дома Блог Страна 4

Совршен пар со единствен мирис! Scandal Le Parfum

Jean Paul Gaultier Scandal Pour Femme Le Parfum & Scandal Pour Homme Le Parfum visual

Запознајте ги новите парфеми Scandal Le Parfum, совршен пар со единствен мирис! Мирисно дуо за неа и за него што создава скандал и ги привлекува сите победи за себе.

Jean Paul Gaultier Scandal Pour Femme Le Parfum & Scandal Pour Homme Le Parfum

Jean Paul Gaultier Scandal Pour Femme Le Parfum & Scandal Pour Homme Le Parfum

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @jeanpaulgaultier

Нема граници! Jean Paul Gaultier Scandal Le Parfum

Женскиот Scandal Le Parfum е најновата мирисна зависност од неверојатната Scandal линија. Новиот женски парфем е содржан во интензивно црвено шишенце со многу атрактивен изглед и заразни мирисни ноти. Ова е интензивен парфем кој овозможува да направите сè.

Jean Paul Gaultier Scandal Pour Femme Le Parfum

Луд цветен килибар!

Заборавете на воспоставените правила и дозволете си ја целата смелост без комплекс. Овој зачудувачки интензивен парфем со ноти од килибар ја симболизира женствената сензуалност. Нотите од црна ванила се обвиени со мирис на јасмин и гурмански мириси на солена карамела. Протресете го кодот на заведувањето со изборот на новата интензивна парфемска вода од Jean Paul Gaultier.

Jean Paul Gaultier ingredients

Интензивно црвено шише и зачудувачки женски голи нозе!

Парфемот доаѓа во иконично шишенце, крунисано со препознатливо капаче со голи женски нозе. Овој интензивен мирис е облечен во црвена финост.

Scandal Le Parfum е достапен во шишенца од 30, 50 и 80 мл, како Eau de Parfum Intense.

Jean Paul Gaultier Scandal Pour Femme Le Parfum

Уште посекси и поинтензивен! Jean Paul Gaultier Scandal Pour Homme Le Parfum

Заедно со женскиот мирис, Jean Paul Gaultier го претстави машкиот Scandal Pour Homme Le Parfum, уште посекси и поинтензивен парфем.

Легендата се враќа!

Легендата од боксерскиот ринг се враќа. Златно крунисаниот шампион, неговата лакирана црна харизма ќе ве нокаутира при првото прскање со дрвенесто-килибарна арома. Победа што ќе одекне!

Jean Paul Gaultier Scandal Pour Homme Le Parfum

Ќе бидете заведени од моќта на килибарот и новиот интензитет!

По брилијантно направеното Scandal Pour Homme оригинално издание, новата креација мами со кремаста и топла алијанса, задржувајќи ги тонка зрната во комбинација со сандалово дрво, но сега покремаста и нешто помлечна мешавина.

Разбудете ги вашите сетила со обвивка од мирисот со ноти на сандалово дрво и тонка зрна, опфатени со моќта на здравец. Мирис со наметлива сексипилност што си поигрува со придобивките. Сега дозволете си да бидете заведени од моќта на килибарот и новиот интензитет на Jean Paul Gaultier.

Jean Paul Gaultier ingredients

Црно лакирано шише со блескава златна круна!

Заразен и театрален, новиот машки парфем е дел од легендата. Заробен во лакирано црно шише со блескава златна круна, овој интензивен дрвенесто-килибарен парфем не се откажува ни од една препрека.

Новиот машки Scandal парфем доаѓа во шишенца од 50, 100 и 150 мл, во Eau de Parfum Intense концентрација.

Jean Paul Gaultier fragrance

- Реклама -

Guerlain повика да нацртате цвет во знак на поддршка на пчелите!

Заедно со Guerlain нацртај го својот омилен цвет по повод меѓународниот ден на пчелите

Guerlain повика сите да се придружат за да помогнат да се спасат пчелите. Трета година по ред, францускиот бренд за убавина Guerlain ја мобилизира светската јавност во посветеност и акција на Меѓународниот ден на пчелата.

Заедно да го одбележиме Меѓународниот ден на пчелата!

Guerlain испрати повик до сите да го нацртаат својот омилен цвет како знак на поддршка на пчелите.

Guerlain повика да нацртате цвет во знак на поддршка на пчелите

Водно, Guerlain ја покажа својата грижа кон животната средина. Во периодот од 20 мај до 22 мај, 20% од вкупната продажба на Guerlain ќе бидат донирани на „Guerlain for Bees“ програмата.

Guerlain повика да нацртате цвет во знак на поддршка на пчелите

Да ги научиме идните генерации!

Целта на Guerlain останува иста – да се соберат средства за поддршка на програмата за зачувување на пчелите. Толку многу природни богатства и ресурси зависат од нивната маестрална работа. Затоа, Guerlain со голема посветеност прави напори да ги заштити пчелите за да ги научи идните генерации за овие неверојатни помагатели на природата.

Со програмата за зачувување на пчелите, Guerlain е посветен на помагање во нивна заштитата и зачувување на биолошката разновидност. Програмата опфаќа значајни иницијативи и партнерства кои рефлектираат повеќе тематски столбови: зачувување и опрашување, едукација, зајакнување и иновација.

Guerlain повика да нацртате цвет во знак на поддршка на пчелите

Заедно со Guerlain нацртај го својот омилен цвет по повод меѓународниот ден на пчелата

Заедно со Guerlain нацртај го својот омилен цвет по повод меѓународниот ден на пчелата

- Реклама -

Овошниот тренд на Tom Ford продолжува! Cherry Smoke & Electric Cherry

Tom Ford Cherry Collection visual

Следејќи ја огромната популарност на Lost Cherry парфемот, Tom Ford ја прошири Private Blend линијата со два нови Cherry мириси, наречени Cherry Smoke и Electric Cherry. Сите љубители на нотата од цреша ќе бидат повеќе од задоволни кога знаат дека овошниот тренд на Tom Ford продолжува и оваа година!

Cherry Collection

Зачаден шоу! Tom Ford Cherry Smoke

Како искусен хедонист, Cherry Smoke си игра со оган, пука од мирис на црна цреша, запален од заводлив османтус, тлее со зачадени дрвенести ноти. Најновиот Cherry Smoke е топол и зачинет мирис.

Cherry Smoke се отвора со исклучителниот мирис на црна цреша, зајакнат со егзотични ноти на шафран. Мирисните бели цветови на османтус зрачат со ароми на кајсија, маслинка и кожа, додека дрвенестите зачадени акорди повикуваат со загреана живост и топлина.

Tom Ford Cherry Smoke ingredients

Хедонистичка и зачадена Cherry Smoke ја опфаќа темната страна на црешата.

Tom Ford Cherry Smoke е достапен во шишенца од 30 и 50 мл, како Eau de Parfum.

Tom Ford Cherry Smoke a bottle

Разигран и провокативен! Tom Ford Electric Cherry

Electric Cherry го спојува мирисот на морело црешата со топлината на мошусот и жестокиот јасмин, заедно евоцирајќи флерт што блеска со разигран сјај. Новиот Electric Cherry е свеж и опоен, цветно-овошен мирис.

Унисекс изданието Electric Cherry ја комбинира бујната кисела нота од морело црешата со возбудлив ѓумбир. Додека, раскошниот јасмин повикува со волшебна арома. Примамливиот мирис на мошус, ослободува топол здив кој се меша со зачинет розов бибер во зрно.

Electric Cherry ingredients

Electric Cherry истовремено е шумлив и разигран. Мирис кој ги опишува првите, флертувачки фази на една романса.

Tom Ford Electric Cherry е достапен како Eau de Parfum во шишенца од 30 и 50 мл.

Tom Ford Electric Cherry a bottle

- Реклама -

Како да изберете пудра за возраст по четириесет години!

Како да изберете пудра за возраст по четириесет години

Со текот на годините, особено на возраст по четириесет години, најмногу промени се забележуваат на кожата на лицето. Изборот на пудра во овој период од животот има за цел формулата да дејствува како инстант лифтинг, односно да ја затегне кожата и ги измазни брчките.

Поради промените на кожата на лицето ќе треба да промените неколку видови на пудра, во зависност од тоа дали вашата кожа е мрсна, сува, осетлива, нормална… Во тој период од животот освен според типот на кожата, пудрата ја избираме според бојата на тенот, а најдобра нијанса е онаа која целосно ќе се стопи со лицето.

Во продолжение ќе ви дадам неколку совети како да изберете пудра за возраст по четириесет години.

четириесет години возраст

Формула која подмладува и не создава ефект на маска!

Повеќето жени на возраст по четириесет години имаат проблем со суво лице, создавање на брчки, недостаток на волумен, губење на еластичност на кожата… Затоа, течната пудрата која е наменета за возраст по четириесет години не треба да биде со тешка и густа формула, бидејќи ќе се вовлече во порите и брчките. Поради тоа сите неправилности ќе бидат уште повеќе видливи, а наместо природен изглед на лицето ќе го добиете непосакуваниот ефект на маска. Најдобри течни пудри се оние кои имаат лесна формула, кои брзо го изедначуваат тенот, создавајќи чувство на мазност и ги „бришат“ брчките, воено враќајќи го младешкиот изглед на лицето.

Како да изберете пудра за возраст по четириесет години, за зрела кожа

Течна пудра за возраст по четириесет години – златни правила!

После четириесеттата година на кожата најпотребна е добра нега и хидратација. Во исто време потребни се и квалитетни производи со витамини и други активни состојки. Тие ќе ја стимулираат синтезата на создавање на колаген и ќе го забават формирањето на длабоки брчки. Најдобрата течна пудра за овој период од животот, воедно треба да ја негува кожата и да ги прикрива неправилностите. Во исто време на кожата треба да и обезбедува здрав сјај.

Ако текстурата на течната пудра е на база на силикон, лесно ќе го постигнете ефектот на лифтинг на лицето. Повеќето сериозни козметички брендови имаат линии со производни наменети само за зрела кожа. Ве советувам да се обидете со пудрите од познатите светски производители како што се Lancôme или Estée Lauder. Тие покажуваат одлични резултати кај жените над четириесет години. По нанесувањето на овие течни пудри површината на лицето ќе биде затегната. Најважно од се е изостанувањето на непријатното чувство на затегнатост на лицето. Кожата ќе биде свиленкаста и еластична, а брчките речиси невидливи!

Ако немате премногу време за шминкање, а потребно е само да го изедначите тенот на лицето, добро ќе ви послужи ЦЦ кремот. Тој ја намалува дисколорацијата, помага „сивата“ и уморна кожа да засјае. Го прикрива црвенилото, сончевите дамки… Може да се користи самостојно или како прајмер, пред нанесување на течната пудра.

Како да изберете пудра за зрела кожа

- Реклама -

Елегантен мирис инспириран од хипнотичкото зајдисонце! Versace Dylan Purple

Versace Dylan Purple visual

Женскиот Versace Dylan Purple е мирис од колекцијата што ги вклучува Versace Pour Femme Dylan Blue од 2017 година и Versace Pour Femme Dylan Turquoise од 2020 година.

Versace Dylan Purple a bottle visual

Мирис инспириран од хипнотичко зајдисонце покрај водата!

Женскиот мирис Dylan Purple е инспириран од моментите поминати на италијанските плажи и хипнотичкото зајдисонце покрај водата со виолетови рефлексии и нежен миризлив ветер.

Dylan Purple

Лице на мириот – Iris Law

Елегантниот Dylan Purple мирис ќе ве пренесете до бескрајно лето со кампањата на Versace во која главна ѕвезда е англиската актерка и манекенка Iris Law. Преку овој мирис модната куќа Versace ја враќа едноставната, чиста и неукрасена среќа.

Iris Law

Елегантен мирис со виолетови рефлексии!

Dylan Purple е светол и елегантен мирис. Блескав бергамот е помешан со разиграните и весели тонови на свежо набран портокал. Деликатните мириси на фрезија носат експлозија од светла виолетова боја.

Dylan Purple

Цветното срце претставува зајдисонце покрај водата со виолетови рефлексии и благ миризлив ветер. Цветно-овошниот состав вклучува ноти на горчлив портокал и бергамот од Италија, круша и виолетова фрезија.

Iris Law

Шише кое потсетува на амфора!

Елегантните облини на шишето потсетуваат на амфора, силно евоцирајќи ја класичната култура и митологијата која длабоко е врежана во имагинацијата на Versace. Со букви во барокен стил испишано е името на Versace брендот.

Versace Dylan Purple е достапен во шишенца од 30, 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.

a bottle and a package

- Реклама -

Трикови против пролетен замор на лицето!

Трикови против пролетен замор на лицето

Пролетта кај повеќето луѓе предизвикува наплив на енергија, но некои се чувствуваат уморно и безволно. Доколку се чувствувате така, можете да искористите неколку едноставни трикови против знаците на пролетен замор на лицето и како да го освежите изгледот.

Ладете го пределот околу очите!

Темните кругови се чест проблем за многу жени, а пролетниот замор може дополнително да го нагласат отокот околу очите. За да го намалите отокот, можете да користите различни техники за ладење на пределот околу очите.

Наједноставна и најбрза техника е „skin icing“, популарна на социјалните мрежи. Сè што треба да направите е да завиткате 4-5 коцки мраз во мека и чиста памучна крпа, а потоа нежно да го масирате лицето со кружни движења во период од минута до две. На овој начин, веднаш ќе го намалите отокот под очите. Овој ритуал можете секојдневно да го повторувате и на други делови од лицето.

skin icing

Не ја прескокнувајте масажата на лицето!

Утринската масажа на лицето е еден од најдобрите третмани против стареење што можете да го примените во вашиот дом. Но, многу жени, за жал, го прескокнуваат овој чекор во нивната утринска рутина.

Масажата на лицето трае само неколку минути, а има многу придобивки како што се подобрување на циркулацијата, намалување на надуеноста и детоксикација на кожата, што овозможува природно враќање на тонот на кожата. Воедно, масажата на лицето може да биде релаксирачки третман за намалување на стресот и главоболката.

масажа на лице

Дополнителен бонус после добра масажа е маската за лице. Маската за лице е идеална за смирување на лицето и намалување на знаците на замор. Ако маската е збогатена со хијалуронска киселина, ќе му даде бонус хидратација на лицето.

Трикови против пролетен замор на лицето маска за лице

Дозволете вашата кожа да ги почувствува придобивките од витаминот Ц

Еден од најчестите знаци на пролетен замор е лице без сјај – уморно лице кое изгледа безживотно. Зимата остави трага на кожата, нејзе и недостигаат витамини. Затоа, време е да направите промени во рутината за нега на кожата и да вклучите серум и маска за лице кои се богати со витамин Ц. Овој моќен антиоксиданс не само што го зајакнува целокупниот имунитет на организмот, туку ја ревитализира кожата на лицето. Витаминот Ц помага за зачувување на младешкиот изглед, го изедначува тенот и обезбедува свежина, хидратација и цврстина на уморната кожа.

Трикови против пролетен замор на лицето серум со витамин ц

Серумот е пролетен еликсир за кожата, а серумот со витамин Ц кожата ја прави два пати посветла и трипати помазна. Тоа е производ кој мора да го вклучите во вашата пролетна рутина за нега на кожата. Витаминот Ц помага за враќање на сјајот и намалување на знаците на стареење.

Трикови против пролетен замор на лицето витамин ц

- Реклама -

Прегрнете го летниот дух со Boss Bottled Pacific

Boss Bottled Pacific visual

Топла сина вода, пастелни зајдисонца и златен песок се мелем за Boss мажот додека ужива во секој момент од неговиот добро заслужен одмор. За него, Boss ја понуди новата освежувачка и живописна тоалетна вода – Boss Bottled Pacific. Како да е родена длабоко под нивото на морето, тоалетната вода Boss Bottled Pacific ја изразува свежината на водата и ја рефлектира нејзината бесконечна длабочина. Овој мирис е безвременски и никогаш нема да остане незабележан.

Нова енергија во Boss Bottled колекцијата!

Машкиот мирис Boss Bottled Pacific ве носи на брановите и сончевите плажи. Збогатен со кокос, лимон и сол, мирисот додава свежа експлозија од енергија на Boss Bottled фамилијата.

Boss Bottled Pacific

Инспириран од чистите сини води и опуштените вибрации на плажа!

Креиран од парфимерката Sophie Labbe, Boss Bottled Pacific е ароматичен, дрвенест и софистициран мирис со освежувачка арома инспирирана од чистите сини води и опуштените вибрации на плажа.

Доза лимон и пенлива есенција од кедар го претставуваат долготрајниот мирис пред да нѐ однесат во нотите на кокос во срцевината, каде солени ноти и доза есенција на чемпрес додаваат освежителна и оживувачка страна. Во основата, дрвенестите траги од кашмир, пачули од Индонезија и сандалово дрво се потсетник за топлината на сонцето на кожата.

Boss Bottled Pacific ingredients

Мирис на незаборавно лето!

Мирисот го евоцира споменот од водените авантури, како и моментот кога треба да здивнете и да се опуштите под сенките на палмините дрва. Ова е мирис на незаборавно лето!

Шише!

Инстантно препознатливото Boss Bottled шише е обоено во полу-проѕирна летна сина нијанса и украсено со капаче во топла сребрена боја, инспирирано од азурната морска вода која светка и се прелева. Надворешното пакување во сина и топла сребрена нијанса, ја рефлектира оваа освежувачка вибрација, која воедно е потсетник да земете пауза и да уживате во летното време.

Boss Bottled Pacific a bottle and a package

Кампања!

Chris Hemsworth е лицето за кампањата за Boss Bottled мирисната колекција, отелотворувајќи ги вистинските вредности на Boss мажот.

Chris Hemsworth

Ограничено издание!

Boss Bottled Pacific е ограничено издание во најуспешната колекција на Boss – Boss Bottled, мирис кој внесува нова енергија во колекцијата.

Мирис за вас!

Без оглед на приликата, во Boss Bottled колекцијата на парфеми можете да го пронајдете мирисот за вас.

Мирис за лето: Boss Bottled Pacific

Мирис за вечерно излегување: Boss Bottled Parfum

Мирис за секој ден: Boss Bottled Eau de Toilette

collections

- Реклама -

Чиста убавина – движење кое стана вирално! Чисти производи за убавина!

Healthy Mix Clean & Vegan фамилијата расте со три нови производи за чиста убавина

Чистата убавина или „природната убавина“ е движење кое стана вирално. Овозможувајќи да се грижите за себе и за планетата, чистите производи за убавина сега привлекуваат се повеќе и повеќе љубители на шминката, загрижени за здравјето на нивната кожа. Во срцето на чистата убавина се наоѓаат три клучни вредности: транспарентност, природно потекло и еколошка одговорност.

Поради тоа Bourjois ја збогати Healthy Mix Clean & Vegan фамилијата, со три нови производи. Тие овозможуваат да бидете убави, додека подобро се грижите за себе и за природата.

Healthy Mix Clean & Vegan фамилијата расте со три нови производи за чиста убавина

Healthy Mix Clean & Vegan фамилијата расте со три нови производи!

Прајмер! Bourjois Healthy Mix Clean & Vegan Primer

Дали соодветно го подготвувате лицето за нанесување на шминка? Пронајдов многу значаен производ за шминкање, основа за лицето од која се започнува.

Новиот Healthy Mix Clean & Vegan прајмер, навистина е многу потребна база за шминка, за природно сјаен тен! Овој прајмер ја корегира и подобрува текстурата на кожата и ја подготвува за нанесување шминка. Истовремено ја продолжува нејзината долготрајност.

Healthy Mix Clean & Vegan прајмерот е составен од состојки од природно потекло. Благодарение на природната и чиста формула на оваа веганска подлога, збогатена со витамините Ц, Е и Б5, ќе уживате во хидратација, удобност и долготрајност.

Прајмер Bourjois Healthy Mix Clean & Vegan Primer

Прајмерот доаѓа во една универзална нијанса која се прилагодува на сите тонови на кожа за беспрекорен завршеток.

И вие можете да ја откриете тајната на природно убавиот тен преку оваа веганска подлога која го сублимира вашето лице со едноставен гест.

чиста убавина

Коректор! Bourjois Healthy Mix Clean & Vegan Concealer

Сакате да ги избришете сите знаци на замор? Во потрага сте по коректор кој совршено ќе се вклопи со вашата кожа и веднаш ќе ги елиминира знаците на замор?

Новиот хидратантен коректор Healthy Mix Clean & Vegan со неговата течна текстура многу успешно ги покрива темните кругови, знаците на замор и несовршеностите на лицето. Воедно дава блескав тен на кожата.

Коректор Bourjois Healthy Mix Clean & Vegan Concealer

Вегански и чист, коректорот е направен од состојки од природно потекло. Благодарение на комплексот од витамини Ц, Е и Б5, коректорот Healthy Mix Clean & Vegan обезбедува сјаен, блескав изглед на кожата и гарантира хидратација до 24 часа.

чиста убавина

Компактна пудра! Bourjois Healthy Mix Clean & Vegan Natural Mattifying Compact Powder

Дали ви треба мејкап производ кој ќе го избрише заморот од вашето лице и ќе ви даде свежина на кожата на лицето?

Ви ја откривам Healthy Mix Clean & Vegan Natural Mattifying компактната пудра која на неверојатен начин ги брише сите знаци на замор!

Природната компактна, матирачка пудра со чиста и веганска формула е составена од состојки од природно потекло. Неговата екстра-мека текстура ги матира и прикрива несовршеностите за сјајно свеж тен.

Компактна пудра Bourjois Healthy Mix Clean & Vegan Natural Mattifying Compact Powder

Комплексот од витамини Ц, Б5 и Е придонесува природната компактна пудра за матирање да ја продолжи издржливоста на шминката со видлив ефект против замор во текот на целиот ден.

Компактна пудра Bourjois Healthy Mix Clean & Vegan Natural Mattifying Compact Powder

Благодарение на вграденото огледало и сунѓер кои се вклучени во пакувањето – под природниот матирачки прав, компактната пудра можете да ја носите секаде со себе. Практично ќе го имате овој бесценет мејкап производ секогаш во вашата чанта!

чиста убавина

- Реклама -

Нова редизајнирана тоалетна вода! Armani Code Eau de Toilette

Armani Code Eau de Toilette 2023 visual

Giorgio Armani со многу големи очекувања ја лансира новата тоалетна вода Armani Code. Конечно, култниот мирис од 2004 година е заменет со ново Eau de Toilette издание, но и со нов дизајн. До ова лансирање, видовме различни Armani Code мирисни изданија, но досега ниту едно од нив не беше идентично по име и концентрација со оригиналот.

Шишето на новата тоалетна вода изгледа идентично како последното парфемско Code издание – Armani Code Parfum, затоа бидете внимателни и прочитајте ја концентрацијата на шишето за да избегнете забуна.

Новата тоалетна вода е посвежа од парфемот и не ја повторува неговата композиција, ниту ја следи оригиналната формула од 2004 година.

Armani Code Eau de Toilette

Armani Code Eau de Toilette

Иконскиот мирис влегува во нова ера!

Giorgio Armani со лансирањето на иконскиот машки мирис Armani Code Eau de Toilette влегува во нова ера. Оваа килибарна дрвенеста колонска вода никогаш не престанува да создава расположение на заводлива и чувствителна мажественост што го одразува модерниот маж што гледа во иднината.

Rege Jean Page

Мирисот е одраз на суштината на развиената и модерна мажественост. Најмногу поради неговото иновативно и импресивно шише, новата мирисна композиција и посветеноста кон одржливоста со можност за надополнување.

flacon which is refillable

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Armani beauty (@armanibeauty)

Мирис исполнет со волшебни контрасти!

Супер есенција на зелена мандарина!

Armani Code Eau de Toilette се отвора со светли цитрусни ноти кои вибрираат со зелената мандарина од Калабрија. Оваа супер есенција се екстрахира со помош на процес на молекуларна дестилација. На тој начин се создава рафинирана нота со свеж, блескав ефект.

Срце од лаванда!

Срцето на мирисот е креирано од лаванда, одржливо добиена од Прованса. Таа на мирисот му дава модерни и ароматични аспекти со магнетен ефект. Нотата се добива преку парна дестилација и фракционирање, со што се зајакнуваат моќните ароматични и цветни аспекти на лавандата.

Armani Code Eau de Toilette ingredients

Тонка зрно и срце од кедрово дрво!

Основата е дефинирана со две ноти, од кои секоја го претставува потписот на мирисот Armani Code – Tonka Bean Absolute и Cedarwood Heart. Тонка зрното носи топол, сензуален ефект кој во комбинација со дрвенестата сила на срцето од кедрово дрво, создава интензивна, но утешна трага. Armani Code Eau de Toilette a bottle Armani Code Eau de Toilette a bottle and a package

- Реклама -

Добро позната трајност во ново пакување! Rimmel Lasting Provocalips

Rimmel London Lasting Provocalips Lipstick visual

Ги пронајдов Rimmel Provocalips долготрајните течни кармини, сега со ново име Lasting Provocalips. Пристигнаа во ново издание на кое нема да можете да им одолеете! Со новите Provocalips кармини ќе можете да го обоите вашето расположение во неодоливи бои.

Rimmel Lasting Provocalips Lipstick Provocalips to Lasting Provocalips

Rimmel visual

Подигнете ги рацете ако веќе сте ги пробале Provocalips кармините!

Lasting Provocalips се течни кармини со бескрајна боја и влажност. Нудат исклучителна удобност и интензивна пигментација. Тоа е комбинација од интензивна боја и пријатен хидратантен балсам, збогатен со сончогледово масло што ги прави усните меки и хидрирани во текот на денот. Кармините Provocalips ги прават вашите усни супер нежни.

Rimmel Lasting Provocalips течен кармин

Ќе постигнете 16 часа бескрајна боја!

Кармините оставаат боја отпорна на допир, што значи дека се отпорни на бакнежи и храна, а се отстрануваат само кога вие ќе посакате. Долготрајната боја не се размачкува, не остава грутки и не ги суши усните. Дава сјај, хидратација и мекост која трае до 16 часа.

Rimmel Lasting Provocalips ги поседува сите наведени карактеристики и достапен е во неколку тренди нијанси. Која е вашата омилена?

Rimmel Lasting Provocalips Lipstick

Како изгледа нанесувањето на Lasting Provocalips? Внимавајте како го нанесувате!

Нанесувањето е прецизно и лесно во 2 чекори, со хидра-балсам за навлажнување и финиширање на вашиот изглед.

Чекор #1 Најпрво се нанесува бојата започнувајќи од центарот на усните кон краевите. Се остава да се исуши со одвоени усни околу 60 секунди.

Чекор #2 Потоа се нанесува хидратантниот балсам како завршен слој за да ја „фиксирате“ бојата. Со тоа ќе добиете долготрајност, винилен ефект и ултра удобност при носењето.

Еве зошто нема да можете да одолеете на новото издание на Lasting Provocalips карминот:

#1 Долготрајна боја отпорна на допир,

#2 Отпорен на храна, пијалоци и бакнежи,

#3 Пријатно чувство на хидрираност до 16 часа,

#4 Завршен слој кој ги негува усните,

#5 Збогатен со масло од сончогледово семе.

течен кармин за усни со балсам Provocalips течен кармин за усни со балсам

- Реклама -

Најнови објави