дома Блог Страна 33

Сè што треба да знаете за пептидите! Anti-age состојка за која сите зборуваат!

пептиди

Во последно време во нашите производи за нега на кожата сè повеќе наидуваме на една состојка што предизвикува интерес кај бјути ентузијастите – пептиди. Пептидите се кратки врски кои се создаваат помеѓу одделните аминокиселини и градежни блокови на белковините (како што се колагенот, еластинот и кератинот кои се одговорни за текстурата, еластичноста и цврстината) кои се клучни за функцијата и убавиот изглед на кожата. Пептидите природно се јавуваат во телото и постојат стотици различни, сите направени од различни комбинации на аминокиселини.

Но, што всушност тие прават за нашата кожа и дали навистина се исплати да ги вклучите во вашата рутина за нега на кожата? Во продолжение можете да откриете сè за својствата на оваа хит состојка за подмладување!

пептиди нанесување крем

Што прават пептидите за вашата кожа?

Кога се нанесуваат на кожата, пептидите дејствуваат како агенти за испраќање пораки до кожата. На овој начин, тие го стимулираат создавањето на колаген и еластин, два протеини кои учествуваат во одржувањето на структурата на кожата, давајќи и цврст и мазен изглед. Како што старееме, количината на колаген и еластин што ги произведува телото постепено се намалува. Затоа, постојаното нанесување на пептиди на кожата може да помогне во стимулирање на нивното производство.

пептиди серум

Дали вреди да се користат пептиди?

Бројни студии докажуваат дека некои пептиди можат да ја затегнат опуштената кожа, да ја вратат заштитната бариера на кожата, да ја подобрат нејзината цврстина, еластичност и да го изедначат тенот. Сепак, пептидите сами по себе самостојно веројатно нема да ги решат сите проблеми со кожата, но во комбинација со други ефективни состојки тие можат да помогнат да се постигне посакуваниот младешки изглед.

Ако се користат пептиди во комбинација со антиоксидантни состојки, како што е ниацинамидот или навлажнувачки состојки, како што е хијалуронската киселина, тие веројатно нема да ја иритираат вашата кожа. Меѓутоа, кога се комбинираат со активни состојки кои имаат тенденција да ја иритираат кожата, како што се АХА киселините и ретинолот, пептидите можат дополнително да ја иритираат чувствителната кожа.

The Ordinary “Buffet” + Copper Peptides 1%

Кога е најдобро да се користат пептидите?

Ако користите пептиден серум, нанесете го откако ќе ја исчистите кожата на лицето и пред хидратантната крема. Но, ако претпочитате да уживате во пептидите во вашиот хидратантен крем, проверете дали серумот што го нанесувате претходно не содржи потенцијално иритирачки активни состојки.

The Ordinary пептиди

- Реклама -

Електризирачки свеж и зачинет мирис! YSL La Nuit de L’Homme Bleu Electrique

Bleu Electrique

Како моден тренд оваа година, електрично сината боја на стаклените шишенца на машките изданија, не ја заобиколи најновата креација на брендот Yves Saint Laurent, лансирајќи интензивна тоалетна вода со топол, дрвенест ароматичен концепт, нов машки мирис наречен La Nuit de L’Homme Bleu Electrique.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by YSL Beauty Official (@yslbeauty)

L’Homme и La Nuit de L’Homme ги слави двете лица на современиот маж!

Yves Saint Laurent со машките мирисни линии L’Homme и La Nuit de L’Homme ги слави двете лица на современиот маж. Од ноншалантен шарм до електризирачко заведување! Од префинет дечко до урбано лошо момче. Мирисно дуо кое го отсликува миризливото наследство на Yves Saint Laurent.

Yves Saint Laurent La Nuit de L'Homme Bleu Electrique visual

La Nuit de L'Homme Bleu Electrique bottled

Bleu Electrique е создаден во концентрација на интензивна тоалетна вода!

Новиот парфем за мажи La Nuit de L’Homme Bleu Electrique е создаден во концентрација на интензивна тоалетна вода што нуди позитивна тензија помеѓу зачинскиот кардамон, електризирачка возбуда што ја обезбедува ѓумбирот и живата свежина на француската лаванда, посебно креирана за YSL Beauté.

За новиот мирис парфимерот Dominique Ropion вели дека „Миризливата интерпретација е поинтензивна и позачинета од оригиналната тоалетна вода La Nuit de L’Homme“.

La Nuit de L’Homme Bleu Electrique е достапен во шишиња од 40, 60 и 100 мл, како Eau de Toilette Intense.

L'Homme colections

L'Homme lines

Bleu Electrique bottled Bleu Electrique package

- Реклама -

Пилинг чорапи за нежни стапала во само неколку чекори! Parasoftin

parasoftin visual

Иновативно решение за ефикасна нега на кожата на стапалата! Parasoftin

Време е за одење на плажа и носење отворени обувки. Жешкото време ни наложува да заборавиме на затворените чевли и да се раскомотиме во влечки или сандали, а тоа значи дека стапалата ни се директно изложени.

parasoftin visual

Ефект на прекрасни стапала видлив седум дена од употребата!

Груби стапала и несредени нокти навистина го расипуваат изгледот. Секоја префинета жена внимава на секој детал, па така средени и негувани стапала се нешто што таа го посакува. Секако, грубите стапала го расипуваат впечатокот, но  влијаат и на самодовербата. Порано стапалата ги стругавме за да постигнеме нежен ефект, а сега тоа го правиме со чорапите Parasoftin (Парасофтин) за ефект на прекрасни стапала видлив седум дена од употребата.

Нежни стапала повторно можат да бидат реалност кај секоја жена!

Прекрасни, нежни стапала повторно може да бидат реалност на секоја жена благодарение на чорапите Парасофтин со иновативното решение кое го дава посакуваниот ефект и производ со прифатлива цена.

parasoftin package

Внимателно избраните состојки обезбедуваат интензивна хидратација на нозете!

Во зависност од степенот на задебелување на стапалата, активните состојки продираат длабоко и го омекнуваат засегнатиот груб површински слој на кожата. Ова се должи на комплексот од растителни екстракти (екстракти од кактус, круша, лимон, грозје и ананас) уреа и алантоин кој ја хидрира сувата кожа, ја помага регенерацијата и има ефект на мазнење и омекнување. AHA и BHA киселините го стимулираат процесот на обнова и ефикасна регенерација на кожата. Внимателно избраните состојки обезбедуваат интензивна хидратација на нозете, давајќи им мазен, чист и префинет изглед со видлив ефект по приближно 7 дена од употребата.

Нежни стапала во само неколку чекори!

#1 Не треба да имате накит или лак на ноктите на нозете.

#2 Измијте ги стапалата, потоа исушете ги внимателно.

#3 Исечете го пакувањето и внимателно и рамномерно распоредете ја течноста во двете чорапи.

#4 После 60 до 90 минути отстранете ги чорапите натопени со течност и темелно исплакнете ги нозете со вода и сапун.

#5 Во зависност од состојбата на вашата кожата, процесот на ексфолијација (лупење на здебелените делови на кожата) ќе започне после 4 до 7 дена и ќе потрае уште 3 до 5 дена.

#6 За да останат вашите стапала мазни и нежни, може да ја повторувате постапката на секои 30 дена.

Чорапите не се препорачуваат во случај на оштетена кожа, егзема, габична инфекција или други кожни проблеми, преосетливост на некоја од состојките или ако страдате од дијабетес.

legs

- Реклама -

Мирис подготвен да ја открие храброста на сопственикот! JPG Scandal Pour Homme

Scandal Pour Homme

Популарната мирисна колекција Scandal на Jean Paul Gaultier го вклучи првиот машки мирис Scandal Pour Homme. Колекцијата започна со женското опојното издание Scandal од 2017 година во кое медот, карамелата, пачулито, црвениот портокал и белите кремасти цветови беа најдоминантни. После него лансиран беше Scandal By Night кој заведуваше со опојната композиција каде медот се мешаше со тонка зрната и црешите. Третиот женски мирис од колекцијата Scandal A Paris беше повеќе цветен и ги мешаше соларните ноти на јасминот со медот и вкусните круши, додека So Scandal! беше најмногу овошен, со пикантни ноти на ликер од малина што го прелеваше прекрасниот букет од бели цветови.

Jean Paul Gaultier Scandal Duo

Scandal Pour Homme е создаден како ода на машкоста!

Машката креација носи ДНК од првото издание на колекцијата, фаворизирајќи акорд на карамела кој се комбинира со тонка зрна и ветивер. Композицијата е зачинета со деликатно слаткаст акорд на кардамон и зачинета билна нијанса на мускатна жалфија. Новиот Scandal Pour Homme е создаден како ода на машкоста, мирис кој е подготвен да ја открие харизмата и храброста на сопственикот.

Scandal Pour Homme boxing gloves

Scandal Pour Homme bottled

Капаче во форма на круна ја рефлектира триумфалната композиција!

Шишето во форма на трофеј со капаче во форма на круна ја рефлектира триумфалната композиција и го слави впечатокот што го остава на другите. Шишето е дизајнирано да може да се надополнува. Бојата на течноста е сива и совршено се комбинира со златната круна и црвениот детал на капачето.

composition

Scandal Pour Homme composition

Колекција!

Машкиот мирис Scandal Pour Homme е достапен во шишиња од 50, 100 и 150 мл, како и шише од 200 мл за надополнување. Колекцијата вклучува производи за нега на тело, дезодоранс од 150 мл и гел за туширање од 150 мл.

colection

colection body

Scandal Pour Homme bottled

- Реклама -

Плени со безвременски шарм и префинета елеганција! CoSTUME NATIONAL HOMME Parfum

CoSTUME NATIONAL HOMME Parfum visual

Parfum Homme е ДНК на брендот, изразен низ неговата суштинска елеганција, апсолутна чистота на материјалите и единствениот софистициран дизајн Made in Italy.

Зрак на совршенство и префинет стил!

Метрополитански и космополитски дух на CoSTUME NATIONAL HOMME Parfum оддава зрак на совршенство и префинет стил. Совршен баланс измеѓу креативниот и авангардниот пристап и чистотата на модерните линии во сензуална хармонија.

Хроматскиот избор за CoSTUME NATIONAL е совршен спој на црно и бело. Апсолутно совршенство и елеганција. Електричен, ја сака уметноста и дизајнот.

CoSTUME NATIONAL HOMME Parfum bottled

Парфем создаден за љубопитен патник на животот!

CoSTUME NATIONAL HOMME Parfum е создаден за динамичниот, љубопитен патник на животот, истражувач кој сака да доживува, а вродената страст за убавина му дава одличен дар на запазување детали. Секогаш во потрага по извонредност, се идентификува во својот избор кој е јасно изразен. Секој детал се одликува со континуирано истражување на стилот и убавината. Безвременски шарм, префинета елеганција.

CoSTUME NATIONAL HOMME Parfum visual 2

Суровини со апсолутен квалитет!

CoSTUME NATIONAL HOMME Parfum содржи суровини од апсолутен квалитет, во висока концентрација слична на екстракт од парфем. Свежината на лимоновите ноти, цитронот и масло од бергамот, совршено со мешаат со зачинетите екстракти од кардамон. Во средните ноти е интензивниот цимет комбиниран со екстракт од ветивер, засладен со деликатни ноти на масло од пачули. Базичните ноти сочинуваат дрвенести коктел од мошус, сандалово дрво и лабдамун.

CoSTUME NATIONAL content 4

CoSTUME NATIONAL content 3

CoSTUME NATIONAL content 2

CoSTUME NATIONAL content

CoSTUME NATIONAL HOMME Parfum bottled 2

- Реклама -

Anabella станува FABUspot! Иста локација нова Beauty приказна!

FABUSpot

Вашето омилено место за разубавување, од денес со ново име – FABUspot!

Нова Beauty авантура, со стариот добро познат квалитет, бидејќи вашето задоволство и насмевка се најважен поттик и инспирација!

20% попуст на поголемиот дел од асортиманот!

Токму затоа, оваа недела во  FABUspot (Скопје City Mall и хотел Мериот) ве очекуваат многу изненадувања и 20% попуст на поголемиот дел од асортиманот (01.07 – 04.07). Покрај досегашните брендови од категоријата на парфеми, шминки и нега на кожа, меѓу кои и ексклузивните La Mer, Bobbi Brown и Tom Ford во FABUspot отсега можете да ги најдете и производите на брендот Origins.

Зад FABUspot стои познатата компанија ORBICO!

Зад FABUspot, познато како Anabella Beauty Spot, стои ORBICO, компанија која го создаде овој проект како резултат од љубовта и трудот на нивните инсајдери кои имаа за цел да креираат место каде сите љубители на козметика што сакаат да ја истражуваат убавината, да го сторат тоа во чекор со најновите трендови. Целта останува иста, сите ние да се чувствуваме удобно, пријатно и привлечно во својата кожа!

Вашите лични FABU шопинг асистенти ќе ви помогнат при изборот на посакуваниот производ!

Ова лето, Anabella Beauty Spot се ребрендира во FABUspot, истото луксузно beauty место во Скопје кое нуди голем избор на брендови и производи. Тука, ќе можете да откриете многу повеќе за светот на убавината со помош на вашите лични FABU шопинг асистенти кои воедно се и консултанти од  брендовите и ќе ве упатат во вистинска насока при изборот на посакуваниот производ, според типот на кожата, потребата и желбата.

FABUspot Makedonija следете ги социјалните мрежи!

За сите новитети, понуди и случувања, следете ги социјалните мрежи на FABUspot Makedonija на Facebook и Instagram, преку кои можете да остварите и онлајн нарачка на територија на цела Македонија, со бесплатна достава за сметка над 1000 денари.

Уживајте во шопингот и во вашиот нов FABUlous Beauty свет.

- Реклама -

6 трикови со молив за веѓи кои секоја жена мора да ги знае!

moliv za vegi visual

Веѓите се исклучително важен дел од лицето, а тоа е нешто што го сфативме во последниве неколку години. Секако, усните, носот и очите играат важна улога во обликувањето на цртите на лицето, но секој мејкап изглед може да изгледа многу полошо ако немате совршено средени и обликувани веѓи. Во последниве години во тренд се густи, пополнети веѓи со совршена форма. За да ги камуфлираме сите несовршености на веѓите, секој од нас посегнува по моливот за веѓи. Но, дали знаете што се можете да постигнете со молив за веѓи? Во продолжение ви откривам 6 трикови со овој незаменлив мејкап производ!

мејкап проивод молив за веѓи

Трикови со молив за веѓи!

#1 Изберете молив за веѓи 2 нијанси посветол од вашата коса!

Правилен начин е да изберете боја што е за 2 нијанси посветла од вашата коса! Зошто? Затоа што само така бојата на веѓите совршено ќе се вклопи со нијансата на косата.

#2 Оставете го врвот на веѓата без молив!

Кога ги пополнувате веѓите, фокусирајте се на долниот дел од самата веѓа и нејзиниот корен, бидејќи боја на горниот дел на веѓата ќе изгледа неприродно. На овој начин, ќе добиете поприродна и поубава форма на пополнети веѓи!

пополнување на ретки веѓи

#3 Не притискајте го моливот за веѓи!

Со лесни потези со раката, без треперење при пополнување на веѓите! Не притискајте го моливчето на било кој начин, туку нанесете го со кратки, лесни потези нагоре.

#4 Не го исполнувајте крајот на веѓата!

Веѓите природно се најгусти и најтемни на самиот почеток, па затоа може да изгледа неприродно ако го пополните самиот крај на веѓата.

пополнување на веѓи

#5 Изберете поладен тон на моливот за веѓи!

При изборот на совршена нијанса, освен со правилото #1 се водите од фактот дека влакната на веѓите имаат природно поладен подтон и затоа топлите нијанси можат да изгледаат прилично вештачки.

#6 Фиксирајте ги веѓите со транспарентна маскара за веѓи!

За бојата на веѓите да трае подолго, предлагам после исцртувањето на веѓите да нанесете транспарентна гел маскара за фиксирање на веѓи, што ќе го зајакне пигментот и ќе допринесе влакненцата да останат на своето место. На овој начин ќе имате потрајен пигмент на веѓите и покрај надворешните температури.

моливи за веѓи разни брндови

- Реклама -

Запознајте го врвот во светот на мирисите! Creed Viking Cologne

Creed Viking Cologne

Гледањето на вакви пејзажи ги буди сетилата – чувство кое House of Creed го доловува преку Viking Cologne!

Мирисите на луксузниот парфемски бренд House of Creed привлекуваат со ниво на фанатизам. Creed веќе со години е популарен луксузен парфемски бренд, бидејќи комбинира ексклузивност и историја.

Creed е престижна и добро позната марка во последниве 250 години!

Creed одамна е познат и почитуван како еден од најдобрите брендови за мириси досега. Тие во минатото биле познати по создавањето на парфеми исклучиво за кралски семејства, познати личности и познати политички фигури. Денес, Creed е престижна и добро позната марка во последниве 250 години! Можеби не сте знаеле дека Creed создава мириси исклучиво за нивните богати клиенти, мириси кои генерално не се достапни за јавноста, а само мал дел од тие мириси подоцна се пуштаат во јавноста.

Viking Cologne – Lake Ohrid - Photo: Boby Kjose

House of Creed го лансира својот нов заживувачки парфем!

Животот постепено се отвора, можеме да се дружиме и летото е на повидок. Ова повикува на нов мирис и ако барате заживувачки мирис што ќе одговара на новиот живот, го добивме Viking Cologne од House of Creed.

Освежителен унисекс парфем, Viking Cologne е дизајниран да предизвика чувство на енергија со ноти на цитрусни овошја и розов бибер поставени заедно со срцевите ноти од лаванда, морско оревче и рузмарин. Овие ароми се споени со дрвенеста основа со суво сандалово дрво, пачули и ветивер. Оваа вибрација е нагласена со треперењето на ноти од портокал што е додаток во мирисните колекции на Creed.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ubavina za site (@ubavinazasite)

Ја покрива мојата душа со плима од најдобрите ароми на мајката природа!

Авантурата се наоѓа во јадрото на Viking Cologne парфемот. Кога го создадоа, мастер парфимерот од шестата генерација Olivier Creed и неговиот син Erwin беа инспирирани од дивата убавина на природата. Природа наменета за истражувачи, со спектакуларни знаменитости што треба да се откријат од секој агол – од карпести крајолици до природни езера и немирни води, од зимзелени шуми до високи планини. Гледањето на вакви пејзажи ги буди сетилата – чувство кое House of Creed го доловува преку Viking Cologne.

Viking Cologne нуди ревитализирачка свежина со висок квалитет како што се очекува од сите Creed изданија.

Мирисните изданија на House of Creed единствено во Anabella Beauty Spot, хотел Мериот!

Пробајте ја најмоќната плима во душата создадена од најновиот Viking Cologne, достапен во количини од 50 и 100 мл единствено во Anabella Beauty Spot, хотел Мериот.

Creed Viking Cologne – Lake Ohrid - Photo: Boby Kjose

Creed – Lake Ohrid - Photo: Boby Kjose

Creed - Lake Ohrid - Photo: Boby Kjose

Viking Cologne – Lake Ohrid - Photo: Boby Kjose

Creed Viking Cologne – Lake Ohrid - Photo: Boby Kjose

Фото: Боби Ќосе – Photo: Boby Kjose

- Реклама -

Guerlain објави дека благодарение на вашето учество собрани се потребните 1 милион евра!

Повеќе сојузници, за уште поголемо влијание! Guerlain сега е уште повеќе посветен на пчелите, симболот на брендот!

Посветеноста на Guerlain добива нов интензитет благодарение на несебичната поддршка и вашето учество во кампањата за Светскиот Ден на пчелата 2021.

Брендот Guerlain се заблагодарува на сите кои несебично придонесоа за собирањето на потребните финансиски средства за Светскиот Ден на пчелата 2021.

Со голема радост ве известуваме дека целта е постигната преку напорите на заедницата на Guerlain и пошироката јавност и се собраа потребните 1 милион евра за да се помогне во проширувањето на „Guerlain For Bees Conservation Programme“.

Gierlain World Bee Day

Guerlain донираше 20% од глобалната продажба!

Да се потсетиме, на 20 мај се обележа Светскиот Ден на пчелите, а на 22 мај Меѓународниот Ден на Биолошката разновидност. За Guerlain, токму овие два датуми беа клучни за нов пресврт во нејзината посветеност кон зачувување на пчелите. Во текот на тие три дена, од 20ти до 22ри мај, Guerlain донираше 20% од глобалната продажба и дополнителни 20€ од секоја споделена објава на Инстаграм на 20ти мај.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ubavina za site (@ubavinazasite)

Денес, мотивирани од постигнатиот успех за Денот на пчелата, Guerlain е уште повеќе посветен на пчелите, симболот на брендот и неговиот бесконечен извор на инспирација и обележа уште еден значаен чекор во прифаќањето на нови партнерства како дел од „Guerlain For Bees Conservation Programme“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Guerlain (@guerlain)

Guerlain For Bees Conservation Programme – Повеќе сојузници, за уште поголемо влијание!

Guerlain започнува три нови партнерства како дел од „Guerlain For Bees Conservation Programme“. Две од нив се финансирани преку фондот за поддршка на Светскиот Ден на пчелите и се потпишани со Францускиот комитет на МУЗП (Меѓународна Унија за зачувување на природата) и Националниот музеј на историјата на природата. Третото партнерство е со кинеската невладина организација – Центар за зачувување на Шан Шуи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ubavina za site (@ubavinazasite)

- Реклама -

Megamare плови во стаклената површина! Orto Parisi

Orto Parisi Megamare

Најмногу мирис собира душата! Orto Parisi Megamare

Деловите од телото кои носат најмногу мирис се оние каде се собира душата. Силните мириси станаа непријатни за нас, бидејќи вишокот на душа е неподнослив, затоа што нашиот вроден анимализам е потиснат и скршен од цивилизацијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ORTO PARISI PARFUM (@ortoparisi)

Нашето тело се доживува како градина!

Овој проект се наоѓа во мојата градина и јас го засадив, оплодив, одржував и собирав. Orto Parisi наведува дека нашето тело се доживува како градина, а неговите мириси се вистинско огледало на нашата душа.

Megamare

Orto Parisi Megamare глетки!

Тоа е вечно чувство, бесконечно дишење, повик кон се и ништо – овде, таму, насекаде. Морето ве носи на бреговите на нови земји и ве повикува да ги сретнете таму долу. Преку солените слоеви кон длабоките, чисти молитви. За комплетноста на морето не е потребно објаснување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ORTO PARISI PARFUM (@ortoparisi)

Сребреното метално капаче со зеленкаста корозија!

Пакувањата на Orto Parisi Megamare се сокриени во кутија во која се отвара средината. Megamare плови во стаклената површина со сребрено метално капаче со зеленкаста корозија предизвикана од солените води на вметнатата морска обвивка.

Orto Parisi Megamare on the beach

- Реклама -

Најнови објави