создаден само за да ги маѓепса женските сетила. Создаден е да ги допре нивните срца и да ги поттикне да ги остварат своите соништа. Парфемот му оддава почит на гласот, тоа исклучително интимно женско чувство. Затоа, не е чудно што заштитно лице на Voce Viva стана пејачката Lady Gaga, икона на модерните генерации, која со брендот Valentino ги дели истите вредности.

Voce Viva visual

Комбинацијата на свеж италијански бергамот и слатка сочна мандарина ќе ги воодушеви вашите сетила веќе во воведот на мирисот. Потоа, следат раскошни ноти на цвет од портокал и гарденија, кои го предизвикуваат луксузниот дизајнерски талент на Valentino. Ванилата која доминира во затворањето на мирисот, гарантира дека овој парфем ќе стане вашата нова зависност.

Valentino Voce Viva bottle

- Реклама -

Најнови објави